Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Доколку Арсенал ја тргнат менталната бариера дека играат против Јунајтед на Олд Трафорд, има да ги утепаат.
Реално Арсенал само сам може да се победи натпреваров, буквално Јунајтед не може со апсолутно ништо да му се закани на Арсенал.
Сезонава покажаа дека се малце ојачани во поглед на менталитет, се гледа дека Артета има работено во овој сегмент кај играчите.
Мислам дека сезонава се екипа со највеќе победи во однос на топ 6 екипите во лигата.
 
Сезонава на Арсенал потсеќа на овие две на Ливерпул, каде што и да направиш ништо не е доволно (иако Арсенал се секако малце послаби од овие сезони на Пул)

Прегледај го приврзокот 415886
Ехх сеа немој така брат пошто може Боро да ти дојде и да рече дека и Манчестер 2 пати бил второ место исто колку и Ливерпул, тука негде се и со пласманите општо откако Клоп им е тренер. :kafence:
 
Е сега за жива глава нема да го откачат Мегваја.
 
Сити прави колку што е доволно секој пат :)
Научија дека им се може со квалитетот и целосниот тим што го имаат.
Ако не ги казнат летово и остане све исто, очекувам лагано пак у декември да се трето место негде и пак сигурни шампиони да бидат на крај на сезона
 
Оној Серко Џим Ратклајф стварно изгледа планира све енглези да им бидат и тренер и играчи, има и Стоук Сити да го засенат со стилот на игра.
 
Максимум пола сезона му давам пред да почнат муабетите за #SouthgateOut
Човеков има таква некоја аура за што и да направи луѓе го хејтаат, а и башка не дека е некој генијалец, ама буквално истово ова што му се случува со репрезентацијата ќе му се случува и на посериозно ниво со Јунајтед.

За со Англија е лесно, еднаш на 2 години ќе играат ЕП/СП и ќе добива хејт дека игра досаден фудбал, дека лош состав прави, дека требало да го викне Х а не Y, дека е грешка што не е повикан овој наместо оној...
Ама кога ќе игра два пати неделно.... Кога ќе скокнат арапи, балканци и африканци на интернет.... Ќе биде ептен хејтан онлајн, дури и победи нема да му се слават ако делува неубедливо и дефанзивно
 
Ехх сеа немој така брат пошто може Боро да ти дојде и да рече дека и Манчестер 2 пати бил второ место исто колку и Ливерпул, тука негде се и со пласманите општо откако Клоп им е тренер. :kafence:
Ај ќе му дадеме една почесна титула на Клоп оти имал 90+ поени два пати, а сепак бил втор. :angel:
 
Ај ќе му дадеме една почесна титула на Клоп оти имал 90+ поени два пати, а сепак бил втор. :angel:
Мислам дека најфер е да им се одземат на Сити и да се префрлат на Флоп. :D
 
Ај ќе му дадеме една почесна титула на Клоп оти имал 90+ поени два пати, а сепак бил втор. :angel:
Ти реков и прошлиот пат, Манчестер ни кога освојувал титули не стигнал до 90 бодови.
 
Ти реков и прошлиот пат, Манчестер ни кога освојувал титули не стигнал до 90 бодови.
Клучниот муабет во целата приказна е освојувал титули. Фудбалот се игра на титули, не на освоени бодови што не ти носат ништо. Или вторите места со 90+ поени вредат повеќе од титули со по 85-6 бода?
 
Клучниот муабет во целата приказна е освојувал титули. Фудбалот се игра на титули, не на освоени бодови како бројка. Или вторите места со 90+ поени вредат повеќе од титули со по 85-6 бода?
Не, ама упорно пробувам да ти укажам на тоа со каква надреална конкуренција се соочуваше Клоп, да освои 90+ бодови а притоа да не освои титула. Тоа е само еден доказ колку беше јак Ливерпул под негова команда, а не со твоите спинови абе и Манчестер 2 пати заврши втор и тука негде се у пласмани.

Она што сакаше да го кажеш за 15-20 години никој немало да го памти Клоп како успешен тренер и Ливерпул како машинерија под негово водство пошто ете освоиле 1 ПЛ титула и 1 ЛШ.
Друго, коа те рчнав дека Манчестер од 150 години историја само 20 доминирал, спинуваше абе англиско многу шампиони имало, конкурентност, Базби мазби не знам што глупости да оправдаш дека пред 90тите не сте постоеле на мапа.
 
Па ти испишав цела историја и скроз истото важи и за двата тима. Ливерпул доминирал во 70ти и 80ти, Јунајтед во 90ти и 2000ти. Пред доминацијата на Ливерпул, двата тима заедно со Арсенал биле на титула едни од други, со тоа што Јунајтед имал и Европски куп за разлика од другиве. Како тоа не постоеле кога буквално биле најдобар англиски тим пред 70тите?

За Клоп не кажав дека никој нема да го памти како тренер, туку дека тоа што ќе се памти е дека Сити земал 6 титули, а тој една. И тоа е факт. Фудбалот се игра на титули, се друго е споредно. И Фергусон да не беше, Венгер ќе имаше бар уште 3 титули, и Реал да не беше Сити ваљда ќе земеа 3 пати по ред ЛШ, и Барса да не беше Јунајтед ќе беше првиот тим што ја одбранил ЛШ во новиот формат, ама беа.

Таков е спортот, колку и да си добар, ако има некој подобар, пак ќе го јадеш. Опциите ти се две - стани подобар или прифати си дека си втор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom