Многу го потценуваш чоук моудот на Ѕверев, а и мислам дека Рафа танкаше на сите турнири кај што играше, и не сакаше воопшто да се троши пред РГ, да не беше спремен да оди ол ин тука и да го освои, односно да имаше било какви проблеми, мислам дека немаше ни да настапи тука. За Рафа до вчера важеа муабетите дека на оваа подлога и со десна рака да игра, пак ќе го освои турнирот, за да сега целосно се отпишува со Ѕверев, не иде. Еве глеам сеа и на прес кажал дека нема проблеми никакви со движењето така да тоа треба да ви дае доста надеж.
Ја давам шанси дека победува со Ѕверев и тоа прилично големи иако у моментов тоа делува чудно со оглед дека беше далеку од импресивен периодов (а не се зима у предвид колку долго не играше), ама мене уште почудно ми е што Рафа на РГ се отпишува вака лесно, нарочито од луѓе што цел живот го пратат. И ако негде беше боље за него, ако веќе игра со некој од топ 10, најдобро ќе бешe да се падне баш у прво коло па после условно речено да има послаби противници, отколку да се троши до четврт финале пример и да налета на некој што е у форма од топ 10, вака на 100% ќе е на физички план. Ќе видиме у понеделник за ова, тука многу прашања и дилеми ќе бидат одговорени, ама ако го рашљака Ѕверев инстантно ќе се стави меѓу фаворитите да го освои овој слем.
Истово горе доле и за Новак можам да го кажам, тука вакви спортски величини, а тоа е слем, си влагаат у оној свој универзум каде едноставно владеат, нивна територија е ова и друга приказна се ваквите евенти за нив, така да и него целосно да го отпишам не можам, иако ова му е најлошо отварање на една сезона.