Решив веќе да одбегнувам да пишувам лични работи на форумов ради ликови како Ронче, он ни е пример ама ги има многу ама пошто те гледам реален и искрен, ќе те придружам.
Јас живеам и работам во Кемптен, Баварија. Работам како поштар/доставувач во Deutsche Post/DHL. Тазе сум мигриран, имам само еден пријател близок со кој се дружам, тука сум 7 месеци и многу пати ме јаде истава мисла и носталгија за назад. Ама знаеш што ме враќа? Тоа што кога ќе помислам што би работел долу, колку би заработувал и во каква држава/систем живееме долу, едноставно, моментално не гледам перспектива долу. Додека бев долу, сменив едно 4-5 работни места, а по професија сум дипломиран професор по англиски јазик, завршив и академија за QA, бев без работа 7 месеци пред да заминам за горе. За разлика од други, не кривам никој, пробав се што имав намислено да пробам долу за да „успеам“ ама не ми се погоди момент/среќа како сакаш кажи го. Уште сум на мисла дали да се вратам назад или да седам тука, не го знам јазикот воопшто, ептен основно да се разберам и тоа моментално многу ме кочи ама е лесно надминливо.
Животот овде ми е океј, стварно неможам да се пожалам освен што премногу ми фалат најблиските. Работата не ми е многу тешка, ми се свиѓа што имам апсолутна слобода на работа, немам никаков притисок или стрес и карактерно ми годи што сум во движење, плус работно време ми е флексибилно, ако си завршам порано, си бегам порано и едноставно, како за почеток повеќе од добро ми е. Има македонци, балканци, ги имам и на работа и вака се запознавам со луѓе лесно ама пак не е тоа, тоа, да знаеш. Едноставно тие другарства, врски што ги имаме градено долу со ништо не се заменува, ако ти тоа фали.
Јас од тој аспект би ти препорачал да размислуваш, не знам што си по струка, едно друго ама размислувај што би работел, колку би заработувал зошто доле како обичен радник, без врски, партии, 40к ти е некој максимум што ќе го стигнеш а рачунај иста храна, сметки како во Германија само што нема да плаќаш кирија и ќе живееш во знаеш и сам каков систем и држава.