ИТ фирми и пракси во Скопје

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
На хартија би требало да е така како што викаш.
Работам во продуктна компанија која што има свој продукт и си има клиенти корпорации/фирми како и да е. практично b2b.
Е сега, во реалноста нештата функционираат вака - кај клиенот се пројавила потреба да се прикажува нешто на апликација филтрирано по лупам - азбучен ред.
И они го прелеваат тоа барање на PM/PO, овие пишуваат feature/enhancement за истото и после тоа што е напишано од ПМ/ПО се дискутира на ниво на тим. 99% од ова е прилично катастрофално и поминува многу лошо, секако, бидејќи ПМ/ПО нема поим како нештата функционираат технички или имаат доста површно знаење.
Убаво и идилично ова звучи демек ПМ/ПО прати трендови па иновира нешто, кога во најголемиот број од случаите, само го преведува барањето на клиентот/корисникот во jira или што и да е и тоа се дискутира на една сесија на која најголем инпут имаат пак - девелоперите и QAs.

ПО и ПМ ги ставам на исто рамниште како дечкото погоре што напиша за scrum master.
Тотално бенигна позиција.

Интересно ми е што самиот се некако демантираш со муабетот подолу, со кој тотално се согласувам. На исто рамниште ги ставам ПМ/ПО бидејќи на крај од ден се еден ист департмент, само scope-ot и временската рамка им е различна (едни се повеќе деталисти, другиве генералисти).

Ако видиш подетално, lead/senior/principal исто менаџира, дури и повеќе од овие класично менаџерски позиции.
Ова не е работа на проект менаџер, туку на бизнис аналист.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180

Не реков дека тоа е работа на ПМ...
Досега, барем јас каде што имам работено PO = business analyst.
Балансер помеѓу стејкхолдери/user-и и дев тим.

Продукт owner-ите се дел од продукт/проект менаџмент тим.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.825
Поени од реакции
6.529
Product Owner е човекот кој треба да одреди што треба да содржи продуктот. Ако продуктот е online продавница, да каже кои продукти треба да стојат најгоре, какви начини на плаќање треба да се имплементираат, какви попусти да имаш итн.
Оваа улога има 10 пати поголема одговорност него ли било која dev улога. Буквално од тој човек зависи дали продуктот ќе биде успешен или не.
Ти можеш да ги имаш најдобрите девс, ама ако имаш крш roadmap, се тоа е џабе.
Од друга страна, можеш да имаш крш девс, ама добар roadmap и да стигнеш до успешен (иако крш) продукт.
Па ако не се лажам, iphone-от на неговото прво demo не работел, ама Стив Џобс успеал да го испрезентира како треба и останатото е историја. Успеал да предвиди што му треба на пазарот.

Сакам да кажам, кога ти гледаш тие улоги, треба да ги гледаш во нивната реална форма. Не знам во каква фирма работиш, ама за да можеш да ја доловиш големината на тие луѓе мора да работиш во некоја фирма што пласира свој продукт. Нема да најдеш добар PO во outsource фирма. Всушност во такви фирми нема потреба од такви луѓе.

Проблемот е што повеќето PMs не контролираат ништо. Не можат да разберат кои се проблемите од технички аспект, па мора често да им се преведува за да сфатат што се дешава. Во моментов, average PM ти e глорифицирано прокси, кое може да го замени било кој lead dev што има барем малку soft skills.
Фирмите често ги додаваат и тие PMs со цел да му олеснат на lead-от, во смисла да не мора да се замара со менаџерскиот дел од работата, ама во 90% од случаите немаш голема добивка тука. Пак го тераат lead-от да оди по состаноци, цело време да му преведува/репортира на PM-от како оди работата во тимот итн.
Нема поголем олош од ПМ, особено тие што те мотаат на секој состанок. Нека ја дадат платата неговата плата на lead-ot, еве како бонус док трае проектот, може ќе поработи 10 саати неделно екстра, ама бар ќе знае за што работи.

А вака ем ебан ем тепан, ем на состаноци чмаеш а екстра пари не зимаш :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.822
Поени од реакции
36.858
На хартија би требало да е така како што викаш.
Работам во продуктна компанија која што има свој продукт и си има клиенти корпорации/фирми како и да е. практично b2b.
Е сега, во реалноста нештата функционираат вака - кај клиенот се пројавила потреба да се прикажува нешто на апликација филтрирано по лупам - азбучен ред.
И они го прелеваат тоа барање на PM/PO, овие пишуваат feature/enhancement за истото и после тоа што е напишано од ПМ/ПО се дискутира на ниво на тим. 99% од ова е прилично катастрофално и поминува многу лошо, секако, бидејќи ПМ/ПО нема поим како нештата функционираат технички или имаат доста површно знаење.
Убаво и идилично ова звучи демек ПМ/ПО прати трендови па иновира нешто, кога во најголемиот број од случаите, само го преведува барањето на клиентот/корисникот во jira или што и да е и тоа се дискутира на една сесија на која најголем инпут имаат пак - девелоперите и QAs.

ПО и ПМ ги ставам на исто рамниште како дечкото погоре што напиша за scrum master.
Тотално бенигна позиција.

Интересно ми е што самиот се некако демантираш со муабетот подолу, со кој тотално се согласувам. На исто рамниште ги ставам ПМ/ПО бидејќи на крај од ден се еден ист департмент, само scope-ot и временската рамка им е различна (едни се повеќе деталисти, другиве генералисти).

Ако видиш подетално, lead/senior/principal исто менаџира, дури и повеќе од овие класично менаџерски позиции.
На ПМ/ПО не им е работата да го знаат техничкиот дел на продуктот. Нивната работа е да ги знаат потребите на пазарот и клиентите, да ги разбираат функционалностите и која работа ја вршат тие, да проценат каква функционалност ќе донесе вредност, и пар други обврски што ги има ПО-то. Они може да побараат прасе да оди на предните нозе и да има крилја, умешноста на инженерскиот дел е да види дали продуктот поддржува такво нешто и како би можело тоа да се изведе. Ако таа функционалност не донесе посакувана вредност, тоа е одговорност на ПМ-от. Сеа примеров е екстремен ама процесот е тој.

Мое мислење е дека продукт не се развива со филозофија, дај да видиме технички што е поприкладно за девелоперите па така да го правиме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.282
Поени од реакции
26.158

Не може толку да го симплифицираш. ПМ/ПО избрале да работат во ИТ, што е по дефиниција работење во технолошки сектор, и мора да знаат технолошки лимитации и софтверски концепти. Во спротивно не можат да продуцираат никаква вредност.

За последниот пасус си скроз во право.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Нема подобро од ПМ кој е технички поткован, а има и софт скилс за да знае како со клиенти.

Тоа што најчесто кај нас ставаат луѓе што врска немаат од техничкиот дел и само климаат со глава на состаноци, зборува за тоа каква е компанијата.

Во тој случај таа позиција која треба да ја пополнува еден човек, ја пополнуваат двајца: ПМ со софт скилс и Лид со технички скилс.

На крај имаме не оптимизиран процес со многу состаноци, и фрустрирани вработени/клиенти.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.822
Поени од реакции
36.858
Не може толку да го симплифицираш. ПМ/ПО избрале да работат во ИТ, што е по дефиниција работење во технолошки сектор, и мора да знаат технолошки лимитации и софтверски концепти. Во спротивно не можат да продуцираат никаква вредност.

За последниот пасус си скроз во право.
Отидов во екстрем чисто ради примерот, инаку апсолутно се сложувам дека тоа знаење е потребно, посебно за еден ПО што работи на дневна основа со девелопери. Тоа помага подобро да се разбере продуктот, да препознае од каде најверојатно доаѓа некој баг, итн.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.992
Значи заклучокот е дека во фирмите најчесто има неедуцирани ПО/ПМ, а не е дека не се корисни позиции. За разлика од скрам факинг мастер што апсолутно на никој не му треба.
 
Се што сакав да кажам е дека е нонсенс било кој од овие 3 позиции што ги наброја да зема иста/приближно иста или поголема плата од еве, сениор девелопер.
А мапирањето тоа го покажува иако самата статистика е релативна
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Значи заклучокот е дека во фирмите најчесто има неедуцирани ПО/ПМ, а не е дека не се корисни позиции. За разлика од скрам факинг мастер што апсолутно на никој не му треба.
Ова е заклучок на ниво на индустрија, едноставно немаш образовна институција во државата која има комуникација со фирмите да ги разбере потребите од аспект на кадар, и уште помалку истите имаат знаење за да ги обучат.

Ако одам по битност за нас како фирма, најбитно ми е да најдам луѓе што може да донесат проекти, сакаш дефинирај ги како бизнис девелопмент, сакаш дефинирај ги продажби, сакаш направи ги маркетинг, небитно како ќе ги дефинираш, единствениот начин за да расте компанијата е да има повеќе проекти.
Ваков кадар во Македонија речиси и да нема, дури и овие странските компании, најчесто таквиот кадар го имаат во нивните држави, тука локално ти е само менаџирање на самите проекти, но не и способност да донесат голема работа. Тешко и скоро невозможно е и да има, затоа што ова се луѓе кои се со конекции и многу искуство во индустријата, и во земјите каде сакаш да продадеш. Маркетинзи и глупости работат ако продаваш странички од по 500-2000 евра, моментот кога ќе сакаш да продадеш нешто што ќе вреди 100+ илјади евра, најтешко е да стигнеш и да ги убедиш луѓето што треба да направат одлука.

Од сите други позиции, освен 2-3 луѓе што се апла добри на техничко ниво, се друго може да заменам во неколку денови, и бизнисот нема ни да осети. Затоа и само овие имаат подолг отказен рок, плус исто мора да документираат се што се гради на продуктите, плус сите до еден имаат процент од тоа што го заработуваме.

Програмери со помало искуство и останати технички позиции, за неколку денови може да ги сменам со ѓупци и азијати за пониска цена, дури и со помалку нервози кон мене, ќе им турам еден камшикар што ќе им виси на глава цел ден и ќе вадат дури и подобра продуктивност од локалните.
Не-техничките, исто имаме процедури каде апсолутно се е документирано, секој состанок со клиентот е снимен и конвертиран во текст (Teams + Fireflies AI) и буквално за неколку минути може да извадам што требало да се направи, и што е направено. Па и да почне нов човек, ќе може да се вклопи за неколку денови.

Инаку ова мапирањето од ИТ мк е смешки, не знам од каде да почнам да коментирам, но за мене лично нема никаков бенефит.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.819
Не реков дека тоа е работа на ПМ...
Досега, барем јас каде што имам работено PO = business analyst.
Балансер помеѓу стејкхолдери/user-и и дев тим.

Продукт owner-ите се дел од продукт/проект менаџмент тим.
Business analyst e човекот кој што ги разглаба детално кејсовите со клиентот, ги идентификува процесите, црта дијаграми и на крај им го презентира тоа на дев тимот (никогаш не сум имал ваков човек на проект, директно идела комуникацијата меѓу дев тимот и клиентот). Од мое искуство, продукт менаџер е човек кој што е задолжен за сите нови барања, прашања и целата комуникација со клиентот, за да не ги масираат девелоперите, он е тој преку кој треба да се одвива целата комуникација. Во однос на product owner, многу често на местата кај што сум работел, PO бил тим лидот, ко човек кој што најдобро го познава продуктот и генерално се следат негови насоки во однос на тоа кои технологии треба да се имплементираат на проектот, се разбира во консултации со останатите од тимот. Ако се работи за некаква шминка, си има марктинг луѓе, си има и дизајнери...
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.992
Ова е заклучок на ниво на индустрија, едноставно немаш образовна институција во државата која има комуникација со фирмите да ги разбере потребите од аспект на кадар, и уште помалку истите имаат знаење за да ги обучат.

Ако одам по битност за нас како фирма, најбитно ми е да најдам луѓе што може да донесат проекти, сакаш дефинирај ги како бизнис девелопмент, сакаш дефинирај ги продажби, сакаш направи ги маркетинг, небитно како ќе ги дефинираш, единствениот начин за да расте компанијата е да има повеќе проекти.
Ваков кадар во Македонија речиси и да нема, дури и овие странските компании, најчесто таквиот кадар го имаат во нивните држави, тука локално ти е само менаџирање на самите проекти, но не и способност да донесат голема работа. Тешко и скоро невозможно е и да има, затоа што ова се луѓе кои се со конекции и многу искуство во индустријата, и во земјите каде сакаш да продадеш. Маркетинзи и глупости работат ако продаваш странички од по 500-2000 евра, моментот кога ќе сакаш да продадеш нешто што ќе вреди 100+ илјади евра, најтешко е да стигнеш и да ги убедиш луѓето што треба да направат одлука.

Од сите други позиции, освен 2-3 луѓе што се апла добри на техничко ниво, се друго може да заменам во неколку денови, и бизнисот нема ни да осети. Затоа и само овие имаат подолг отказен рок, плус исто мора да документираат се што се гради на продуктите, плус сите до еден имаат процент од тоа што го заработуваме.

Програмери со помало искуство и останати технички позиции, за неколку денови може да ги сменам со ѓупци и азијати за пониска цена, дури и со помалку нервози кон мене, ќе им турам еден камшикар што ќе им виси на глава цел ден и ќе вадат дури и подобра продуктивност од локалните.
Не-техничките, исто имаме процедури каде апсолутно се е документирано, секој состанок со клиентот е снимен и конвертиран во текст (Teams + Fireflies AI) и буквално за неколку минути може да извадам што требало да се направи, и што е направено. Па и да почне нов човек, ќе може да се вклопи за неколку денови.

Инаку ова мапирањето од ИТ мк е смешки, не знам од каде да почнам да коментирам, но за мене лично нема никаков бенефит.
Се сложувам. Ама не можам да кажам дека ПО/ПМ се бескорисни позиции. Тоа што голем број не се соодветни за таа позиција е друг проблем. Ако менаџерот е со техничко знаење, и те како знаат да бидат корисни и витални за еден проект. Скрам мастер ни самиот себе не си е корисен, не па на тимот.

За истражувањето не знам што да кажам, направиле data cleaning и ги тргнале веројатно оние outliers што биле во екстреми, другото никој не знае колку е точно. Еве еден пример што ми фати око, фотограф заработува повеќе од 3д што е безврска. И ред други нелогичности, ама океј браво за трудот, нека се дешашва нешто :D
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Business analyst e човекот кој што ги разглаба детално кејсовите со клиентот, ги идентификува процесите, црта дијаграми и на крај им го презентира тоа на дев тимот (никогаш не сум имал ваков човек на проект, директно идела комуникацијата меѓу дев тимот и клиентот). Од мое искуство, продукт менаџер е човек кој што е задолжен за сите нови барања, прашања и целата комуникација со клиентот, за да не ги масираат девелоперите, он е тој преку кој треба да се одвива целата комуникација. Во однос на product owner, многу често на местата кај што сум работел, PO бил тим лидот, ко човек кој што најдобро го познава продуктот и генерално се следат негови насоки во однос на тоа кои технологии треба да се имплементираат на проектот, се разбира во консултации со останатите од тимот. Ако се работи за некаква шминка, си има марктинг луѓе, си има и дизајнери...
Различни фирми различна организација, начин на функционирање и поделба на задачи и спецификација на позиции.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Business analyst e човекот кој што ги разглаба детално кејсовите со клиентот, ги идентификува процесите, црта дијаграми и на крај им го презентира тоа на дев тимот (никогаш не сум имал ваков човек на проект, директно идела комуникацијата меѓу дев тимот и клиентот). Од мое искуство, продукт менаџер е човек кој што е задолжен за сите нови барања, прашања и целата комуникација со клиентот, за да не ги масираат девелоперите, он е тој преку кој треба да се одвива целата комуникација. Во однос на product owner, многу често на местата кај што сум работел, PO бил тим лидот, ко човек кој што најдобро го познава продуктот и генерално се следат негови насоки во однос на тоа кои технологии треба да се имплементираат на проектот, се разбира во консултации со останатите од тимот. Ако се работи за некаква шминка, си има марктинг луѓе, си има и дизајнери...
Со прости зборови е проект менаџер, во сите други индустрии тој е називот, овде е измислено како термин со оглед на тоа што станува збор за проекти со долг рок и со постојани подобрувања.

Се сложувам. Ама не можам да кажам дека ПО/ПМ се бескорисни позиции. Тоа што голем број не се соодветни за таа позиција е друг проблем. Ако менаџерот е со техничко знаење, и те како знаат да бидат корисни и витални за еден проект. Скрам мастер ни самиот себе не си е корисен, не па на тимот.

За истражувањето не знам што да кажам, направиле data cleaning и ги тргнале веројатно оние outliers што биле во екстреми, другото никој не знае колку е точно. Еве еден пример што ми фати око, фотограф заработува повеќе од 3д што е безврска. И ред други нелогичности, ама океј браво за трудот, нека се дешашва нешто :D
Не реков дека се бескорисни, туку дека се апла ретки тие што навистина создаваат вредност и знаат да оркестрираат добро. За рандом луѓе кои ќе го тераат проектот се наоѓаат, овие се побитни да одат на состанокот со клиентот за да не губи време цел тим, инаку тешко да најдеш такви и што знаат што може, а што не.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.819
Со прости зборови е проект менаџер, во сите други индустрии тој е називот, овде е измислено како термин со оглед на тоа што станува збор за проекти со долг рок и со постојани подобрувања.

Не реков дека се бескорисни, туку дека се апла ретки тие што навистина создаваат вредност и знаат да оркестрираат добро. За рандом луѓе кои ќе го тераат проектот се наоѓаат, овие се побитни да одат на состанокот со клиентот за да не губи време цел тим, инаку тешко да најдеш такви и што знаат што може, а што не.
Да, продукт менаџер/проект менаџер... Ако се работи за софтвер, кој го користат многу бизнис ентитети, тогаш не ти е доволен pm, па се вработува цел тим на client support.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom