Зошто газдите се стиснати?

Член од
16 јули 2021
Мислења
319
Поени од реакции
665
Е па ти само што го кажа решението, нема што тука да измислуваме топла вода. Ако и во денешно време некој така си дозволува да игра со народот него никој жив нема да го смени, едноставно членов нека му каже нека се ЕБЕ со некој непалец, и чао пријатно, и нека си бара друга работа, со кретен не може поинаку. Исплукај го во суарт бркај работа.
Теоретски ми се свиѓа, но на практика уште не јаде тоа ти ќути си, друг нека се буни, нема везе што тебе те боли.
Тоа што рече некој член погоре, луѓе имаат деца/кредити итн, но најмногу со тоа си ја правдаат пасивноста, да не се конфронтираат со газда и да не бараат нова работа. Сепак земете предвид дека кај нас државата е најголем работодавец и (уште потрагично) најпосакуван. Што сакаш со 2/3 луѓе што се, или сакаат да се, у администрација, амбиција и подобрување на вештини? На нив идејата им е денес да се пијат неколку кафиња, да се каже дека се работело и оп плата, не ги занима повеќе.
Лестер е у право, но кога знаеш јазик/имаш скил и светот ти е на дланка, но у МК е различно. Работев продажби за странска фирма со Скандинавија, луѓето поштени имам интерес што нудиш, што ми нудиш мене, немам интерес чао пријатно. Ми рекоа земи префли да работиш со МК познаваш менталитет. И истото (работа по телефон), звониш на наши, па кај ви е канцеларија, па ај да частиш пијачка/ручек да размислам, па ово па оно, интерес за бизнис нула.
Работите во МК се постатични, и за вработен и за газди, па затоа и прогресот е побавен.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Samiot termin GAZDA, inaku dlaboko vtisnat vo podsvesta na Makedonecot uste od damnesni vreminja, e sinonim za nesto retrogradno, negativno I obremeneto so niza neregularnosti kon rabotnicite a I kon drzavata ( danoci, dozvoli itn).

Vo sovremeniot neo-liberalizam svetot go upravuvaat mokjni korporacii, pomokjni I od mnogu drzavi.
Plakaat nadprosecno, davaat mnogu benefits,pa duri sluzben avtomobil za privatno koristenje so full-oprema ama spremni se da ti ja zemat dusata bez pardon.

Kako primer, AMAZON, za tie vo logistika I da ne zboruvam, no i tie vo najbliskoto opkruzuvanje na Bezos, ne se mnogu srekjni. I toj e konceptot skoro sekade, korporativnata kultura e eden golem theatar nabildan so mnogu marketing I mnogu cesto so necovecki metodi na rabota.

Za gazdinstvoto od makedoski tip nemam namera da komentiram, tuka rabotite se dvizat mnogu sporo kon podobro.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.530
Поени од реакции
66.067
Да, пред 8-9 години, на интервју за работа во Куманово, станав и си заминав на сред интервју, кога сопственикот на компанијата каде што аплицирав за работа ми кажа дека има 2 барања, пред да почнам со работа, зашто беше второ и финално интервју:
  • Да биде ословуван со директоре, што ми беше сосема во ред, разумно и второто
  • Да сум бил послушен, за да може да команда со мене. Го замолив да повтори, и пак го кажа истото.
Ми се јави по 2-3 саати, за да праша зошто сум го напуштил интервјуто, сакале да ме вработат и му кажав дека со стока се командува, со узди, со луѓе се менаџира. Ми склопи веднаш :pos:
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
619
Поени од реакции
1.386
Да биде ословуван со директоре, што ми беше сосема во ред, разумно и второто
nema nesto pojezivo od ova koga ke ti postavi vakvo baranje, instantno dobivas vnatresno gadenje za licnosta. Kompleks na nizha vrednost, ej ja sum direktor mi se mozhe ke se ponasam kako sakam. Samo sto ne razbiraat deka pocitta se steknuva so tek na vreme a ne se dobiva odma.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.656
Не знам како може да ви каснат плати кога блокираат сметки, барем вакви работи мора да подмириш до 15ти
Ауф да знаеш само колку механизми има за ова и да си останат неблокирани, ееехееее. Еден мој близок работи во фирма со преку 200 вработени, нема да ја именувам фирмата, и плата зима на 3 дела, едниот дел е минималец, другиот дел е дополна, а третиот дел е на сметка на мајката на мојов близок која е пријавена како хигиеничар во фирмата на некојси договор на дело со 2 саати дневно или нешо така, а уствари мајкава никад нема стапнато во фирмата ниту пак има некаква врска со тоа. И сево ова за да се избегнат придонесите, за мајкава мислам не плаќаат никаков придонес, за пријателов минималецот, каша попара едноставно. И да, забораив на моментот дека сето ова е нередовно платено, може да земе сега минималец за 6ти месец, а дополна за 1ви месец, па сеа ти види како функционира фирмата.

Муабетот ми е дека механизми има и си ги користат компаниите за жал. Исто и многу фирми се уште ја користат селската финта со К-15, исплати го минималецот на вработените и после на рака да ти го вратат.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217

Нajчеста фина за К-15 што ja користат, а за коja и ние работниците сме си криви, не те осигурува на цела договорена плата, те осигурува на минималец(пример 22500), а другите ти ги плаќа како хранарина или на рака (пример 12000-13000) и кога ќе доjде време за К-15 исплата, ти ги праќа тие дополнителни на сметка како К-15.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
И обичен работник да земеш и да го ставиш директор, за кратко време ќе се исфилма, ќе му се заарнат моќта и парите и ќе почне да ги малтретира послабите од него. Такви се луѓето едноставно. Работникот ги гледа нештата од еден аспект, газдата од друг. Веројатно некој middle man може пообјективно да каже.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Иницијално не сакав да идам во детали пошто реално тешко е да се објасни на некој што не почуствувал на своја кожа, а немам баш желба да се докажувам.

Ама еве ќе пробам да доловам некои работи и како работник и како работодавец.

Во глобала зошто е некој лош газда е тешко да се прецизира пошто причини може да има повеќе.

Прво што ми иде на памет се нереални очекувања. Како газда не треба да очекуваш дека вработениот би бил исто мотивиран и би се грижел за бизнисот како тебе.

Тоа е всушност твоја одговорност/проблем.

Второ би било генерална неукост и неможност за менаџирање на бизнис. Еден куп бизниси во Македонија функционираат со минимален профит и реално можеби подобро би било да престанат да делуваат.

Тука проблемот е многу покомплексен и ќе треба да напишам книга ама на кратко срање судство, срање администрација, можност за работење на сиво/црно и најверојатно ред други работи што не ми доаѓаат на памет.

Трето би било надоврзување на второто т.е нефункционална економија. Доколку има фер правила и можност за силна конкуренција самиот пазар ќе ги исфрли тие што се неспособни.

Самиот проблем со лоши услови за работа се сведува на тоа што работниците немаат избор за поквалитетни работни места.

Неодговорни/непродуктивни работници. Знам дека темава е зошто работодавците се лоши ама ова една од побитните причини. Како народ како целина сме неуки, некултурни, голем број од нас се неодговорни пропалици пијаници и што не.

Колку што работодавците знаат да заебат толку има има и работници што веднаш кога ќе им се укаже можност за злоупотреба го прават тоа.

П.С Толку имам енергија за сега можеби понатаму ќе дополнам нешто.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Ауф да знаеш само колку механизми има за ова и да си останат неблокирани, ееехееее. Еден мој близок работи во фирма со преку 200 вработени, нема да ја именувам фирмата, и плата зима на 3 дела, едниот дел е минималец, другиот дел е дополна, а третиот дел е на сметка на мајката на мојов близок која е пријавена како хигиеничар во фирмата на некојси договор на дело со 2 саати дневно или нешо така, а уствари мајкава никад нема стапнато во фирмата ниту пак има некаква врска со тоа. И сево ова за да се избегнат придонесите, за мајкава мислам не плаќаат никаков придонес, за пријателов минималецот, каша попара едноставно. И да, забораив на моментот дека сето ова е нередовно платено, може да земе сега минималец за 6ти месец, а дополна за 1ви месец, па сеа ти види како функционира фирмата.

Муабетот ми е дека механизми има и си ги користат компаниите за жал. Исто и многу фирми се уште ја користат селската финта со К-15, исплати го минималецот на вработените и после на рака да ти го вратат.
Проблемот го гледам во огромна мера и кај народот што прифаќа вакви работи, и ова во мкд е видливо на секое поле, не само во работа. Како ќе знае некој дека прават мајмунлаци, ако никој не пријавува?

Ако пријават, и не реагираат институциите, тогаш проблемот е во институција што замижала, но ако никој не пријавил тогаш вината е поделена и дури до поголем акцент на тој што прифатил такви услови.

Не е етички ни од едната, а ни од другата страна, и плус прекршокот е и од двете, станува збор за возрасни особи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.656
Проблемот го гледам во огромна мера и кај народот што прифаќа вакви работи, и ова во мкд е видливо на секое поле, не само во работа. Како ќе знае некој дека прават мајмунлаци, ако никој не пријавува?

Ако пријават, и не реагираат институциите, тогаш проблемот е во институција што замижала, но ако никој не пријавил тогаш вината е поделена и дури до поголем акцент на тој што прифатил такви услови.

Не е етички ни од едната, а ни од другата страна, и плус прекршокот е и од двете, станува збор за возрасни особи.
Двоен проблем има тука, едниот е што не пријавуваат вработените, а вториот е што и ако пријават голем број фирми се врзани како црева со надлежните органи и казна нема да има. Проблемот е највеќе во системот, затоа и луѓето се плашат да пријават.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.383
Поени од реакции
4.309
Проблемот го гледам во огромна мера и кај народот што прифаќа вакви работи, и ова во мкд е видливо на секое поле, не само во работа. Како ќе знае некој дека прават мајмунлаци, ако никој не пријавува?

Ако пријават, и не реагираат институциите, тогаш проблемот е во институција што замижала, но ако никој не пријавил тогаш вината е поделена и дури до поголем акцент на тој што прифатил такви услови.

Не е етички ни од едната, а ни од другата страна, и плус прекршокот е и од двете, станува збор за возрасни особи.
Прифаќаат луѓе што немаат избор, и гледаат да го истераат месецот. На запад не можеш никого вака да уценуваш, дури и да немал за леб. Некои луѓе се неписмени, некои се глупави, ама некои едноставно немаат избор. Јас ако пријавам нелегалност некаде, државата нема мене ниту да ме награди, ниту да ме заштити. Напротив, ако газдата е некој врскаџија, ќе го јадам јас повеќе отколку тој.

Не дека само во Македонија има мрзливи луѓе, неработници и пропалици. Поголем број такви се застапени во Германија, или било која друга земја. Ама кај нив е проблемот што ако работиш на минималец, колку толку имаш пристоен живот. Ако кај нас работиш на минималец, немаш за пристоен живот, и тука е разликата.

Избегавме скроз од темата, првичниот муабет зошто газдите се стиснати, а не дали има или нема работници. Сигурно сте читале во какви услови работат во маркети, во фабрики, во фирми приватни или што ти ја знам. Без регулативи, без соодветна заштита, без ред, без закони. Зошто, за да се заштедат уште 1000-2000 евра, на грбот на вработените, кои нема каде да се жалат, затоа што институциите не си ја работат работата.
 
Никаде не наградуваат за неправилност; секаде ќе треба да си бараш друга работа. Можеби не веднаш, но ќе ти најдат чаре да леташ од фирма (snitches get stitches).

Ете, на муабетот за темата ти пишав и претходно, такви биле и пред да станат газди. Има луѓе кои се расипуваат со пари, но мое мислење е дека најчесто таквите не ебавале жива сила ни пред да станат газди. На крајот од денот е понуда и побарувачка. Ако може да најде некој за 500 евра, не е луд да држи на работа друг што ќе му зема 800, ако и двајцата вработени имаат иста продуктивност и вештини.

Буквално секој од тука во даден момент во животот бил газда (кога барате некој да ви сработи дома, поправка на возило, па дури и кога некој друг ви прави кафе). Дали плаќате повеќе од тоа што ќе ви се испазари тој што ја нуди услугата? Ете, да ти направи купатило ќе чини 2000 евра, дали ти вадиш уште 200 евра да го почастиш мајсторот оти му било тешко дури работел, или му плаќаш 2000 евра колку што се испазарил и гледаш да ти се тргне од пред очи? Целата разлика на ваквите ситуации од таа на вработен е периодот на соработка; инаку и во двете ситуации за одреден надоместок некој ти продава време и вештини.

Малку оф-топик за минималната. Лично, не сум видел земја каде се живее пристојно со минималец; тешко на тие што се на истиот. Кај мене тука со минималец нема да покрие ни кирија за еднособен стан. Имаш едно чудо на возрасни луѓе и фамилии кои делат станови со цимери поради што малите плати (дури ни со една просечна не се живее пристојно) не стигаат ни за кирија/месечна рата за кредит. Минимална плата според закон овде е некаде 920 долари неделно (бруто), и на таа најмалата имаат мал данок па им остануваат околу 800 нето. Кириите за еднособни станови се околу 500-600 неделно во помали места и далечни населби, па се до 800 долари во населби поблизу до центар. Значи, цела плата. Ами каде се сметки (уште 300 минимум месечно), храна и работи за дома (за двајца без јадење од надвор доаѓа некаде 150 неделно), здравствено осигурување, возило (1200 годишно е само осигурување + 1000 регистрација) и тн. Знаеш како викаат, „тревата е секогаш позелена на другата страна“, така ми личи и твојава филозофија.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Да, пред 8-9 години, на интервју за работа во Куманово, станав и си заминав на сред интервју, кога сопственикот на компанијата каде што аплицирав за работа ми кажа дека има 2 барања, пред да почнам со работа, зашто беше второ и финално интервју:
  • Да биде ословуван со директоре, што ми беше сосема во ред, разумно и второто
  • Да сум бил послушен, за да може да команда со мене. Го замолив да повтори, и пак го кажа истото.
Ми се јави по 2-3 саати, за да праша зошто сум го напуштил интервјуто, сакале да ме вработат и му кажав дека со стока се командува, со узди, со луѓе се менаџира. Ми склопи веднаш :pos:
Јас пред некоја година бев на интервју каде што каснеше директорот. Кога стигнав веќе чекаа 2ца, додека чекав за некои 20-25 минути дојдоа уште 2-3ца.. а тој што му беше потрчкото во меѓувреме дојде 2-3 пати да каже дека е заглавен некаде во сообраќај и дека доаѓа накај канцеларијата. Знам имаше јако невреме, а знаеме какво е Скопје дури и кога ќе падне малку дожд, па ајде на секој може да му се случи.

И така на третиот пат кога дојде дечково еден од тие што чекавме праша дали се знае колку е далеку и кога треба да стигне и овој му вика "Директорот ќе стигне тогаш кога ќе стигне. Тој е директор и ние него нема што да го прашуваме до каде е, што прави и кога ќе дојде. Ќе го чекаме колку што треба да го чекаме. Ако на некој не му се чека слободно нека си оди."

Јас и онака бев веќе броев ситно до заминување пошто се ближеше пола саат чекање (плус 2ца пред мене), ама после тоа во иста секунда си ги собрав парталите и дома.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.383
Поени од реакции
4.309
Дали плаќате повеќе од тоа што ќе ви се испазари тој што ја нуди услугата? Ете, да ти направи купатило ќе чини 2000 евра, дали ти вадиш уште 200 евра да го почастиш мајсторот оти му било тешко дури работел, или му плаќаш 2000 евра колку што се испазарил и гледаш да ти се тргне од пред очи? Целата разлика на ваквите ситуации од таа на вработен е периодот на соработка; инаку и во двете ситуации за одреден надоместок некој ти продава време и вештини.
Супер пример даде. Нормално нема да му дадам 200 евра плус затоа што се мачел. Ама па сигуено нема да му речам, абе брат, ај остани уште некој саат и кујнава да ја досредиме дур си тука, за истите пари. И да му се заканувам дека нема да му ги платам ни тие 2000 евра првично договорени.

Е ова го прават во Македонија.

Нема врска, слушајќи вака приказни од странство, ќе испадне дека Македонија е најдобра земја за живеење, работна и бизнис клима, услови и слично, а вие свесно сте избрале да се мачите во друга земја.

Да се вратиме на темата.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.296
Поени од реакции
11.597
Не знам како не разбирате дека има еден куп луѓе што не смеат да останат неколку месеци без работа. Вака изгледа лесно кога го читаш Лестер, ама во пракса не е така. Замисли си жена на 50+ години што работи во пекара на пример. И сеа ќе и го земат к15 и што може да направи? Да пријави не може, уствари може ама ќе биде џабе воглавно и ќе ја избркаат. Кај ќе оди на 50+? Кај некој сличен и ајде пак од почеток.

Немаат сите скилови за да работат на интернет и да лабават за 500+ евра. Лесно е вака за помладите што можат да чепнат на нет нешто или што ги боли кур дали работат или не. Пошто нели ако не работи може да замини Хрватска/Германија преку лето, може и воопшто да не работи и ајде тато/мама/баба ќе кешира и ќе се стегниме малце. Има луѓе што имаат кредити, а и да немаат врзуваат месец со месец. И така тоа едно 1923090 години и ни се всадило во главата дека треба да чутиш и трпиш.

Мене најмногу ме нервираат газди што трошат пари непотребно (продавање пуфки со скапи пијалоци, комари, швалерки) и на крајот одат и ги перцаат по 500-1000 денари на плата цела смена за тој да си ги покрие парите што ги искоцкал. Копитари.

Од друга страна има и работници канцери, што си мислат со самото свое постоење треба да земаат 50 000 плата, за истото нешто што заслужуваат 30.
Онака да си одат на работа и ''Ејјј зошто климава на 26, мене оптимално ми е на 24, попродуктивен сум''.
''Ејј зошто не даваат 50 000, поголема мотивација ќе имам и попродуктивен. Наместо да ми дадат повеќе и тој напред да оди, вака ќе си го ладам''
Кур мој попродуктивен, и 150 да ти дадат ќе си го ладиш ти. И зошто би ти дал газдава 50 кога може да најде друг за 30?
Истите тие да станат газди 28 ќе даваат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom