Друже ти пишува убаво бе ај 100 месеци трае ова уште не можеш да влезеш у колосек и изиграваш будала овде со ретардирани сценарија.
Што има во обвинението за свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски. Судењето за соизвршителите на грозоморните дела започнува на 30 јули. Обвинението сега фрла светло на поединечната улога во грабнувањето кое ја имале соизвршителите. Триесетти јули...
telma.com.mk
Циторенот ќе биде клучен за да се поврзат двете убиства. Жежовски ќе биде грабнат со цел да го присилат да даде сопственото возило за да се искористи за грабнувањето на Вања. Обвинетите со реното дошле во близина на неговиот дом. Кешишов повторно останал да чека на паркингот кај пругата и да внимава да не наиде некој. Палевски, Манев и Видевски отишле до куќата на Жежовски.
Обвинетиот Боре Видевски заѕвонил на вратата, по што оштетениот отворил, обвинетиот Боре Видевски го турнал на земја, му ја фатил устата за да не вика, обвинетиот Велибор Манев му ги врзал рацете на оштетениот со јаже додека лежел на грб, двајцата обвинети го ставиле во церада од возилото која била во близина на вратата, го однеле до возилото Циторен“, се наведува во
обвинителниот акт.
За тоа време Палевски, влегол во куќата го зел мобилниот телефон на Жежовски и клучевите од Цитроенот. Телефонот по пат завршил во дол, а во местото „Рудник“ во околината на Велес на Жежовски ќе му биде предочено дека ќе биде убиен, при што Палевски околу 10 часот со пиштол калибар 9 мм, ќе му го одзеде животот.
„Потоа обвинетиот Љупчо Палевски фаќајќи го во делот кај нозете, го турнал телото на оштетениот во ископаната дупка, која ја затвориле и покриле, по што обвинетите заминале со двете возила“, пишува во обвинителниот акт