- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.515
- Поени од реакции
- 28.992
Дискутабилна тема е. Не можеш да кажеш дека се носители на бизнисот, затоа што без менаџери, sales и ред други титули, девелоперот ќе има само продукт. Сосема друг муабет е да имаш компетентни луѓе што ќе го изнесат на прав пат и ќе го продадат.Ова мапирањево изгледа малце чудно, за некои струки има инпут од 2-3ца луѓе, што автоматски ја праи анкетава сомнителна, но ајде ќе ги земеме податоците такви какви што се.
Можда малце потценувачки кон другите професии, но апсолутно тврдам и стојам зад фактот дека секој човек што девелопира или е техничко лице кое допринесува со архитектура/код/дизајн на солуции или фичри би требало под дифолт да зема поголема плата.
Онака кога видам QA земаат еве и според анкетава некаде во просек 20-25% помала плата од девелопери, што е ок.
Она што мене ме иритира искрено во ИТ светов, и ова го мислам без намера да потценам луѓе со различни струки е фактот што кога погледнеш, девелоперите се carry на еден бизнис, девелоперите го прават продуктот кој носи пари и девелоперите се тие што прават нешто со текст буквално. Од ништо нешто произведуваат. Они се носителите на бизнисот. Сеа знам вие поискусниве ќе кажете, да, но тој производ некој треба да го испрезентира пред stakeholders, треба да се продаде (што само по себе е да речеме одговорност на sales team, што е скроз друг муабет).
И на крај од ден кога ги погледнеш ваквите мапирања и општо кога прочепкаш низ job posts, гледаш дека рецимо Product Owner/Manager, Scrum Master, Development Managers и такви професии земаат поголеми пари од оние што ја носат вредноста, што за мене е нон-сенс.
Да, признавам дека и тие имаат многу друга тежина на работата (работа со луѓе, состаноци, рокови)... А мноооогу мал дел од овие позиции имаат и code-related таскови. Едини инпут од ваквиве позиции е што елиминираат или намалуваат притисок и стрес од страна на повисоките ешалони кон тимот во поглед на delivery, deadlines и тн и тн.
Што сакам да кажам, без лажна скромност, девелоперите во еден тим (освен нели C-level execs) треба да бидат тие што ја имаат најголемата плата и ова треба да е стандард, бидејќи тие се оние што креираат нешто од буквално ништо.
У спортски речник, тоа ти е исто како Анчелоти да зема повисока плата од Кристиано Роналдо, Бензема или Тони Крос. Секако има исклучоци и во спортот и во ИТ, ама играчите ги носат резултатите и они се најплатени. Во ИТ светот, многу ретко е така од Х причини.
Исклучок во ИТ средина би биле менаџери или скрам мастери кои имаат техничко знаење од перспектива на код (како функционира апликацијата), и се тука да помагаат и да даваат инпут и во тој поглед. Ликови кои биле сениори па лидови и сега преминале на менаџерска позиција или скрам мастер (сум имал еден таков човек низ мојава кариера кој од лид премина у менаџер/скрам мастер и само позитивни зборови можам да кажам за човекот).
Оние што се стрикно менаџери, уште од старт на нивна кариера најголемо експонирање со код им е select * from xxxx, за мене се прилично контроверзни и нивната вредност според мене, не е поголема од еден девелопер (ок, ако ги исклучиме џуниорите).
Мое мислење, може да се согласите може не...
Не е дека не си во право, ама добар sales многу игра улога. Уште во Македонија кога работев со анимација и видео бев у една стартап фирма. Тимот за продажба беше од 4-5 луѓе со 1-2 години искуство зад нив, се фаќаше проектче од 4-5 илјади евра можеби 2 до 3 пати неделно. После некое време една наша жена од Австралија се врати во Македонија од некој си фамилијарни причини, небитно. Жената со 40 години искуство зад себе, со 0 знаење од продуктот, успеа да ги фати кока кола и uniqlo како клиенти за неполни 48 часа. И требаа 5 минути да го разбере продуктот и да го продаде.
Без лична навреда кон никого, ама од досегашното искуство, повеќето девелопери се интроверти и најчесто немаат појма од бизнис делот. Не е дека не се двигатели на бизнисот, ама во голем дел од случаевите не се. Едно е продукт, друго е бизнис.
Кристијано Роналдо, Бензема и Тони Крос се фудбалеришта, ама некој работел со нив да гo продаде нивниот талент. За скрам мастер не сакам ни да зборам, по фејк титула не постои