Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.039
Поени од реакции
7.413
Многу неписмена багра која мисли дека е во право. До вчера пред да им кажам не ни знаеја колку % јаглерод има во атмосферата.
Не ги интересира тоа. Исто како што не ги интересира дека она што го нарекуваат извори на чиста енергија, е уствари дури и полошо од сегашните. Битно им е во нивната свест да мислат дека се "прогресивни" и послушни пред авторитет. Авторитет кој досега илјадници пати е фатен како лаже, со тешки последици.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.346
Поени од реакции
18.225
Секоја изјава на секој политичар има одредена цел што покрива одредена агенда. Како такви, ретко се вистинити во целост.
Јас сум против било какви субвенции и даноци за веќе постоечки пазари и технологии. За нови можеби има потреба од поддршка.

Се што е на товар на мнозинството треба да се отстрани.
Глобалното затоплување е факт, промените се очигледни. Но не е крај на свет, далеку од тоа. Одредени региони ќе имаат бенефит, на други места ќе биде полошо, но животот ќе продолжи. Оданочување или наметнување трошоци на мнозинството само заради некои глупи агенди е дефинитивно погрешен потег.

Како и со повеќето проблеми, проблемот настанува што магарињата од една страна пискаат дека ќе дојди крајот на светот, па се појавуваат магарињата од другата страна што не веруваат ни дека постои проблем и секоја страна влечејќи на своето го прави компромисот или решавањето на вистинскиот проблем потешко или поекстремно. Накратко ќе плаќа мнозинството заради екстремноста на двете страни.

Аргументи за елиминирањето на фосилните горива и преминување на чиста енергија има еден куп и тоа без глобалното затоплување, ама веројатно тоа е тема за другпат.
Проблем е фактот што пробуваат да ни наметнат нешто за да се намали потрошувачката на електрична енергија во услови кога Македонија има емисија на 4.2 тони CO2 по човек и сме испод светскиот просек, додека овие мајмуни не се секираат затоа што американските компании користат 1/3 од нуклеарната енергија што ја произведува САД за вештачка интелегенција.

Воедно сиот развиен свет е развиен затоа што троши голема количина на енергија. Нема развиена земја без силна енергетска потрошувачка.

Нема да има никаков фер одговор на глобалното затоплување од тие што трошат најмногу т.е. развиениот запад.
 
Последно уредено:
Член од
30 јануари 2014
Мислења
705
Поени од реакции
430
Значи буквално вели, промените на климата се предизвикани од човековото емитирање на јаглерод диоксид.

Како со чат бот од 2008ма да си пишувам.
Следам неколку форуми во соседството и инттернационални на англиски. Верувај ми дека вакиви типови има во сите нив. Како да се од еден центар управувани (! упс !), ист патерн, исти постови, ист наратив. Правам експерименти понекогаш кога ми е досадно, праќам некое мое мислење и чекам да ги видам одговорите.Можеш да претпоставиш дека се слични. Заедничко им е агресија, потценување на соговорникот, деградирање на изворите на информации на сите други освен нивните, упорно напаѓање додека не се откажат од дискусија, љубов кон Путин, Ши, Орбан, и слични (не толку кон Русија, Кина, Унгарија), Трамп. Негирање на климатските промени и причините за нив, негирање на науката или поточно речено верување на некоја алтернативна, паралелна наука, антиваксерство, мизогинија, кобајаги ѕагриженост ѕа пропаѓањето на белата раса, затоа често ги има на темата Демографија каде нафрлаат лажни информации (а мене таа тема доста ме интересира па сум често таму), веројатно можеш и ти да додадеш по нешто.
Порано се препирав, сега најчесто ги игнорирам или ги блокирам. Гледам ти си упорен борец, ја имаш мојата подршка
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.039
Поени од реакции
7.413
Правам експерименти понекогаш кога ми е досадно, праќам некое мое мислење и чекам да ги видам одговорите.
Други имаат направено експеримент и ова е заклучокот за "писмените" ко вас:

1720375853905.png

Се повикувате на наука, ама само онаа која одговара на вашите верувања. Нобеловецов од областа на физиката сигурно е љубител на Трамп па затоа не го читај:
Dr Clauser starts: “As much as it may upset many people, my message is the planet is NOT in peril. … atmospheric CO2 and methane have negligible effect on the climate.”
деградирање на изворите на информации
Не сретнав во твоите постови никакви извори на информации, а уште помалку па некакви конкретни информации врска твоите тврдења.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.705
Поени од реакции
40.794
Други имаат направено експеримент и ова е заклучокот за "писмените" ко вас:

Прегледај го приврзокот 422837

Се повикувате на наука, ама само онаа која одговара на вашите верувања. Нобеловецов од областа на физиката сигурно е љубител на Трамп па затоа не го читај:

Не сретнав во твоите постови никакви извори на информации, а уште помалку па некакви конкретни информации врска твоите тврдења.
Немаат информации. Крајно неписмени луѓе што глумат интелектуала се овие зелените.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.543
Поени од реакции
82.129
љубов кон Путин, Ши, Орбан, и слични (не толку кон Русија, Кина, Унгарија), Трамп.
Не. Не им е паметно ова на тие. Многу боље е да имаат љубов кон оние кои ти ја напраија земјава Илирида, кои ти го сменија името, знамето и тн.
Значи од сад па на даље, да се има малку љубов и кон Бајден, Макрон и Камала Харис, а не само кон Ким Ил Сунг и Мао.

борци на куров сте и двајцата

ова довољно увиѓајно ли ти е?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.260
Поени од реакции
4.863
Следам неколку форуми во соседството и инттернационални на англиски. Верувај ми дека вакиви типови има во сите нив. Како да се од еден центар управувани (! упс !), ист патерн, исти постови, ист наратив. Правам експерименти понекогаш кога ми е досадно, праќам некое мое мислење и чекам да ги видам одговорите.Можеш да претпоставиш дека се слични. Заедничко им е агресија, потценување на соговорникот, деградирање на изворите на информации на сите други освен нивните, упорно напаѓање додека не се откажат од дискусија, љубов кон Путин, Ши, Орбан, и слични (не толку кон Русија, Кина, Унгарија), Трамп. Негирање на климатските промени и причините за нив, негирање на науката или поточно речено верување на некоја алтернативна, паралелна наука, антиваксерство, мизогинија, кобајаги ѕагриженост ѕа пропаѓањето на белата раса, затоа често ги има на темата Демографија каде нафрлаат лажни информации (а мене таа тема доста ме интересира па сум често таму), веројатно можеш и ти да додадеш по нешто.
Порано се препирав, сега најчесто ги игнорирам или ги блокирам. Гледам ти си упорен борец, ја имаш мојата подршка
Проблемот настанува кога на сите работи му се додава политичка позадина.
Кај политиките, обично определено е на која страна припаѓаш по ставовите на одредена тема, иако во реалноста за една тема може да си десничар, за друга левичар.

Но оние без доволно познавања прво тргнуваат од својата политичка припадност, па потоа си утврдуваат ставови за одредена тема. Ете го Ронче, веројатно обвиен од политичка пропаганда сменува став во сосема спротивна насока.
Добро, доста работи произлегуваат од непознавање на нештата, затоа и лесно се манипулираат овие луѓе.
Не можеме се да знаеме, но барем јас, на теми кои немам познавање, воопшто не коментиран. За разлика од другите кои без знаење, а со политичка определеност се обидуваат да наметнат мислење. Тоа е најлошото.

Да, Америка можеби била лоша за нас, но треба да го негираме глобалното затоплување само заради тоа?
Или ќе смениме мислење ако Трамп дојди на власт, бидејќи тогаш тој е против тоа, па ние контра одиме?

Проблем е фактот што пробуваат да ни наметнат нешто за да се намали потрошувачката на електрична енергија во услови кога Македонија има емисија на 4.2 тони CO2 по човек и сме испод светскиот просек, додека овие мајмуни не се секираат затоа што американските компании користат 1/3 од нуклеарната енергија што ја произведува САД за вештачка интелегенција.

Воедно сиот развиен свет е развиен затоа што троши голема количина на енергија. Нема развиена земја без силна енергетска потрошувачка.

Нема да има никаков фер одговор на глобалното затоплување од тие што трошат најмногу т.е. развиениот запад.
Се согласувам.
Ако сакаат да ни наметнуваат даноци/субвенции, прво да го стигнеме нивното ниво на емисии на јаглерод диоксид по глава, после може да правиме муабет за редуцирање.

Со среќа нека им е убедувањето на Кина и Индија за редуцирање на емисиите. :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.718
Поени од реакции
11.984
Проблемот настанува кога на сите работи му се додава политичка позадина.

...
Како убаво си го опиша коренот на проблемот, и тоа во прва реченица од коментарот.

Точно, проблемот настанува кога на сите работи им се додава политичка позадина, особено кога на обичниот смртник му се наметнуваат високи даноци и казни поради секојдневни работи кои човекот ги поседува и/или ги користи, а кои наводно ја загадуваат околината и наводно придонесуваат за климатските промени.

На пример, ако државата навистина сака да помогне во подновување на возниот парк со возила кои помалку загадуваат, нека повели нека дава субвенции за вградување на електрични мотори во старите возила, барем во тие кои веќе имаат вградена современа технологија од типот на он-борд компјутер, АБС кочници, воздушни перничиња, серво волан и други основни технологии кои денес се стандард кај современите возила.

Наместо тоа, ете ти ги Британците со нивната тазе нео-блеристичка влада која најавува дека досегашните дневни даночни такси за возење низ Лондон кои важеа за возилата со мотори на внатрешно согорување, но не важеа за електричните возила бидејќи нели тие не ја загадуваат околината и не придонесуваат за климатските промени, сега по ново ќе важат и за електричните возила.

И секако дека тоа не е се, откако либерал-фашистите се вратија на власт во Велика Британија - не дека социјал-фашистите пред нив беа нешто поарни, бидејќи не беа ниту малку поарни - веќе се дискутира за наплаќање на национална даночна такса по километар низ цела Велика Британија, а не само низ Лондон. Со други зборови кажано, веднаш откако ќе влезеш во сообраќај државата те молзи до последниот километар, ма да познавајќи ги Британците прашање на време ќе биде кога ќе почнат да молзат и за секој поминат милиметар.

И повели објасни како ова ќе помогне во борбата против климатските промени ?

Токму ваквиот идиотизам ја потхранува теоријата дека сепак не станува збор за борба против климатските промени, туку за најобично ограбување на обичниот смртник.

И секако дека проблемот ќе расте и ќе метастазира во општ револт против ваквите политики на една влада, на една држава, на еден град, на една општина, бидејќи ова не е решение за проблемот, туку само понатамошно игнорирање на проблемот на сметка на обичниот смртник кој речиси е сведен на ниво на криминалец со ваквите даночни рекетирања.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.256
Некој напиша пред некоја страна дека топлината не доаѓа од Сонцето?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.260
Поени од реакции
4.863
И повели објасни како ова ќе помогне во борбата против климатските промени ?
Прашуваш погрешен човек. Ако досега не забележа, јас сум многу повеќе против ваквите политики.
Рестрикции, даноци, субвенции и останати наметнати трошоци на мнозинството не го решаваат проблемот.
Особено не бидејќи се работи за глобален проблем.
Забегувањето во екстреми само го прави проблемот полош.

Некој напиша пред некоја страна дека топлината не доаѓа од Сонцето?
Основна физика.
За да се пренесува топлина потребен е медиум низ кој ќе поминува истата.:(
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.256
Основна физика.
За да се пренесува топлина потребен е медиум низ кој ќе поминува истата.:(
Електромагнетна радијација. Основна физика. Не е ова ќумбе, Сонце е.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.256
Потсети ме уште еднаш што беше прашањето. :(
Топлина.

Tоплината може да патува низ вакуум. Овој процес се случува преку радијација, што претставува пренос на енергија преку електромагнетни бранови. За разлика од проводливост и конвекција, кои бараат медиум (цврст, течен или гас) за да пренесат топлина, радијацијата може да се случи во вакуум бидејќи електромагнетните бранови не требаат медиум за да се пренесуваат. Еден секојдневен пример за ова е топлината од Сонцето која стигнува до Земјата преку вакуумот на вселената.
 
А, преку радијација. Ај врати се и види што пишав јас.
Прашањето беше дали како таква топлината иди директно од Сонцето.
На членот погоре не му беше јасно како таа топлината поминувала низ слојот со СО2, ама не се враќала назад.
Ај можеби ти ќе му објасниш како функционира стаклената градина. :ROFLMAO:

Патем, топлината е еден од производите на реакцијата на тие електромагнетни бранови со површината на Земјата.
Не мора да значи дека ќе биди топлина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.008
Поени од реакции
31.990
...љубов кон Путин, Ши, Орбан, и слични (не толку кон Русија, Кина, Унгарија), Трамп. Негирање на климатските промени и причините за нив, негирање на науката или поточно речено верување на некоја алтернативна, паралелна наука, антиваксерство, мизогинија, кобајаги ѕагриженост ѕа пропаѓањето на белата раса, затоа често ги има на темата Демографија каде нафрлаат лажни информации (а мене таа тема доста ме интересира па сум често таму), веројатно можеш и ти да додадеш по нешто.
Порано се препирав, сега најчесто ги игнорирам или ги блокирам. Гледам ти си упорен борец, ја имаш мојата подршка
„Негирање на климатските промени“... Бре бре.
Климатски промени секогаш имало, и секогаш ќе има. Или барем ќе има се додека во доцната фаза од своето постоење Сонцето преку својата атмосфера не ја опфати и Земјата, па да ја „унифицира“ климата. Но не се секирај, до тогаш има барем седум и половина милијарди години. :D

Повторно, климатски промени не се спорни. Тоа што е спорно, се толкувањата како, колку и зошто се променуваат климатските услови.
Но алатки како тебе не добацуваат до толку... Тие што не веруваме слепо во официјалната пропаганда, исто сме верувале и во антивакстерство и во мизогинија... „Мизогинија“ бе!! Чекај само сопругата кога ќе го слушне ова. :ROFLMAO:

Но сериозно, еден од поголемите пациенти си oвде. Не дека си билмез и дека 100% приемчив на меинстрим пропагандата, такви има многу, туку дека патиш од урнебесно грандиозни делузии за сопственото знаење... Но барем добро ги опишуваш истомислениците на Човекот, пардон на @Human :)

љубов кон Путин, Ши, Орбан, и слични (не толку кон Русија, Кина, Унгарија), Трамп.
Aхаха... Ши, љубави моја! Орбане, Путин бре!!! И братот Трамп! :LOL:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom