FA & Capital One Cup

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.707
Поени од реакции
11.942
Како можи бе рандом луѓе за Сити да навиваат да победат на натпревар ?
Арни сте ?
Еден тон пари испотрошија, 200 прекршоци имаат и за ниту едно нема да одговараат додека др екипи ги казнуваат на секое, клуб без историја и вештачки направен со сомнителни средства ...
Секој еден човек под дифолт треба да ги мрази овие а не да навива за нив без разлика против кого играат.
Со цел ќеф навивав за Јунајтед прееска на головите исто како Атлетико да игра.
Затоа што служи како тампон зона за сите навивачи на англиски екипи.
Буквално неутрална екипа. Немаат навивачи и на никој не му е гајле што освоиле. Едно е да освојат ПЛ екипи како Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Арсенал. Ќе има тука провокации, пецкање итн. Вака со Сити е мирно. Едино закачки која екипа е полоша.
Нека има ваква екипа во Шпанија па ќе те видам дали ќе навиваш за нив ако Атлетико не можи да освои титула или ќе навиваш за Реал :icon_lol:
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
890
Поени од реакции
534
Јунајтед > Oil Money

#ЈунајтедХеХеХе
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.625
Поени од реакции
18.892
Затоа што служи како тампон зона за сите навивачи на англиски екипи.
Буквално неутрална екипа. Немаат навивачи и на никој не му е гајле што освоиле. Едно е да освојат ПЛ екипи како Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Арсенал. Ќе има тука провокации, пецкање итн. Вака со Сити е мирно. Едино закачки која екипа е полоша.
Нека има ваква екипа во Шпанија па ќе те видам дали ќе навиваш за нив ако Атлетико не можи да освои титула или ќе навиваш за Реал :icon_lol:
Некогаш нема да навивам за таква екипа во Ла Лига. Јас сум отсекогаш на страната на помалите екипи, на екипи со традиција и верни навивачи, на екипи кои се аутсајдери кога играат против големите.

Кога играа Сити и Реал баш ми се напрај ќеф дека го сркнаа до грклан, па сеа ти види.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.406
Поени од реакции
4.425

2024 година сме, уште муабетиве за пластични екипи. Бизнис е тоа, а веќе Сити ствара традиција. Маливе деца носат дресови од Интер Мајами, Ал Наср, Сити и ПСЖ. Ко божем Блекбурн во 1938 или Јунајтед во 1930-та без пари биле створени. И тогаш некој што навивал за Шефилд Венсдеј веќе 50 години, рекол еј види ги пластичниве од Манчестер клуб ќе отвараат, ќе навиваат луѓе за нив.

Ако не се сменат работите во брзо време,во 2050 година, Сити ќе има 20+ титули во ПЛ, легенди од играчи кои ќе сакаат и 10 години да играат кај нив и огромна фан база, додека Јунајтед ќе падне во заборав. Или некој друг клуб, не мора да е Јунајтед, нека е и Челзи/Арсенал/Ливерпул.

Трошат и другите екипи, можеби не колку Сити, но не освојуваат ништо значајно. Ама битно профит имале останатите екипи бла-бла…
 
Носат децата дрес од Ал Наср оти Роналдо игра таму, за две години три ќе го фрлат дресот в канта и нема да памтат дека носеле таков дрес. Друго е традиција и историја а друго е ова.

Плус фактот дека не ги гонат за ништо а имаат преку 200 прекршоци за ффп.

Екипи како Јунајтед, Интер и слични не паднале толку време во заборав сега ќе паднат, никогаш нема то да се деси
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Како можи бе рандом луѓе за Сити да навиваат да победат на натпревар ?
Арни сте ?
Еден тон пари испотрошија, 200 прекршоци имаат и за ниту едно нема да одговараат додека др екипи ги казнуваат на секое, клуб без историја и вештачки направен со сомнителни средства ...
Секој еден човек под дифолт треба да ги мрази овие а не да навива за нив без разлика против кого играат.
Со цел ќеф навивав за Јунајтед прееска на головите исто како Атлетико да игра.
Разбирам да ги мрзиш, ама да наведуваш аргументи од типот "вештачки клуб", трошеле пари и други небулози за да си го оправдаш својот хејт е бајаги незрело.
Вакви муабети тераат 10 годишни деца.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.625
Поени од реакции
18.892
Разбирам да ги мрзиш, ама да наведуваш аргументи од типот "вештачки клуб", трошеле пари и други небулози за да си го оправдаш својот хејт е бајаги незрело.
Вакви муабети тераат 10 годишни деца.
Кој аргумент не е точен ?
Зошто Евертон и остали екипи да бидат казнувани и да не смеат да трошат на играчи заради ффп а нив да му се прогледува низ прсти ?

Не ги мразам, туку не ги сакам едноставно заради овие работи.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.406
Поени од реакции
4.425
Носат децата дрес од Ал Наср оти Роналдо игра таму, за две години три ќе го фрлат дресот в канта и нема да памтат дека носеле таков дрес. Друго е традиција и историја а друго е ова.

Плус фактот дека не ги гонат за ништо а имаат преку 200 прекршоци за ффп.

Екипи како Јунајтед, Интер и слични не паднале толку време во заборав сега ќе паднат, никогаш нема то да се деси
Па добро, овие божем за Јунајтед што навиваат од мали го засакале клубот? Не, засакале играч, биле први на табела у тоа време и тоа е тоа. Еве кажи ми колку луѓе знаеш што се родени во 90-тите од Македонија, а навиваат за еден од следниве клубови:

Нотингем Форест
Астон Вила
Блекбурн
Ипсвич
Престон
Шефилд В.
Шефилд Ј.
Стоук
Портсмут

Ниеден, нели? Зошто? Затоа што биле слаби екипи во тој период со помалку познати играчи и без никаков позначаен успех, освен Блекбурн една титула во ПЛ.

За 25 години од сега, Сити ќе има 40 години традиција и успеси во Англија и Европа. Тогаш кој клуб ќе биде пластичен?

Или друг пример: Ако сега некој ги купи Нотингем Форест и инвестира 200 милиони секое лето, ќе бидат клуб со традиција или пластичен како Сити?
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Кој аргумент не е точен ?
Зошто Евертон и остали екипи да бидат казнувани и да не смеат да трошат на играчи заради ффп а нив да му се прогледува низ прсти ?

Не ги мразам, туку не ги сакам едноставно заради овие работи.
Ако докажат вина ќе бидат соодветно казнети. Прејудицирање не е аргумент.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.624
Поени од реакции
66.485
Ако докажат вина ќе бидат соодветно казнети. Прејудицирање не е аргумент.
Дали се виновни или не, е скоро неоспорливо. Не постои друг спортски колектив во светот кој за толку краток период станал клуб број 1 по комерцијални приходи, надминувајќи клубови со децениски успеси, како Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед. На секој со малку здрав разум ке му стане јасно дека ова нема теорија да е можно.

Проблемов има геополитичка позадина, и затоа се одложува, и никој не смее да каже датум кога овие 115 точки ке дојдат на дневен ред. За разлика од Сити, Евертон, Нотингем Форест и останатите екипи си ги добија казните.

Ај барем да имаа усул да се на 4-то место да речеме, па потоа со успеси да ја зголемат фан базата. Имаш пандити што јавно се смеат на бројките, и отворено кажуваат дека шанса нема да се точни.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.953
Поени од реакции
9.582
Како можи бе рандом луѓе за Сити да навиваат да победат на натпревар ?
Не се тие рандом тие се пред се навивачи на Челзи при што е доста логична таа реакција од нив.
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Дали се виновни или не, е скоро неоспорливо. Не постои друг спортски колектив во светот кој за толку краток период станал клуб број 1 по комерцијални приходи, надминувајќи клубови со децениски успеси, како Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед. На секој со малку здрав разум ке му стане јасно дека ова нема теорија да е можно.

Проблемов има геополитичка позадина, и затоа се одложува, и никој не смее да каже датум кога овие 115 точки ке дојдат на дневен ред. За разлика од Сити, Евертон, Нотингем Форест и останатите екипи си ги добија казните.

Ај барем да имаа усул да се на 4-то место да речеме, па потоа со успеси да ја зголемат фан базата. Имаш пандити што јавно се смеат на бројките, и отворено кажуваат дека шанса нема да се точни.
Зошто е ова спорно? Имаат креирано типичен монопол со неограничени парични ресурси. Ако им се сака можат да ги купат сите клубови до еден и тие сами лично да одлучуваат победник. И ова сценарио на хартија е по легален пат.
Јас мислам дека од 115-те спорни ситуации ќе добијат некоја парична казна и тоа е тоа. Нема ништо посуштински да промени.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.486
Поени од реакции
114.470

Како бе зошто е спорно? Прво, има правила кои ги има пропишано Уефа и кои Сити не ги почитува. Второ, користење на провидни финти со пумпање пари преку фирми ќерки на групацијата која е сопственик на Сити. Можеби во првите години не се приметувало тоа, сега веќе сите знаат на кој начин работат Сити. Трето, со овој начин на работење ја ништат конкуренцијата, додека некои тимови едвај крпат крај со крај за да запазат регулативи, Сити си прави буквално што сака.

Јас сум голем почитувач на ликот и делото на Пеп, плус уживам да ги гледам Сити кога играат вака од неутрален аспект, ама за ова што го праат им посакувам да им го згаснат клубот или да ги испратат во 19та лига.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.810
Поени од реакции
11.427
I tata bi sine, edna ubava kazna da im aknat i da gi vratat tamu kaj sto im e mestoto.
Megutoa, englezite se korumpirani i siti ke pominat lesno, da ne recam neosetno.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom