Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?

  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
Д

Демијан

Гостин
Нема везе коа не гледате што пишувам јас.Фергусон освојува титули и оваа год е во пол позиција поради тоа што има таков тим моментално.Разликата е во класи помеѓу овие два тима гледано по играчкиот кадар.А за тактичката спремност се гледа со каков тим Бенитез стигна до две финалиња во ЛШ.А токму во ова натпреварување се гледа поставеноста на играта.

Лани и Интер беше апсолутен фаворит во дуелот со Ливерпул па ете тактички Бенитез го уби Манчини во тој двомеч.

Кога се гледа фудбал треба и малце да се обрне внимание и на тактиката која се применува нагазување на топка и умртвување на игра кога се има поволен резултат.Тука се гледа стурчноста на тренерот.

За финалето имам зборувано зборувано и мака ми е да се повторувам.

За тактичарот Бенитез, кој после седум години успеа да го совлада Ферги и тоа по наш авто гол и кикс на целата одбрана, не знам што друго да речам освен дека не го бива.
То цели седум години да не можеш да поставиш игра против Јунајтед е срамота, така да не се срами со вакви коментари:helou:
Се гледа дека ти не се разбираш во фудбал доволно ако неможеш да видиш каков страшен тренер е Бенитез.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Кога се гледа фудбал треба и малце да се обрне внимание и на тактиката која се применува нагазување на топка и умртвување на игра кога се има поволен резултат.Тука се гледа стурчноста на тренерот.
.
Во реченицава имаш кажано се што е погрешно во фудбалот, нешто на кое се противев и јас лани кога исто како Ливерпул игравме ние на Ноу Камп.
Бенитез е стручен трењер колку што е и Пол Инс.
 
Д

Демијан

Гостин
Далеку отиде муабетов.Само едно ке ти кажам,Бенитез оваа година нема да освои ништо,а Фергусон е во пол-позиција на сите фронтови и тоа само Премиер и ЛШ игра прв состав тоа другото освои све со младинци и пази Ферги незнае да постави играч.хахаха.Немој молимте не ме смеј.
Иначе да не бидам офтопик ке пишам Милан у наредни 3 кола освојува 9 бода главава ја ставам!
Подобро не ја ставај ќе ја изгубиш.Милан по се изгледа станува "Новиот Интер".Има силен тим а не игра како што треба.Незнам што сакаат тие да направат со таа одбрана.Малдини и Сендерос ти се исто како Зоки Јовановски и Перендија.

Во реченицава имаш кажано се што е погрешно во фудбалот, нешто на кое се противев и јас лани кога исто како Ливерпул игравме ние на Ноу Камп.
Бенитез е стручен трењер колку што е и Пол Инс.

Епа немаат сите тим со играчи како што имаат Манчестер и Барса.Кога немаш доволно силен тим тоа му е единствената шанса.Рафа нема тим како Манчестер ама затоа со каков таков тим ги направи шампиони во ЛШ.Мајсторија е да освоиш таква титула со играчи како што се Финан,Сисе,Луис Гарсија итн.

Може за око не е убав ама сепак тоа е една од клучните работи за успех за недоволно силен тим.
 
Да ама во финалето имаше среќа за три Фергусоновци. Сите знаеме колкава шанса беше таа на Шева во продолжението и среќата на Дудек месечарот.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
како не му е срам ?????
Зошто да му е срам ?? Тоа што си кажа што мисли?? Марчело Липи е ИНСТИТУЦИЈА во Италија.И што сега, не може да си каже сопствено мислење поради Мурињо кој патем е половина година во Италија, а се прави како 10 години да тренира во Калчото?? Едноставно Липи си кажа дека не му се допаѓа тој стил на одбрана на Мурињо, нешто што го кажаа уште многу легенди на калчото, од секој ранг..Сваќам, дека тренерот треба да го одбрани тимот, дека тој е репрезент на тимот, но се си има сопствени граници..Калчото е конзервативно првенство, и таму си постои хиерархија, и се знае кој е кој...
А освен матичниот клуб Интер, досега не видов некој отворено да застани зад Мурињо..

Вечерва во Рим, ќе имало состанок меѓу Донадони и сопственикот на Наполи Де Лауреантис, за да се одлучат дали Донадони ќе биди нов тренер на Наполи од почетокот на наредната сезона...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.847
Поени од реакции
50.225
Вечерва во Рим, ќе имало состанок меѓу Донадони и сопственикот на Наполи Де Лауреантис, за да се одлучат дали Донадони ќе биди нов тренер на Наполи од почетокот на наредната сезона...
леле леле леле аман нека се реализира ова, нека се договорат да се скине од конкуренција за во Милан... :):)
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Зошто да му е срам ?? Тоа што си кажа што мисли?? Марчело Липи е ИНСТИТУЦИЈА во Италија.И што сега, не може да си каже сопствено мислење поради Мурињо кој патем е половина година во Италија, а се прави како 10 години да тренира во Калчото?? Едноставно Липи си кажа дека не му се допаѓа тој стил на одбрана на Мурињо, нешто што го кажаа уште многу легенди на калчото, од секој ранг..Сваќам, дека тренерот треба да го одбрани тимот, дека тој е репрезент на тимот, но се си има сопствени граници..Калчото е конзервативно првенство, и таму си постои хиерархија, и се знае кој е кој...
А освен матичниот клуб Интер, досега не видов некој отворено да застани зад Мурињо..

Вечерва во Рим, ќе имало состанок меѓу Донадони и сопственикот на Наполи Де Лауреантис, за да се одлучат дали Донадони ќе биди нов тренер на Наполи од почетокот на наредната сезона...
бев ироничен , циничиен саркастичен бидејќи тоа не се однесуваше на липи туку на мурињо
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
леле леле леле аман нека се реализира ова, нека се договорат да се скине од конкуренција за во Милан... :):)
Како што се очекуваше..Донадони денес во 11.30 часот ќе биде презентиран како нов тренер на Наполи..Вечерва беше постигнат договорот меѓу него и Де Лауреантис...
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.086
Поени од реакции
45.967
Што се однесува на Мурињо, човекот многу ми смени мислење, а имав огромна почит кон него, ама со своите изјави претера.
Во врска со Амаури, подобро за него би било да игра за Италија од причина што Бразил не практикува игра со таков тип на играч, додека Италија ја има таа игра. Амаури е сличен играч со Тони со тоа што е подобар дриблер. Мислам дека подобро би се снашол во Италијанската репрезентација.
А да беше во Јуве или Милан, вие ке го фалевте? Дајте малце реално да збориме. Цела Италија ја осудува неговата изјава освен навивачите на Интер и сите се идиоти, само тој е паметниот.
Добро бе другар, искрено, доколку Јувентус има тренер кој е подготвен да стори Се за да ја заштити својата екипа ти истото не би го ценел ? Или би те интересирало мислењето на некој фан на Интер или Милан, или мислење на весници блиски до двата тима .
Во изјавата немаше изнесено невистина, факт, немаше некој кој ги демантираше неговите зборови, факт .
Прв кој се вмеша во таа цела ситуација беше Раниери, уште еден факт, кажа дека е рамо до рамо со Спалети поради судиската грешка на штета на Рома . . . и сега Мурињо реплицира, јас сум рамо до рамо со сите оние тренери кои биле оштетени од Јуве сезонава . . . и ? Кажува некоја невистина тука, вреѓа ? Не, само ја презентира реалноста во Италија која е заматена од весници чии акционери се луѓе блиски до Милан и Јувентус .

И ај да го тргнеме тоа на страна, толку ли бе не ја прочитавте целта на таа прес конференција од цели 7 минути ? Кажи ми, се говореше ли за лошата форма на Интер во последните неколку дуели, и тоа пред едно гостување во Џенова каде домашната екипа до минатиот викенд немаше пораз на домашен терен . Дури изиграа и куп меч со Сампдорија каде беа поразени со 3-0, и пак сите се фаќаа ( и сеуште се фаќаат ) за таа изјава на Мурињо, никој не се осврна да даде некој коментар за падот во формата .

Мурињо беше тој кој целосно застана во одбрана на сопствениот тим, беше оној кој не дозволи ни малце да се наруши тимската атмосфера пред мечевите со Џенова и Јунајтед . . . а нели, тоа за фановите на Интер е најрелевантно, тимот за кој навиваат да не претрпи штета, истото влијаеше и за првиот пораз сезонава на Џенова дома, а сите очекуваа кикс на Интер на едно вакво тешко гостување со '' нарушена '' атмосфера во тимот . :smir:

п.с. Дискутирате за ЛШ, за Бенитез и компанија ? Немојте, не ме радујте . . . едвај куцам на тастатура ( постов 3 саата го пишував ) па ај да не бришам, али олабавете ја темава од офтопици .
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136

Јас кажав зошто не го спомнувам поразот на Интер од Сампдорија. Купот на Италија за мене е тотално неважно натпреварување кое е добро да се освои како утешна награда за неуспешната сезона. Затоа изминатиов период за мене беше топ тема интервјуто на Мурињо. Реално гледано во овој период и немаше некои фудбалски бомби од типот пораз на Интер, Јуве или Милан па затоа и главна тема беше Мурињо. А Мурињо директно го нападна Јуве па затоа и морав да кажам дека воопшто не се согласувам со начинот на кој што тој се обиде да го одбрани својот тим, преку оцрнување на друг тим.
Инаку кога ќе има нешто поинтересно, верувам дека тоа ќе биде предмет на дискусија а не изјавата на Мурињо.
 
А

Адриано

а зарем раниери не го нападна директно интер и не се обиде да го оцрни?
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.093
Поени од реакции
5.738
Прв кој се вмеша во таа цела ситуација беше Раниери, уште еден факт, кажа дека е рамо до рамо со Спалети поради судиската грешка на штета на Рома . . . и сега Мурињо реплицира, јас сум рамо до рамо со сите оние тренери кои биле оштетени од Јуве сезонава . . . и ? Кажува некоја невистина тука, вреѓа ? Не, само ја презентира реалноста во Италија која е заматена од весници чии акционери се луѓе блиски до Милан и Јувентус .
Syn, должноста на Мурињо да застане позади својот тим никој не ја оспорува, туку тоа е за поздравување..Абете (Претседателот на ФИГЦ) изјави дека се си има свои граници, и нормално би било Мурињо да го одбрани својот тим, ама дека Мурињо овој пат ги претерал границите, одбранувајќи ги.. И јас истото го реков..Мурињо сигурно не беше обвинет поради изјавата дека и тој е рамо до рамо со Прандели итн, во 7 минутното интервју тој рече и многу други работи, плукна во се Италијанско, а во Италија важат конзервативни правила, и просто не си дозволуваат некој што е 6 месеци во Италијанскиот фудбал така да плука врз Калчото..И изјавите на Спалети и на Раниери беа земени на истражување ама ФИГЦ не најде основ да покрене обвинение, така да залудно е ова префрлање на топката..

Едно од трите обвинениа што ги потегна ФИГЦ доби завршница..Тоа е случајот со Де Роси, кој доби забрана за настап на наредните 2 натпревари во Калчото..
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41

Де Роси доби казна за црвениот картон на дуелот со Удинезе. Сеуште нема развршница на постапката против Мурињо, Балотели и Де Роси.

Сите викате дека Мурињо упатил навредливи зборови особено кон Јуве, па имаше и официјално соопштение во кое се бараше извинување.

Ај ако може да кажете кои се тие навредливи зборови
 
А

Адриано

Гостин
штета излезе јувентус инаку сметав дека оваа година ке доминираат италијанците.
ова е лошо за интер и за италија.
за интер бидејки јуве ке може да се концетрира на скудетото(ако има намера),а за италија зашто не успева да го докаже сјајот што го има во себе.
 
Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.539
Поени од реакции
5.526
Ништо од Рома, Интер и Јуве... барем еден тим да поминеше бе :P
Јуве и Рома изиграа на ниво, добро се покажаја но немаа среќа... а Интер слабо изигра, ниту гол не успеаа да постигнат.
Ај наредната година на чело со Милан ќе го обелиме образот на Италија :pos: :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom