Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.093
- Поени од реакции
- 9.398
Што е следно после „Асексуалниот Прајд“?
„Колку помалку Прајдот ни служи нам, толку повеќе жени ќе се собираат на друго место,“ вели лезбејка за овогодинешната Парада на гордоста во Лондон која како меинстрим настан, сè повеќе е во челуста на транс-идеологијата. Порано геј луѓето требаа да се пазат од џандари и сељачаана, денес се...
off.net.mk
Истовремено во Лондон имало помал настан во знак на солидарност против вистинската дискриминација. На маргините на големата Парада од 30-тина илјади луѓе, била група од околу 150 лезбејки на плоштадот на Парламентот за да протестираат против упадот на транс идеологијата во она што порано беше настан за хомосексуалците. Тие немале спонзорства за брендови, билборди и поддршка од познати личности. Садик Кан не поминал да се сликне. Организаторите морале скришум да го планираат својот настан за да го избегнат вниманието на транс-активистите, кои рутински испраќаат закани и се обидуваат да ги попречат ваквите средби само за жени.
„Пред половина век, хомосексуалците кои се осмелуваа да организираат паради на гордоста се соочуваа со малтретирање од полицајци и од случајни минувачи. Лондонскиот „Прајд“ и модерното „квир“ движење ја воскреснуваат оваа одвратна хомофобија. За среќа, постојат лезбејки кои вдишуваат живот во борбата“, пишува Бартош.