Што викате за нерешено за утакмицава сега меѓу афричкиве колонии ?
Им одговара, а и личи дека така сакаат, пошто шутевите на гол им беа подавања, дал со нога, дал со глава.
Полувреме.
Ми падна во очи изборот на реклами. Вака одеше серијата од реклами:
Пандев рекламира Моцарт.
Перо Антиќ и уште двајца рекламираат ново он-лајн кладење (ваљда ова на ДУИ),
па реклама за некое Голден казино, или како и да се викаше.
Потоа идеше реклама за алкохол, Карлсберг.
Па реклама за он лајн кладење, нешто Вин еуро 24.
Па реклама за друго он-лајн кладење.
Тоа што ме зачуди е како у блоков немаше ниедна реклама за брзи кредити. Неверојатно нели?