Анализа на крв - толкување резултати

Варено, печено претежно.
Добро тоа...мислев што поточно ...варено печено пржено?
Месо,зеленчук,овошје,леб,тестенини, млечни продукти,преработена храна, сокови, кафе....
 
Добро тоа...мислев што поточно ...варено печено пржено?
Месо,зеленчук,овошје,леб,тестенини, млечни продукти,преработена храна, сокови, кафе....
Варен ориз, компир варен, месо варено/печено, овошје и зеленчук не се.
 
Добро тоа...мислев што поточно ...варено печено пржено?
Месо,зеленчук,овошје,леб,тестенини, млечни продукти,преработена храна, сокови, кафе....
Месо од октопод, јастог, кавијар, свежо цеден сок од црвен портокал, манго, папаја, млеко од кокос, кафе арабика...
 
Месо од октопод, јастог, кавијар, свежо цеден сок од црвен портокал, манго, папаја, млеко од кокос, кафе арабика...
Што доктор беше:pos::pos::pos::pos:за хумор изгледа:pos::pos::pos:
Луд си човече
 
Варен ориз, компир варен, месо варено/печено, овошје и зеленчук не се.
Припази на внес на компир и ориз... тоа што се варени не значи и дека се некоја нај здрава храна...
Исто и со месото...особено печеното може да формира канцерогени компоненти....

А тоа како е одгледувана, чувана,пакована и транспортиранa храната е сосема друга тема, и нема да навлегувам многу во тоа.
 
Последно уредено:

Да, да. Крвната слика е добра и покрај крварењето и само железото ми варира. Да не ме фаќа паника.
Screenshot_20240725_103626_Microsoft 365 (Office)~2.jpgScreenshot_20240725_103629_Microsoft 365 (Office)~2.jpg
 
Здраво,
Денес правев крвна и урино анализа.
Вредноста на лимфоцити е 24.9, железо 38.8, и леукоцити во урина +++.
Може ли некој нешто повеќе да ми каже?
Благодарам
 
Здраво,
Денес правев крвна и урино анализа.
Вредноста на лимфоцити е 24.9, железо 38.8, и леукоцити во урина +++.
Може ли некој нешто повеќе да ми каже?
Благодарам
Груба проценка според мене :

Инфекција на уринарен тракт

Хемохроматоза почетна фаза на таложење на железо (iron overload)

Или некоја мала вирусна инфекција.

Од мене тоа.
 
Здраво,
Денес правев крвна и урино анализа.
Вредноста на лимфоцити е 24.9, железо 38.8, и леукоцити во урина +++.
Може ли некој нешто повеќе да ми каже?
Благодарам
...а да ги напишеше и референтните вредности, лимфоцити во %, а железо серумско!
 
При високи триглицериди, забрането е стевиа и мед или дозволено? Знам дека шеќер не е дозволен.
 
При високи триглицериди, забрането е стевиа и мед или дозволено? Знам дека шеќер не е дозволен.
Ако имаш високи триглицериди, важно е да го контролираш целокупниот внес на шеќери и јаглени хидрати, бидејќи тие можат да влијаат на нивото на триглицериди. Медот е природен засладувач и содржи некои корисни хранливи материи, но сепак е извор на шеќер. Конзумирање мед во умерени количини може да биде прифатливо, ама клучно би било да се земе предвид севкупна исхрана и да се сведат шеќерите на минимум.
 
При високи триглицериди, забрането е стевиа и мед или дозволено? Знам дека шеќер не е дозволен.
...колку се тоа ,,високи" и за која возраст се работи, често пати покачени триглицериди се резултат од некое друго пореметување во организмот и подобро е ако се може да се најде причинителот, отколку да се размислува за диета со редовно користење на штевија за да се види бенефитот во намалување на триглицериди, затоа да се иде во друг правец:

... на пример при намален ХДЛ испод нормални вредности секогаш се покачуваат триглицеридите, со доведување на ХДЛ во нормала и триглицеридите ќе се намалат, спротивна спрега.

...при хипотиреоза најчесто триглицеридите се покачени, средувајќи ги тирео хормоните во нормални вредности, триглицеридите ќе се намалат.

...користење на лекарства во редовна дневна терапија како диуретици и бета блокатори истите ги покачува триглицеридите.

...алкохолот и никотинот (цигарите) ги покачува триглицеридите, а и зголемена телесна тежина најчесто сконцетрисано сало околу струкот и кукот дава и повисоки вредности на триглицеридите.

...физичка неактивност, односно барем 2 х во неделата вежбање аеробик знае да ги намали покачените триглицериди.

...примена на фруктоза како фруктозен сируп како засладувач на многу безалкохолни пијалоци знае да даде покачени вредности на триглицериди.

...докажување на инсулинска резистентност последица и покачени триглицериди.

...инаку ДА, штевијата не дека го заменува шеќерот и заблажува повеќе, туку содржи супстанции кои ги намалува триглицеридите, но само во редовно секојдневно користење, повремено користење не дава резултати за намалување на триглицеридите.

...медот зависи од состав може да намали или зголеми триглицериди во крвта.
 
Настинат сум од 10.10 вечерта, вчера прв пат кренав 38.1, имам хроничен синусит а плус и алергија , зимоска ми беше ИгЕ 958
Денес правев крвна слика во Фармахем, се е ок, освен:
Леукоцити 10700....... мах 10000
ЦРП. 28.03 ..................мах 5.0
Денес имав 37.1, се напив Аналгин
Вирусна слика е?
Секретот од носот е често и жолто зелен
Мислам да не одам џабе вечер или утре на брза помош ако не треба антибиотици ?
 
Каде би можел да проверам ниво на хормони?Воглавно сум заинтересиран за нивото на тестостеронот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom