D
Deleted member 157923
Гостин
Конечно некој што се разбира од проблематикава.1.Со цел бојлер и цевки не мрзне никогаш и на -20 степени,тоа те излажале
2.Ефикасноста на овој систем е за 100% поголема од рамниот панел
3.Имаш топла вода (за туширање)од Февруари до крајот на Ноември..
4.И преку зимата на минусни температури имаш врела вода за туширање доколку има сонце
5.Притисокот зависи од висината на кровот во однос на купатилото,од цевките и мајсторот што ќе го монтира, но може и плус пумпа да се постави за притисок,при што кога ќе пуштиш топла вода се пали и пумпата(на проток е)
6.повраток на средства за 4-5години во зависност од употреба-по член во домаќинство
7.Одржување,нема,Прегревање нема,Дефекти нема..
Монтираш и чао пријатно..
8.Топлата вода во надворешниот Бољер ја држи доста долго и преку цела ноќ на минусни температури..
8.Гаранција 7-10години предвиден век на траење 20години
Против рамен панел
1.Цена неколку пати поскапа..
2.Ефикасност многу помала
3.Топла вода од Мај до Октомври(за туширање)
4.Се Прегрева,и кога не си тука пожелно е да се покрива..
5.Антифриз и пумпи,разменувачи..
6.П0враток на средства многу долго..ако не и никогаш
Битна работа кај соларното со цевки и Бојлер е на кое треба да внимаваш е
-Дебелината на лимот на Бољерот
-Изолација на Бољерот
Иако сега сите се скоро со слични технички карактеристи .
-За притисокот
-Зависи од мајсторот каде ќе го постави и колку кривини ќе имаш,под кој агол,и дебелината на цевките..
-Подобро е цевкки за парно Алумил пласт оти се прави со нив благи нагиби,наместо ПВЦ цевки каде се ставаат колена за вртење..и затоа потоа немаш притисок....и добра изолација на цевките и нема мрзнење ако се пуштени од внатре..
-притисокот се решава и со малку поголем Бојлер во литража,пример ако треба 230л зимаш 300..што секогаш е подобро оти никогаш доста од топла вода,и од 230лит Бојлер на располагање ти се 200 литри оти остатокот е во цевките..на бојлерот..
Автоматски споено мислење:
И само да додадам Соларното со цевки и Бојлер е кинески изум и е во се подобар од европскиот со рамни панели..Буквално во се од цена,перфоманси.едноставност на употреба и монтажа,
И велиш рамниот панел треба да се покрива ако не си подолго време дома?
Нема шанси да правам такви егзибиции.
Единствена причина што размислував за рамен панел е тоа што сакав да ги искористам бојлерите што веќе ги имам. Стари бојлери се но квалитетни од прохром.
Али сепак можеби е можно да се стави цел бојлер на кров и да се искористат цевките и потоа некако да се комбинира со постоечките бојлери?
Ај ќе ставам некоја слика кажи твое мислење, што ти би направил.
Цевките се пуштени право низ вентилацијата ама мајсторот вели не биле добри пошо биле наменети за подно.






