Единствено нешто добро што може да го направат од власта е да ги отпишат долговите, ама има еден голем проблем затоа што долговите не се само кон државата. Финансиската помош од општините е добредојдена, ама со таква финансиска помош клубот тешко дека ќе може да стори нешто повеќе освен да преживува од година до година.
Во поглед на некои нови имиња во Вардар јас не се сомневам во Горазд. Добро ја познава лигата и се надевам дека и понатака ќе остане во Вардар и дека нема како доскорешниот тренер да си оди во некој друг клуб од Македонија. Мислам дека треба да побараат нови играчи во соседството (Бугарија, Грција, Албанија и Србија). Моја желба е да го вратат Мирчевски ако не го продолжи договорот со ТСЦ, ама тоа во моментот ми делува како невозможна мисија.
Од нашата лига Тошевски (Шкупи), Манев (МЃП), Стоилов (МЃП) , Стевковски (МЃП), Тодоровски и Алексовски (Работнички) и оној од Уганда кој играше за Брегалница најверојатно ќе си заминат ова лето од нивните клубови.
Во секој случај очекувам да не се носат нови играчи од типот на Кеба Сусо, кога станува збор за странците.