Види, многу работи не се знаат, ама го знаеме исходот, тоа е сигурно.
А тоа е дека кратко после иницијалниот напад, војната се претвори во рововска војна, што сигурно не било планирано.
За што служел нападот на Киев, дали тоа било генијалност, може да се убедуваме колку сакаш, ама исходот воопшто не беше добар ни кај Киев, ни на јужниот фронт.
Чекај малце, немале добри разознавачки информации, во држава каде што има 10+ милиони Руси, па затоа направиле фатална грешка и нападнале на Север. Во меѓувреме, на север влегуваат речиси и без отпор. Аеродромот го завземаат за еден саат. И цела приказна се врти околу Киев и тие фамозните заглавени конвои од десетици и десетици километри, на 50-100 километри од граница. Додека на Југ, без никакви логистички проблеми го споија Крим со копното. И во моментот кога се ослободи целосно Мариопол. Се повлекоа од секаде на север. За какви офанзиви збориме, кога Русите се повлекоа и од Изум и од Суми и од Буча и од Керсон, а Украинците воопшто не ни помислија да влезат неколку дена. Или ако под офанзива рачунаш напуштено место.
Што ги коштало Русите со сите 9к војници кои учествувале на север, да го бранат клинот од Чернобил до Буча, уште во првиот ден од војната, ако нели не било маскировка? Со 9к војска, на 50 километри од Руска граница, и ден денеска Украинците немаше да ја завземат Буча. Еве ако не веруваш, види што се случуваше во Кринки. Што ги кошташе Русите да го задржат Изјум, Суми, Купјанск, Красни Лиман, Керсон? Дали мислиш дека градовите можат да се завземат за еден ден, како што Украинците те лажат? Нема тука завземени градови, има само планирано повлекување на Руската војска, на повеќето места, денови пред воопшто Украинците дојдат и блиску до овие градови (Суми, Буча, Керсон). Во овие градови има уништено по 2-3 згради, додека во места кај што се водела вистинска војна, нема читава, ниедна зграда ниедна куќа. Како тоа ги освојувале Украинците овие градови? Со молби можда...
Северот е маскировка, нема никаква индикација дека северот е нешто повеќе од тоа. Секој стронгхолд се избегнува и заокружува, нема скоро никакви битки освен ситни препуцавања, додека во исто време вистинска војна гледаме во Мариопол.
Што е за тебе ровововска војна? Ако алудираш на војна која сличи на прва светска војна, тогаш многу се лажеш. Воопшто во војнава нема масовни напади на ровови. Има само тешки бомбардирања и обиди да се завземат stronghold-и. Нема воопшто никаква офанзива, која наликува на прва светска војна. Едноставно и Русите и Украинците имаат поставено повеќеслојни одбранбени периметри на постоечките позиции и Русите со тешки бомбардирања освојуваат полека простор. Единствена офанзива после првата Руска офанзива е Украинската офанзива во Роботино, која заврши како што заврши, а почна со мајнсет сличен на твојот „Русите се глупи, ќе ги видат Бредлињата и ќе избегаат“. Телено несумјас буквално со овие зборови ги најавуваше бредлињата. Роботино и слика и прилика што значи да ги потцениш Русите.
Во ваква една војна, контролата ја држи оној кој има повеќе воени средства, наместо да навлегува и да ја изложува логистиката на големи дестинации, а со самото тоа и саботажи, Русија дефакто води војна од своја територија. Нема реална потреба Русија да се поставува на стратешки позиции, поентата е да се има поголем број на артилерија, повеќе свежи трупи, повеќе дронови, за да се уништи што е можно повеќе техниката и људството на противникот. Кога Украина ќе доживее пораз, Русија само ќе продефилира низ Украина. Или па кога ќе реши да направи некоја нова маневарска офанзива, тогаш ќе се укотви на нови позоции.
Во моментов не гледам ниту еден лош момент за Русија, ниту на воено поле, ниту во техника, ниту во економија, ниту во подршка кај народот за СВО. Русија има доминација во сите сегменти, наспроти Украина која позади себе целосно го има западот.
Значи јас не викам дека Русија го прави ова што го прави од некаква си ароганција или затоа што и се може. Туку едноставно Русија одлучила да ја води вака споро војната, поради стратешко-политички причини и заради расположливи ресурси (претежно човекови). Со брза војна, Русија може и ќе ја освоеше Украина, но ќе имаше проблем со герила. Рачунај дека Зеленски подели само во Киев 18К калашњикови. Второ, Русија имаше ограничен број на војници за СВО, околу 200К. Според мене, не се спремале интензивно, дека доколку спремале повеќе војници, западот секогаш би открил и тогаш изненадувањето ќе отпаднеше. Значи Русија ја води војната според расположливите човечки ресурси. Последните 3 години интензивно ја качува бројката на активни војници и можеби набрзо ќе видиме уште една офанзива.
Околу корупцијата. Мислам дека да кажеш дека Руската војска или Руските офицери се копрумприрани е тешка глупост и тресење зелени без да се размисли. Еве да направиме споредба, помеѓу Америчка и Руска војска. На пример ако во Америчката војска има корупција, па ќе му се суди, па кур се тресе, како типот кој издавал тајни, ќе си лежи 2-3 години во затвор и кур го боли, ќе си ги арчи парите од Русите и Кинезите кога ќе искочи од затвор. Додека во Русија, ако те фатат дека си корумпиран, ојде главата, буквално.... Е сега види стај се во нивна кожа и кажи ми, дали би бил корумпиран во Русија или во САД?
Значи цел муабет тука, поготово на прозападниот табор, мада кај повеќето и кај прорускиот табор, се темели на предрасуди кои базично ја подценуваат Руската нација и ги претставуваат Русите како малоумни, корумпирани, неинтелегентни, и така натака ....