- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.384
- Поени од реакции
- 69.344
Базби мазби не знам што глупости да оправдаш дека пред 90тите не сте постоеле на мапа.
Јунајтед имал успешен период од 1955-1969-та. Јунајтед е првиот тим од Англија кој има освоено Европски куп. 56-та и 57-ма имаат освоено две лигашки титули со состав кој имал 22 години во просек и кој требал да ја доминира лигата наредните години. Нажалост, авионската несреќа 58-ма каде загинуваат половина тим ги има бајаги осакатено до стадиум да сакаат да го згаснат клубот.
Неколку години подоцна, доаѓа на сцена триото Чарлтон, Бест и Денис Ло, пак со две последователни лигашки титули. Од 70-та до 90-та е доминација на ливерпул каде Јунајтед ептен нешто ситно има, слично на Интер, пост Ерера ерата.
Така да, 4 од 20-те титули на Јунајтед се освоени кога не сме постоеле на мапа, ко што викаш.