Нов Телевизор

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
Овој што го менувам е LG FHD 1080p 32ka од 2016. Тогаш со таква замисла бев, дај повеке пари да гледаш подобра слика, подолго.
За малку. Се расипа на 2риот месец после гаранцијата, едвај го спасија да не купувам нов, низ панелот се гледаше појако и послабо светло, значи нит беше долготраен, нит гледав добра слика во поголемиот дел од времето.

Не велам дека сите се такви, но ете пример дека и тие "скапите, јаките" и не се толку wow
Нема врска тоа. Ти прегорела задната ламба, што за тие години на ЛГ е позната појава. И на мене ми се зезна задната ламба на LG од 2017 па ја сменија за 3500 денари.

Сеедно е кој ќе го земеш телевизор. Денес сите екрани доаѓаат од Кина пошто тој ланец на достава и организација и цена, ниедна друга земја не може да го надјебе и да биде со нив конкурентна во поблиска иднина.

Заради таа причина боље би земал Hiesence
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Здраво друштво

Барам препораки, искуства со поефтините телевизори околу 43 инчи. Ми треба искрено мисење, порано сте ми помогнале, ајде сега пак :)

Ако не е ок темата, се извинувам.

Поздрав!

п.с.Ме интересира кој бренд освен Сони, ЛГ, Самсунг, Филипс би бил добар
Hisense.Потсети се кој почна прв да дава 5 години гаранција на телевизорите во Македонија.Ако не се појавеше фирмата сите останати уште ќе даваа по 2 години.Дома имам 39 инчен 4 година и сега за сега без проблеми.
Автоматски споено мислење:

Фала ви на сите за препораките!

За сега по коментарите окото ме влече накај TCL гледам ги има во Setek.
Оставам уште некој ден да размислам и споредам, па ќе видам.

п.с. мини Лед нема 43ка, се се поголеми од 50+ инчи (барем моментално во понудата на сетек)
И со TCL нема да згрешиш.Пред да купам Hisense втор опција ми беше ама немаше 39 инчен и затоа го земав другиот.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Нема добар телевизор, се е ѓубре.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Panasonic imam deset godini, odlicna slika i ednas ne e rasipan.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Нема врска тоа. Ти прегорела задната ламба, што за тие години на ЛГ е позната појава. И на мене ми се зезна задната ламба на LG од 2017 па ја сменија за 3500 денари.

Сеедно е кој ќе го земеш телевизор. Денес сите екрани доаѓаат од Кина пошто тој ланец на достава и организација и цена, ниедна друга земја не може да го надјебе и да биде со нив конкурентна во поблиска иднина.

Заради таа причина боље би земал Hiesence
и ти легна на брашното, мејд ин Чајна е новото Мејд ин Џерманистан.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.585
не се замарај со тоа, гледај да ти е океј цената. Кинеските се 10 пати подобри од елџи
Нема левел за тебе колку си загреота. Едно време се глупираше со рачни часовници како кинезаријата била подобра од Ролекс, ТАГ и компанија. Малку ти беше па и тука почна да се глупираш
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Нема левел за тебе колку си загреота. Едно време се глупираше со рачни часовници како кинезаријата била подобра од Ролекс, ТАГ и компанија. Малку ти беше па и тука почна да се глупираш
па е подобра, Кинезите се светлосни години пред све друго, и за све, мора да се признае. Останата е само сентименталноста према некои западни лајна. Али и тоа ќе се смени.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.585
па е подобра, Кинезите се светлосни години пред све друго за све мора да се признае. Останата е само сентименталноста према некои западни лајна. Али и тоа ќе се смени.
Кои се тие подобри кинески брендови може да наброиш некој? :) Мислам океј е да навиваш и завземаш некоја страна, ама реалноста ти е слаба точка и тоа одамна
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
Кои се тие подобри кинески брендови може да наброиш некој? :) Мислам океј е да навиваш и завземаш некоја страна, ама реалноста ти е слаба точка и тоа одамна
ти си нереален, прозападна труба. Хајсенс и ТЦЛ се најдобри брендови ако сакаш ефтин а убав телевизор. Кина е машината на овој свет. Да не прави она, светот ќе застане.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.585
ти си нереален, прозападна труба. Хајсенс и ТЦЛ се најдобри брендови ако сакаш ефтин а убав телевизор. Кина е машината на овој свет. Да не прави она, светот ќе застане.
Штом Хајсенс и ТЦЛ за тебе се врв на технологија, се гледа кај ти е паметот :pos:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Нема добар телевизор, се е ѓубре.
Зборуваме за новата технологија што е помало гајле за сервис а ако зборуваме за квалитет тогаш јас би одел на CRT 72 слика во слика со Тошиба екран и 20 години рок на траење но за жал тоа веќе не се произведува.
Автоматски споено мислење:

Panasonic imam deset godini, odlicna slika i ednas ne e rasipan.
Тоа за жал веќе не се произведува.
Автоматски споено мислење:

Кои се тие подобри кинески брендови може да наброиш некој? :) Мислам океј е да навиваш и завземаш некоја страна, ама реалноста ти е слаба точка и тоа одамна
Тоа што се Hyundai и Kia моментално во автомобилската индустрија Hisense и Tcl се во тв индустријата проста споредба.Не заборавај дека позади најдобрите кинески брендови стојат поранешни инженери од американски брендови кои од разни причини смениле дрес.
Автоматски споено мислење:

Нема левел за тебе колку си загреота. Едно време се глупираше со рачни часовници како кинезаријата била подобра од Ролекс, ТАГ и компанија. Малку ти беше па и тука почна да се глупираш
Во тој сегмент сега за сега Кинезите се многу назад од Швајцарците.Во најдобар случај можат да им се приближат на јапански брендови како Seiko,Citizen,Orient,Casio и ништо повеќе.
 
Последно уредено:

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
608
Поени од реакции
448
Hisense за Европа дел се прават во Gorenje Слвоенија, дел се прават во Gorenje Ваљево. :ROFLMAO:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Hisense за Европа дел се прават во Gorenje Слвоенија, дел се прават во Gorenje Ваљево. :ROFLMAO:
Тоа не е мерило дали ќе има разлика во квалитет или не.Разликата во електрониката може да ја има само онаму каде се произведуваат микрочипови, процесори,кондензатори,отпорници и слично а не каде што готовите плочи со залемени делови или тв шасии само се поврзуваат со кабли,заштрафуваат на куќиштето и пакуваат во кутии исто како што фирми кај нас склопуваат компјутери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom