Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.666
Какви саат два, ако си ја прател ситуацијата и ти се познати фактите доволно се 5-10 минути да скоцкаш пост.
Праќани се сто пати извештаи на Обедените Нации во кои имаш црно на бело за 6 милиони Украинци кои емигрирале во Европа. Русија прими 2+ милиони бегалци и на ова додади ги тие што живеат во окупираните региони.

Знам дека си љубител на нацизмот па нема ни да влегувам во оваа дискусија со тебе.
И не реков 1 милион загинати.
А со колку војска нападнала Русија имаш изјава од пред некој ден на Сирски.
А дали ти тоа си за комунизмот... а и јас, бидејќи во конкретниов случај ја оправдувам реакцијата на Русија...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.839
Поени од реакции
34.085
Види, многу работи не се знаат, ама го знаеме исходот, тоа е сигурно.
А тоа е дека кратко после иницијалниот напад, војната се претвори во рововска војна, што сигурно не било планирано.
За што служел нападот на Киев, дали тоа било генијалност, може да се убедуваме колку сакаш, ама исходот воопшто не беше добар ни кај Киев, ни на јужниот фронт.
Кој вели дека не било планирано?
И кој вели дека планот не бил со повеќе можни насоки?

Зошто дел од планот да не е предизвикување паника и изнудување брз мировен договор? Или ти заборави на ветувањата што претходеа на повлекувањето на север? И како тоа „исходот воопшто не бил добар на јужниот фронт“, кога Русите тек кај Николаев беа запрени и тоа одвај (а и за тоа има интересни теории).
Автоматски споено мислење:

Ќе врзувале Украинска војска со воздушен десант и брз продор со најелитните единици. Ок.
Не „ќе врзувале“ туку врзаа украинска војска. Дефакто и дејуре.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.061
Поени од реакции
9.451
Целава ситуција почна како СВО и се додека украинците не ги заебаа сите шанси за договор немаше Путин одвразни раце да анексира територии и тоа да биде со амин од Кина и остатокот од суверениот свет кој не е под контрола на англо-саксонците.
Постои одредена динамика на целиов процес и у секоја точка од времето Русија нешто губеше а нешто добиваше исто и со Украина како марионетска држава под тотална контрола на англо-саксонците односно окултната олигархија која владее таму.
Значи да заокружам за тиквите кои се без капацитет да ја видат целата слика.....Русија у целава игра стана лидер и ударна песница на ослободување од хегемонот, при тоа се започнати неколку процеси или поточно кажано убрзани, а тоа се дедоларизацијата, мултиполарен свет, слободна економија, САД ги губи оние ексклузивни права на контрола на трговијата по морињата и т.н.
Последица од се ова е економски раст и развој на Истокот и пропаст на Запад.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
А дали ти тоа си за комунизмот... а и јас, бидејќи во конкретниов случај ја оправдувам реакцијата на Русија...
Геополитички, барем од тоа што ни е презентирано, НАТО проширување, Мајдан, угнетување на руско-говорно население, неонацистичка идеологија, итн, разбирам зошто Русија ја изврши инвазијата и фактите се на нивна страна во тој контекст.

Иначе не ја оправдувам војната и сум против неа. Според мене Украинците и Русите кои гинат во рововите немаат никаква корист од војната иако многумина мислат дека имаат, а војуваат за интереси на други, не за своите. Да не зборам за уништените градови и села и убиени цивили

Едниве ги викаат другите "орки", а другите ги викаат "свињи". А станува збор за "два" народа со 99% иста генетика, физиономија, и говорат на ист/сличен јазик.
Тешки глуперди.

За комунизам не сум.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Не „ќе врзувале“ туку врзаа украинска војска. Дефакто и дејуре.
Дефакто и дејуре Руската офанзива на југот беше запрена, Украинците извршија 3 офанзиви од кои 2 успешни и оттогаш фронтот не е мрднат. 2 години рововска војна.
Great success.

Во кој учебник е внесено ова?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.839
Поени од реакции
34.085
Едниве ги викаат другите "орки", а другите ги викаат "свињи". А станува збор за "два" народа со 99% иста генетика, физиономија, и говорат на ист/сличен јазик.
„Демонизација“ е нешто што се прави во секоја војна, за противникот да се дехуманизира и нормални луѓе да се натераат да убиваат други нормални луѓе.


Дефакто и дејуре Руската офанзива на југот беше запрена, Украинците извршија 3 офанзиви од кои 2 успешни и оттогаш фронтот не е мрднат. 2 години рововска војна.
Great success.
По истите нормативи и Атила камшикот божји бил „запрен“ некаде во западна Европа... Не значи дека фактот што дошол до таму не е неверојатен успех.
Автоматски споено мислење:

Дефакто и дејуре Руската офанзива на југот беше запрена, Украинците извршија 3 офанзиви од кои 2 успешни и оттогаш фронтот не е мрднат. 2 години рововска војна.
Great success.
Е и главната поента што ја спинуваш - лажњакот кон Киев на Украинците им одвлече луѓе од југоисточниот фронт. Сеедно потоа колку офанзиви имале Украинците, пошто за лажњакот кон Киев зборуваме.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
По истите нормативи и Атила камшикот божји бил „запрен“ некаде во западна Европа... Не значи дека фактот што дошол до таму не е неверојатен успех.
Што е неверојатен успех? Бахмут и разно разни села?

Пред две години тука се палевте со статии дека Русија за две до три недели може да стигне до германската граница.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
По истите нормативи и Атила камшикот божји бил „запрен“ некаде во западна Европа... Не значи дека фактот што дошол до таму не е неверојатен успех.
Одлична споредба (како и секогаш од твоја страна).
Ајде сега примени ја истата логика и кажи како е тоа "неверојатен" успех кај Русите.
лажњакот кон Киев на Украинците им одвлече луѓе од југоисточниот фронт.
Заглавија во рововска битка и Украинците имаа две успешни офанзиви.
Кој црн лажњак?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Одлична споредба (како и секогаш од твоја страна).
Ајде сега примени ја истата логика и кажи како е тоа "неверојатен" успех кај Русите.

Заглавија во рововска битка и Украинците имаа две успешни офанзиви.
Кој црн лажњак?
Чекаме да завршат со мемињата и да кажат какви фантастични резултати донесол лажњакот. Може Одеса ја имаат освоено ама не знаеме, па се чека моментот таква бомба да се објави по медиуми.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
Види, многу работи не се знаат, ама го знаеме исходот, тоа е сигурно.
А тоа е дека кратко после иницијалниот напад, војната се претвори во рововска војна, што сигурно не било планирано.
За што служел нападот на Киев, дали тоа било генијалност, може да се убедуваме колку сакаш, ама исходот воопшто не беше добар ни кај Киев, ни на јужниот фронт.
Чекај малце, немале добри разознавачки информации, во држава каде што има 10+ милиони Руси, па затоа направиле фатална грешка и нападнале на Север. Во меѓувреме, на север влегуваат речиси и без отпор. Аеродромот го завземаат за еден саат. И цела приказна се врти околу Киев и тие фамозните заглавени конвои од десетици и десетици километри, на 50-100 километри од граница. Додека на Југ, без никакви логистички проблеми го споија Крим со копното. И во моментот кога се ослободи целосно Мариопол. Се повлекоа од секаде на север. За какви офанзиви збориме, кога Русите се повлекоа и од Изум и од Суми и од Буча и од Керсон, а Украинците воопшто не ни помислија да влезат неколку дена. Или ако под офанзива рачунаш напуштено место.

Што ги коштало Русите со сите 9к војници кои учествувале на север, да го бранат клинот од Чернобил до Буча, уште во првиот ден од војната, ако нели не било маскировка? Со 9к војска, на 50 километри од Руска граница, и ден денеска Украинците немаше да ја завземат Буча. Еве ако не веруваш, види што се случуваше во Кринки. Што ги кошташе Русите да го задржат Изјум, Суми, Купјанск, Красни Лиман, Керсон? Дали мислиш дека градовите можат да се завземат за еден ден, како што Украинците те лажат? Нема тука завземени градови, има само планирано повлекување на Руската војска, на повеќето места, денови пред воопшто Украинците дојдат и блиску до овие градови (Суми, Буча, Керсон). Во овие градови има уништено по 2-3 згради, додека во места кај што се водела вистинска војна, нема читава, ниедна зграда ниедна куќа. Како тоа ги освојувале Украинците овие градови? Со молби можда...

Северот е маскировка, нема никаква индикација дека северот е нешто повеќе од тоа. Секој стронгхолд се избегнува и заокружува, нема скоро никакви битки освен ситни препуцавања, додека во исто време вистинска војна гледаме во Мариопол.


Што е за тебе ровововска војна? Ако алудираш на војна која сличи на прва светска војна, тогаш многу се лажеш. Воопшто во војнава нема масовни напади на ровови. Има само тешки бомбардирања и обиди да се завземат stronghold-и. Нема воопшто никаква офанзива, која наликува на прва светска војна. Едноставно и Русите и Украинците имаат поставено повеќеслојни одбранбени периметри на постоечките позиции и Русите со тешки бомбардирања освојуваат полека простор. Единствена офанзива после првата Руска офанзива е Украинската офанзива во Роботино, која заврши како што заврши, а почна со мајнсет сличен на твојот „Русите се глупи, ќе ги видат Бредлињата и ќе избегаат“. Телено несумјас буквално со овие зборови ги најавуваше бредлињата. Роботино и слика и прилика што значи да ги потцениш Русите.

Во ваква една војна, контролата ја држи оној кој има повеќе воени средства, наместо да навлегува и да ја изложува логистиката на големи дестинации, а со самото тоа и саботажи, Русија дефакто води војна од своја територија. Нема реална потреба Русија да се поставува на стратешки позиции, поентата е да се има поголем број на артилерија, повеќе свежи трупи, повеќе дронови, за да се уништи што е можно повеќе техниката и људството на противникот. Кога Украина ќе доживее пораз, Русија само ќе продефилира низ Украина. Или па кога ќе реши да направи некоја нова маневарска офанзива, тогаш ќе се укотви на нови позоции.

Во моментов не гледам ниту еден лош момент за Русија, ниту на воено поле, ниту во техника, ниту во економија, ниту во подршка кај народот за СВО. Русија има доминација во сите сегменти, наспроти Украина која позади себе целосно го има западот.

Значи јас не викам дека Русија го прави ова што го прави од некаква си ароганција или затоа што и се може. Туку едноставно Русија одлучила да ја води вака споро војната, поради стратешко-политички причини и заради расположливи ресурси (претежно човекови). Со брза војна, Русија може и ќе ја освоеше Украина, но ќе имаше проблем со герила. Рачунај дека Зеленски подели само во Киев 18К калашњикови. Второ, Русија имаше ограничен број на војници за СВО, околу 200К. Според мене, не се спремале интензивно, дека доколку спремале повеќе војници, западот секогаш би открил и тогаш изненадувањето ќе отпаднеше. Значи Русија ја води војната според расположливите човечки ресурси. Последните 3 години интензивно ја качува бројката на активни војници и можеби набрзо ќе видиме уште една офанзива.

Околу корупцијата. Мислам дека да кажеш дека Руската војска или Руските офицери се копрумприрани е тешка глупост и тресење зелени без да се размисли. Еве да направиме споредба, помеѓу Америчка и Руска војска. На пример ако во Америчката војска има корупција, па ќе му се суди, па кур се тресе, како типот кој издавал тајни, ќе си лежи 2-3 години во затвор и кур го боли, ќе си ги арчи парите од Русите и Кинезите кога ќе искочи од затвор. Додека во Русија, ако те фатат дека си корумпиран, ојде главата, буквално.... Е сега види стај се во нивна кожа и кажи ми, дали би бил корумпиран во Русија или во САД?

Значи цел муабет тука, поготово на прозападниот табор, мада кај повеќето и кај прорускиот табор, се темели на предрасуди кои базично ја подценуваат Руската нација и ги претставуваат Русите како малоумни, корумпирани, неинтелегентни, и така натака ....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.839
Поени од реакции
34.085
Заглавија во рововска битка и Украинците имаа две успешни офанзиви.
Кој црн лажњак?
Тој лажњак кај Киев.


Ајде сега примени ја истата логика и кажи како е тоа "неверојатен" успех кај Русите.
Неверојатен успех е за Атила камшикот божји, и он бил „сопрен“ некаде во западна Европа (или поверојатно му здосадило и сам се свртил назад).
Русите имаа успех што го освоија голем дел од крајбрежјето на Украина. За тој успех беше барем делумно заслужно и тоа што пратија војска и техника накај Киев... Заради лажњакот (маскировката) на Русите.
Автоматски споено мислење:

Навистина не поминува подолго од месец дена без барем еднаш да се навратите на лажњакот кај Киев, и/или за „успешните“ офанзиви на Украина... Kaко расипана плоча сте, ама ваљда треба да ве разбреме пошто ништо друго (макар малку добро) не ви останува да пишувата со развојот на војната. :)
Автоматски споено мислење:

И во моментот кога се ослободи целосно Мариопол. Се повлекоа од секаде на север.
Уште еден момент за во учебници, западните немаат ништо приближно брзо освоено во модерниве војни, а да било утврдено и брането како Мариупол.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Со брза војна, Русија може и ќе ја освоеше Украина, но ќе имаше проблем со герила.
Јамајка, ајде биди реален, од сите овде навистина нема смисла.
Навивањето е една работа, ама реалноста е друга.
Имам пишано којзнае колку пати наназад, победа на Русија е посакувано нешто, барем за нас тука и општо за светот. Ама не можеме да измислуваме работи комплетно игнорирајќи ја реалноста.

Нема страна што би сакала да води долга и бавна војна, особено рововска.
Тука ангажираш огромни ресурси, се префрлаш бавно на воена економија, страда се останато. И победата е знак прашалник. Нема некој во историјата на кого му одговара таква војна.

Русите од денешна гледна точка, се би дале да водат герила војна.
Тогаш се справуваш со непријател што има само лесни оружја. Ангажираш луѓе од освоените територии да се борат за тебе. Непријателот нема никаква логистика. Не може да биде снабден со оружје од надвор. Имаш целосна контрола над територијата.

Од другата страна, како што е сега, имаш непријател чија логистика е непрекината, константно поддржан и вооружуван од трети страни, со секаков тип на тешки оружја кој го има целиот човечки потенцијал на своја страна.
Те молам кажи ми, како е полоша герила отколку моменталнава рововска војна?

За нападот на Киев, (заедно со @Vanlok ) пак прашањето е, зошто правеа воздушен десант и брз продор, ако само еден месец подоцна заглавија во рововска војна и 2 успешни офанзиви на Украинците?
Каков лажњак е тоа?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.839
Поени од реакции
34.085
За нападот на Киев, (заедно со @Vanlok ) пак прашањето е, зошто правеа воздушен десант и брз продор, ако само еден месец подоцна заглавија во рововска војна и 2 успешни офанзиви на Украинците?
Каков лажњак е тоа?
Каква врска постоењето на лажњакот/маскировката со има тоа што месеци потоа војната се развива во позициона одбрамбена војна на истрошување? Зошто не би можело да е точно (милионити пат ти повторувам) дека при нападот на север и Киев една опција е брз договор за мир ако испаничат Украинците и нивните хендлери, друга опција е влечење на луѓе и техника од југоистокот и полесен продор таму.

Првото не се случи, второто се случи. Секој добар план мора да предвидува и повеќе моменти од само два.
И крајно - зошто мислиш дека баш ти точно знаеш кои биле целите на тој момент на војната? Кои аргументите дека твоето е точно, она истото „Русите се глупи/неспособни“? Зошто тогаш западните ја губат војнава? Како воопшто мислиш дека е возможно западните конвенционално да ја добијат војната. Ете настрана MAD сценаријата


Нема страна што би сакала да води долга и бавна војна, особено рововска.
Тука ангажираш огромни ресурси, се префрлаш бавно на воена економија, страда се останато. И победата е знак прашалник. Нема некој во историјата на кого му одговара таква војна.
Кој би сакал да војди војна на истрошување?
Тој што смета дека може да победи во таква војна.


Другото ти се куп (уште по)големи глупости. Си правиш пресумпции, и ги „анализираш“ со чудење зошто е тоа така.

Најпосле во војнава само едната страна има постојани иновации во воена техника. Пази - зборуваме за иновации - не импровизации. Зарем е чудно што победуваат?
На пример:

 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Бидејќи е актуална Олимпијадата (претходно и еден куп разно други натпреварувања), а таму ги нема Русија и Белорусија, а ги има на пример Северна Кореја, Еритреја и еден куп држави за кои што никој не слушнал.... Што мислат поддржувачиве на Русија на форумов, какво е чувството толку голема и "моќна" држава да е целосно исклучена од светот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom