Овие нека се самораспуштат, како може потпреседателот и според функција во влада втор човек во партија да ти премине во комплетно друга партија на една недела после избори. Не независен, не во фракција, директно во комплетно различна партија. Фали уште Лукаревска да премине во ЗНАМ, или Љупчо Николовски да се префрли во ЗНАМ/ВМРО, и во СДС ќе останат само фракциите на Заев, Оливер Спасовски, ЛДП и НСДП.
На следните локални избори 100 000 гласа ако соберат, можат победа да прогласат.
Плус и со ваквата распределба на пратениците, ќе треба комплетно да ги менуваат начините на распределба на позиции за опозиција како и поделбата на финансии за партии. Не може ДПНЕ со 58 пратеника да делат 50/50 со опозициска партија која најверојатно ќе има 16 пратеника независно дали ќе биде СДС или ДУИ.
Дека најголемата опозициска партија добива Потпреседател на Собрание, добиваат претседателства на комисии во парламент, добиваат претседател на совет за МТВ, еден тон позиции добива најголемата опозициска партија. Сите закони во Македонија во последните 20 години се правени со во предвид дека ќе има само 4 партии и дека ќе има барем една доминанта партија во опозиција.