Во новинарската статија 1903 која известува за тешки злосторства и колежи (масакри) кои биле извршени врз Евреите во Кишињев, Молдавија, на едно место споредува дека такви има само во Македонија извршувани од албанскиот башибозук врз словенското население. Ова се случува еден месец пред Илинденското Востание.
Ласкави зборови беа упатени до Албанците. Тие беа “бедем” на Исламот против Европа и против бунтовните Македонци, и други такви нешта. И бидејќи поделбата на царството беше спротивно на законот на Исламот, Султанот, како Калиф (врховен исламски поглавар н.з.), како командант на Верните, не можеше да додели ништо налик автономија на било која од своите покраини. Македонската автономија би го одвоила Султанот од неговите негувани Албанци, кои, затоа, мораа да му помогнат за да се бори против тоа. Има 80,000 Албански мухамеданци спремни за битка за нивниот господар, а таква битка засигурно би била пропратена со општ колеж на христијаните. “Дејли Њус
Нестаната уште од ноќните сништа
јуначката чета, во раните зори,
пред сонце да пекне, — рој куршуми пиштат
и пукот ги стресе високите гори
Се истури грмеж од стражите предни
и купишта Турци попаѓаа тука,
се прснаа сите, исплашени, бедни,
штом ура се зачу, штом четата спука.
И наскоро оган се отвори, вџашен, —
од едната страна комитите смели,
бестрашните чеда во животот страшен,
од другата Турци на булуци цели.
„Удирајте право, да не мине никој
од овие турци и
арнаути клети!"
И целата чета го подзеде викот,
пред тешката сила без уплав да сети.
За одмазда жедна сплотената чета
со куршуми бие, со зборови гласи:
„Тиранството долу! Co слобода света
македонска земјо, прославена да си!
Лазар Поп Трајков 1903