Пред да се плати откуп, уценетата мајка сигурно ќе барала да се слушне со ќерката како доказ дека девојчето е живо. Ако за недела или повеќе колку што би и биле потребни на мајката да го плати откупот, истата не би можела да стапи во контакт, шансите да поверува дека ќе и го вратат девојчето драстично би се намалиле.
Дупката била ископана предходно што значи дека не испаничиле поради пријавувањето во полиција како што првично мислевме, туку планирале да го убијат девојчето.
Останува заклучокот дека покрај тоа што се монструми, или се тешки морони кои очекувале дека ќе изнудат откуп по предходно извршено убиство, или немале никаква намера за откуп.
Патем, колку што знаеме до сега, тие никогаш и не побарале откупнина и после убиството а главниот ја збришал во странство.
Не држи вода според мене приказната за откупот. Единствено што држи вода е дека главниот ги убедил ајваните дека го прават тоа за откуп, а всушност имал намера да го убие девојчето од други, засега непознати причини.