Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.210
- Поени од реакции
- 1.251
Епа тука ни е разликата во сфаќањето на ПМ/ПО позициите.На хартија би требало да е така како што викаш.
Работам во продуктна компанија која што има свој продукт и си има клиенти корпорации/фирми како и да е. практично b2b.
Е сега, во реалноста нештата функционираат вака - кај клиенот се пројавила потреба да се прикажува нешто на апликација филтрирано по лупам - азбучен ред.
И они го прелеваат тоа барање на PM/PO, овие пишуваат feature/enhancement за истото и после тоа што е напишано од ПМ/ПО се дискутира на ниво на тим. 99% од ова е прилично катастрофално и поминува многу лошо, секако, бидејќи ПМ/ПО нема поим како нештата функционираат технички или имаат доста површно знаење.
Убаво и идилично ова звучи демек ПМ/ПО прати трендови па иновира нешто, кога во најголемиот број од случаите, само го преведува барањето на клиентот/корисникот во jira или што и да е и тоа се дискутира на една сесија на која најголем инпут имаат пак - девелоперите и QAs.
ПО и ПМ ги ставам на исто рамниште како дечкото погоре што напиша за scrum master.
Тотално бенигна позиција.
Интересно ми е што самиот се некако демантираш со муабетот подолу, со кој тотално се согласувам. На исто рамниште ги ставам ПМ/ПО бидејќи на крај од ден се еден ист департмент, само scope-ot и временската рамка им е различна (едни се повеќе деталисти, другиве генералисти).
Ако видиш подетално, lead/senior/principal исто менаџира, дури и повеќе од овие класично менаџерски позиции.
Сум работел и јас нешто слично како тебе, b2b "продукт", имавме 5-6 клиенти и 99% од барањата ни доаѓаа од клиентите. И таму ПО не правеше ништо, само ги делегираше барањата. Уште ако беше некој од поголемите клиенти, директно на нас нивното барање ни го праќаше.
Ама еве, фирмава кај што работам е b2c. Имаме милиони корисници, не можеме нивните барања да ги имплементираме. Нашиот ПО е прво ветеран во нашата индустрија. Нема процес што не го разбира (не на техничко ниво, туку на доменско ниво). Цело време прати што прави нашата конкуреција. Оди по конференции, запознава луѓе и така веќе нашол неколку tools што ни помогнале да си ја подобриме услугата. Секогаш е тука да помогне ако ти треба некое знаење од индустријата. Врз основа на сето ова ни ја креира road-мапата. Ова е скроз различно од претходното искуство што сум го имал, слично како што викаш ти, ПО-то да е само прокси.