Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 267 39,8%
  • Златен даб

    Гласови: 185 27,6%
  • Amstel

    Гласови: 65 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 74 11,0%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,9%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 121 18,0%

  • Вкупно гласачи
    671

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.404
Поени од реакции
590
Peroni "non filtrata" , го има моментално во Топ Дринкс , 0,5 л 45 денари .
Одлично пиво , меко, нефилтрирано... за само 45 денари
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.345
Поени од реакции
38.515
Испотен Фелдшлосен.:love:

Најпродавано и најпопуларно пиво во Швајцарија. Не сум некој познавач на пива да ги анализирам ептен, али на одредена температура лизга како во 18 годишно пиче. Многу е битно да не го преладиш ептен.

20240712_142916.jpg
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813
Денеска вака.
Не се толку премиум како што изгледаат, ама не се ни лоши.
Француски некои од Лидл. Ејл 6.2% и 7.5% алкохол

На оваа величина, само во друштво :D

Screenshot_20240712_163943_Gallery.jpg
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Летово во грчка пробав неколку локални така да еве ја листата од лошо кон добро.
Kaiser Pilsner - Olympic Brewery - 2.5
Доста воденесто и горко. Не по мој вкус.

Hellas brau - Helenic brewery of Atalanti 3.0
За нијанса подобро од кајзерот. Повеќе газирано, но далеку од асално пиво.

Vergina Radler 3.5
Подобар од вергина класичното но лимунот ептен му доаѓа до израз.

Mythos Radler 4
Убав радлер за нијанса погазиран од нашето скопско, лимунот не доминира. Одличен за тепање жештина.

Фикс 4
За нијанса пониско од Митосот регулар. Доста газиран но со горчлив афтертејст. Исто го ставам во солидно летно пиво.

Амстел Радлер 4.5
По мене најдобриот радлер што сум го пробал. Јесда е доста сладок, но лимунот не му дојде премногу до израз. Башка и тро помалку газиран од Митос радлерот

Mamos 4.5
Е тука ќе напраам мала отстапка.
Не сум нешто љубител на негаираните пива (со мали исклучоци), но пивово ми направи мерак. Немаше грд афтертејст, помалку газирано, не ме фркна глава како што короната ми има направено... Препорачувам да се проба.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813
Уште еден quadrupel.
Во принцип сите тешки за пиење, но ова посебно. Ваљда мезето беше слабо :D
Сепак би рекол нијанса полошо од Trappistes Rochefort 10 и La Trappe Quadrupel.
Го имаше во СакамПиво (Пивотека)

Screenshot_20240725_213622_Gallery.jpg
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.495
Поени од реакции
26.057
Многу е битно да не го преладиш ептен.
По последнава реченица се приметува дека сепак знаеш да ги анализираш и дека си добар познавач.
Светлите пива се пијат измеѓу 5-7 степени, темните и матните 8-10 па дури и до 12 степени затоа што ладни на 5 степени имаа вкус на некој гаден сируп за плуќа.
Ова дека е светло пиво 5-7 степена му се идеални, поладно ако е ќе има вкус на обична вода.
Земи пробај оладено скопско ама од замрзивач. Дури ни тоа гадната горчина не му се осеќа.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.345
Поени од реакции
38.515
По последнава реченица се приметува дека сепак знаеш да ги анализираш и дека си добар познавач.
Ова од искуство повеќе отколку познавање. Два-три пати ми се има десено да го заборавам во замрзнувач и го вадам скоро пред заледување, и освен смрзнат мозок не осеќам ништо. Мислам дека ова важи за 99% од пивата, подобро е да се ладат неколку саати во нормален фрижидер отколку да се стават инстант во замрзнувач.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813
Rice IPA, не сум сретнал до сега вакво.
Не нешто поразлична ИПА, али имаше некој after taste што не ми се допаѓаше.
*260 денари во Сакам пиво

20240727_111300.jpg


Белгијан блонд или можеби и сешн ИПА, 4% алкохол, лесно за пиење, таман за летово.
Ми се допадна
*220 денари во Сакам пиво

VideoCapture_20240728-004601.jpg


Инаку, го пробав и новово Туборг Ајс.
Туборг ако го споредам со конкуренција и не ми се допаѓа баш.
Ама Туборг Ајс ако го споредам со Корона, Сол, Митос Ајс и сличните, би рекол и најдобро е. Добро парче на прилепска пивара (y)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.613
Поени од реакции
5.314
Шведско пиво од островот Готланд, доста квалитетни пива има пиварава

ова би му дал 3.5/5 само зашто нивните Стаут и Вајс ми имаат оставено многу подобар впечаток од ова (иначе пивото може да е и поблиску до 4/5 во некоја друга прилика :) )
 

Attachments

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Мислење за Fischer Blonde?
Го има во Веро за голема пара но не сум нешто храбар да го експериментирам освен ако не е стварно добро.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.441
Поени од реакции
58.813
Мислење за Fischer Blonde?
Го има во Веро за голема пара но не сум нешто храбар да го експериментирам освен ако не е стварно добро.
"Стварно добро", не е. Само "добро", е.

Инаку пивово "блонд", да не се споредува со белгискиот блонд стил.
Лагер е ова. Иако 6% алкохол, што е појако од нашиве лагери тука, не се чувствува тоа. Баш е онака смут, лесно пивце, со блага горчина.

За лагер мене ми е многу ценава (јес да е 650мл), ама и за поефтино има подобри опции.
По таа цена би очекувал нешто стронг ејл, трипл, некоја крафт ипа рецимо :D
Ако ти се експериментира и тоа е океј пошто пак ќе кажам у глобала не е лошо пивово. Само ништо посебно :D
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.196
Поени од реакции
2.195
IMG_20240807_225344.jpg
Бев кафе да купам у Амаро па го начекав 1+1 за 99 ден. (рокот е ок дури до крај на септември), али тотално разочарување, гледам имаат од оваа пивара повеќе различни пива и цените им се над 100ка на сите и се се мислев дали да земам ама за среќа не сум земал.
Благо благо тешко со голем процент на алкохол, едно испив мислам дека ќе почнам да повраќам. Ова ми влага у топ 10 најлоши пива што ги имам пиено. Иам уште 3 ќе зеам ќе ги фрлам утре.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.404
Поени од реакции
590
Наместо сувенири и магнетчиња , ја пива си купувам каде и да патувам
Словачко лагер пиво , во ретро амбалажа .
Потемна боја од нашиве лагери, не претерано газирано , со одличен вкус . Секако и криглата е од таму купена
 

Kajgana Shop

На врв Bottom