Пак ти со глупостите. Хаг реши да ги суди македонците Бошковски и Тарчуловски а за случаите со терористите се прогласи за ненадлежен и ни ги врати назад. Со ова испрати порака дека за нив нема случај за терористите туку само за Бошковски и Тарчуловски. Карла дел Понте покасно се правдаше дека немале средства и морале да задржат само еден предмет. Е така меѓународната заедница не изигра
„Можевме да задржиме само едно обвинение. Заради трошоците, и заради тоа што министерот за внатрешни работи беше висок функционер (тоа го задржавме), а другите случаи бевме обврзани да ги вратиме. Затоа ги подготвивме овие
досиеја за враќање во Македонија.„
Ете гледате, да се суди Милошевиќ, сите српски лидери, македонците Бошковски и Тарчуловски - има пари. Да се судат албански терористи кои убивале цивилно население - е за тоа меѓународната нема пари и средства.
Хаг нема што да се буни за амнестијата, тие ги имаа случаите 6 години и не одлучија да процесуираат ни еден. Тоа јасно става до знаење дека за нив терористите не направиле ништо за што би требало да бидат судени.