Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.268
Поени од реакции
15.381
zdravo dali nekoj znae kolku se dvizi cenata na slep za vosillo nadvor od grad potocno relacija ohrid - skopje okolu 180km .
јави му се на Бобан 071 254-989 , Кичево и поздрави го од Ѓоко. вероватно е поевтин од останатите
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
zdravo dali nekoj znae kolku se dvizi cenata na slep za vosillo nadvor od grad potocno relacija ohrid - skopje okolu 180km .
Сигурно околу 200евра рачунај бараат и патарини да си платиш во двата правци
Затоа си вадам секоја година помош на пат и тоа од Воззи имаат најдобра понуда
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.042
Поени од реакции
11.306
Ајде неколку прашања поврзани со Авео 1.4 бензинец од 2010.

На колата е направен голем сервис + дополнително се променати полуосовините кои беа криви.

1. Моментално, некаде околу диференцијалот имам масло и откако фатив на место е ново масло (не е од порано шо течело). Дали е можно да течи од кај полуосовините некаде (грешна монтажа) или од кај мењачот (пошто и таму е сменето масло) ако мајсторот не променил симеринг (гумица) на тој дел долу кај садот за масло?
1718691714811.png

2. Проблем со тресење.
Го имав и порано, бучава и тресење, сам увидов дека се лагери во прашање и беа (сменети се), по проверка на мајсторот на канал видовме дека се и полуосовините криви па ги смена.
Колата повторно над 100-120 треси на волан и се осеќаат вибрации.
Останува да сумњам на гумите?
Криви дискови верувам дека не се пошто се релативно нови и сменети од претходниот корисник, плочки исто нови.
После сервисот на полуосовините беше коска, не мрдаше, еве неполн месец дена потоа повторно се јавуваат вибрации.
Mожно е мајсторот да ја има ебано работата при монтажа на полуосовините?

Од замаец нетреси,треси од нутот на осовина десна или самата осовина да е изедена. Кај шо влегува во мењачот таму се јадат запците и почнува да треси при мала туража на угорно па и на право. Најмногу се осеќа во рикверс кога тргаш со кумплуг. Ако е замаец ке тропа прво во лер а во возење во трета брзина на помалце од 50км ќе почнат вибрации напред кај кокпитот исто како со 6тта да возиш на 1000 вртежи.
Мартин, тука зборуваш за тресење од нут на полуосовина, имаш некоја слика дали твоја или од нет да видам што е тоа? Штраф ли некој, навртка каде спојува полуосовината со моторот? Можно е тоа да е случај и кај мене? Тресењето не е цело време, само при брзина над 100км/h.

Држач на мењач нарачав исто, деновиве треба да стигне пошто вибрации се јавуваа и кај мењачот (при давање и одземање гас одеше напред-назад повеќе од нормалната „луфта“) па оттаму и се сомневам на држачите, ќе ги проверам и другите но овој го нарачав веднаш да го сменам.

Од што може да е трошењето на масло и вибрациите при поголеми брзини?
Од каде да тргнам со барање на проблеми и да отклонувам едно по едно?

@gjoko-mkd
@martin01
@argenthessis
@kostatkb
@Kadaif

Дополнително прашање, на колата се променати сите текучини, заборавено е да се смени масло во серво. Колата има 85к, дали да го менувам или да го оставам така?
Нема проблеми во овој дел, чисто само колку би било паметно и тоа да се чепка.
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
365
Поени од реакции
144
Пред неколку дена постирав за тојотава дека при возење кога менувам брзина и полна гас обртаите се качуваат па нагло паѓаат ( од 2к на 3к ) па ги враќа во нормала, бев на мајстор ја повози и ми кажа дека 70% е потрошена ламелата. Дали знае некој одприлика колку би ме коштало ламела (ЛУК - Валео) со раб. рака? фала.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.784
Поени од реакции
1.698

Делот не би требало да биде премногу скап, е сега пошто е Тојота можно е работната рака да ти земе доста пари, зависи од мајсторот и неговиот квалитет.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.519
Ајде неколку прашања поврзани со Авео 1.4 бензинец од 2010.

На колата е направен голем сервис + дополнително се променати полуосовините кои беа криви.

1. Моментално, некаде околу диференцијалот имам масло и откако фатив на место е ново масло (не е од порано шо течело). Дали е можно да течи од кај полуосовините некаде (грешна монтажа) или од кај мењачот (пошто и таму е сменето масло) ако мајсторот не променил симеринг (гумица) на тој дел долу кај садот за масло?
Прегледај го приврзокот 420633

2. Проблем со тресење.
Го имав и порано, бучава и тресење, сам увидов дека се лагери во прашање и беа (сменети се), по проверка на мајсторот на канал видовме дека се и полуосовините криви па ги смена.
Колата повторно над 100-120 треси на волан и се осеќаат вибрации.
Останува да сумњам на гумите?
Криви дискови верувам дека не се пошто се релативно нови и сменети од претходниот корисник, плочки исто нови.
После сервисот на полуосовините беше коска, не мрдаше, еве неполн месец дена потоа повторно се јавуваат вибрации.
Mожно е мајсторот да ја има ебано работата при монтажа на полуосовините?

Мартин, тука зборуваш за тресење од нут на полуосовина, имаш некоја слика дали твоја или од нет да видам што е тоа? Штраф ли некој, навртка каде спојува полуосовината со моторот? Можно е тоа да е случај и кај мене? Тресењето не е цело време, само при брзина над 100км/h.

Држач на мењач нарачав исто, деновиве треба да стигне пошто вибрации се јавуваа и кај мењачот (при давање и одземање гас одеше напред-назад повеќе од нормалната „луфта“) па оттаму и се сомневам на држачите, ќе ги проверам и другите но овој го нарачав веднаш да го сменам.

Од што може да е трошењето на масло и вибрациите при поголеми брзини?
Од каде да тргнам со барање на проблеми и да отклонувам едно по едно?

@gjoko-mkd
@martin01
@argenthessis
@kostatkb
@Kadaif

Дополнително прашање, на колата се променати сите текучини, заборавено е да се смени масло во серво. Колата има 85к, дали да го менувам или да го оставам така?
Нема проблеми во овој дел, чисто само колку би било паметно и тоа да се чепка.
Nut e malo lagerce na desna osovina ama to lagerce idi komplet so se osovina i sogurno e novo cim si gi smenal dvete. Moras da gi balansiras gumite i da se proverat dali se krivi. Iako se novi mozi fabricno da se osteteni ili stoeni. Masloto kaj menjacot e od semeringot najverovatno toj treba da se zameni. Golem broj od majstorite go vrajkaat stariot....
Tresenje na menjac i mrdanje na racka kaj menjacot e zaeban problem. Poso e Aveo,nosat Opel menjac a toj menjac e M32. Ima dve opcii,mrda rackata od.menjacot radi drzac ili poradi lagerite. Ako e od drzac nemas zijan no ako pri promena na drzac pak mrda,togas se lageri. ATF mozis da doturis vo servoto,nemora da go menuvas.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.268
Поени од реакции
15.381
тресењето можи да биди од било што, а штом се поновува после сервисирање на деловите би сумљам или на гумите или на дисковите. и нови дискови се криват ако во исто време кочиш и влегуваш во вода, така што еден дел од дискот одма се лади и се искривува

мора да се најде изворниот проблем што доаѓа до вибрации
 
Ќе земам нови гуми, па ќе оди на балансирање, ќе пробам со тоа прво пошто и онака на есен ќе ги менував.

Кај мене сигурно го има мајсторот стариот семеринг вратено пошто кога го прашав дали смени почна да врти по тавани. Е сега, таму семерингот е гума или едно како „хартија“?
Никако не можев да го најдам онлајн за да го порачам засебно. Мислам дека на овој дел е плоснато ко хартија ама не успеав да најдам конкретно тоа што ми треба.

Држачот за мењач ќе стигни деновиве па ќе го сменам, баш да видам дали ќе се реши играњето на рачката од мењачот, би требало да е тоа 99% пошто нема мака од куплунг или замаец.
Ако не е тоа и се лагери ќе те прашам пак шо натаму. :D :D

тресењето можи да биди од било што, а штом се поновува после сервисирање на деловите би сумљам или на гумите или на дисковите. и нови дискови се криват ако во исто време кочиш и влегуваш во вода, така што еден дел од дискот одма се лади и се искривува

мора да се најде изворниот проблем што доаѓа до вибрации
Првично мислев дека е од полуосовините и откако ги сменив едно време беше стегната колата немаше тресење али еве неполн месец и веднаш јави (не ја ни возам премногу пошто јавен превоз доста користам).

Следно ќе менувам гуми, ако не е тоа ќе треба да се оди на варијанта проверка на дискови, фала за сугестијата не знаев дека и на тој начин се криват.
 
Член од
22 јули 2022
Мислења
8
Поени од реакции
1
Имал некој мака со компресеор за клима на рено меган?? Дали да земам нов или половен да барам?? Од каде, каква марка и сл??? Некој??
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.042
Поени од реакции
11.306
Дестина дена слушав звук од лева страна предно тркало, а денес имаше и што да видам.

Дали овие 2 штрафа треба да се до крај завртени? Нормално, по логика, би требало пошто да не беше така фабрички ќе ги направат пократки, башка штраф никогаш не се остава недозавртен.
Едно време си викам, абе ако се дозаврти да не блокира нешто ама и тој муабет нема логика.

Ми треба само потврда, пошто мој сомнеж е дека мајсторот кој ми менуваше полуосовини ги има завртено со пневматскиот пиштол и потоа не ги оверил, па со тек на време попуштија.

1718883139207.png

1718883457303.png
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.856
Поени од реакции
8.406
Дестина дена слушав звук од лева страна предно тркало, а денес имаше и што да видам.

Дали овие 2 штрафа треба да се до крај завртени? Нормално, по логика, би требало пошто да не беше така фабрички ќе ги направат пократки, башка штраф никогаш не се остава недозавртен.
Едно време си викам, абе ако се дозаврти да не блокира нешто ама и тој муабет нема логика.

Ми треба само потврда, пошто мој сомнеж е дека мајсторот кој ми менуваше полуосовини ги има завртено со пневматскиот пиштол и потоа не ги оверил, па со тек на време попуштија.

Прегледај го приврзокот 420987

Прегледај го приврзокот 420990
Во ATU повеќе да не одиш
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.042
Поени од реакции
11.306
Во ATU повеќе да не одиш
Не бев во ATU, бев кај Македонец тука доселен, сега се думам дали да го дешкам или да го пријавам, а грев ми е да го пријавам има да го ошурат од казни за гаража на црно, за загадување, за шо ти не.

Во ATU досега 10 пати подобри услуги сум добивал, пишман да се прај чоек ако влези кај Балканец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom