@Генерал
Не дека е све до Тодибо повредиве, ама типот буквално ги силува играчите со минутажа. Памтам истото го правеше во Чикаго, Минесота и сега во Њујорк.
Тоа треба раководството да си го седни и да си направат муабет.
Буквално тимот има 2 постави, али буквално.
При две постави, на неповредени играчи да ги гориш ти првотимците е ова иди како резултат на крај на година.
Немавме среќа со повредите сезонава, Рендал... па Мич, ајде дојде ОЏ и направивме неверојатна серија од 11-2 со него во тимот па се повреди.
Брансон влечеше ситни повреди цела сезона и кога дојде веќе ПО со скратен ростер минутажата си го направи своето и повредите само се зголемија за на крај вака да не можиме прва петорка да составиме нормална.
МекБрајд се губи во битни утакмици, млад е и се гледа дека е тремаџија во големи моменти, сепак ќе го чуваат.
Боги најверојатно ќе го трејдаат, Брукс јас да сум би го оставил.
ОЏ ќе си добие убав договор, треба да видат Мич дали и колку ќе може баскет да игра, ако да тогаш него да го чуваат а Хартештајн нека го трејдаат, колку год да е добар за во сезона како домино играч кој има кондиција да трча 10 утакмици со ред, сепак не е играч за ПО натпревари.
Прашањето е што ќе донесат и дали ќе имаат мадиња да не го слушаат Тибодо па конечно да го трејдаат Рендал.
Јас би ги дал Рендал и Хартештајн + Боги и пикови за еден добар играч + една ѕвезда.
Се би дал да го донесат Гркот во тим или Ембиид (колку год вториот да е плачко, може титула да им донеси) или да се паметни и да трејдаат за некој помлад перспективен бек шутер.
Дефинитивно треба да го избегнат Пол Џорџ кој е на залез на кариера, како и еден Џими Батлер (пошто и за него ќе се слушаат маубети) па дури и еден Дјурант би било паметно да се избегне, иако и за него како и за Ембиид би дал многу за да го видам во тимот.
Брансон, Донте, Харт, Мич, ОЏ се костурот.
Сичкото останато е подлежно на трејд и се надевам ќе донесат еден суперстар кој би можел да ни помогне во вакви ситуации.
Може да бркаат играчи како Мареј од Атланта, Марканен од Јута, Сабонис од Сакраменто, Грин од Хјустон, дури и она гудето Зајон ако мисли да слабее е добар пик.
За сите овие можи да трејдаат, имаат асет, можат да ги платат + може да се планира некоја иднина со нив покрај Брансон за следните сезони.
Јас да сум би го бирал Марканен и би се ослободил од Рендал, како управата ќе изигра ќе видиме - ама не сум некако опстимист додека Тибодо е тренер дека Рендал ќе замини од тимот.