Те читам подолго време како верглаш дека Апасиев е крив за името. У реду е, бил во шарената револуција, ама од 5000 луѓе само он ли е крив. Башка тогаш шарената немаше врска со името.
За шарената крива беше вмро самата пошто забегаа последните години. Кај нас не се гласа за партија, туку против и така и беше и тогаш. Најпаметно ќе беше после бомбите, Груевски да се повлечеше и претседател на партијата да беше човек без никакви дамки (мој предлог е Никола Попоски башка и ценет во Брисел), ама не, алчни беа братучедите. Затоа и настана револуцијата. Друго за името убаво ти кажаа, без вмро немаше да имаат доволно гласови, барај ја кривицата таму.
Кај нас проблемот е што кога доаѓа нова партија на власт, во кампањите устата пена им фаќа колку криминали правеле претходниците и кога ќе дојдат на власт ништо не им прават.
Е тука доаѓаме до друга работа.
Сдс место да ги реши криминалите на вмро, они што направија. Го пуштија Никола да избега, им ги застарија скоро сите дела на Орце и Сашо и ги продолжија матните бизниси со нив и други лица од Вмро. Со ова и со ред други глупости што ги направија стигнаа до ова ниво кај што и нивните не ги гласаат. Истото се случи на локалните, ниту еден претходен градоначалник не одговараше за ништо.
Е сега Вмро ако дојде на влас и не пикне никој во затвор од Сдс и Дуи, пиши пропало на државата. Ќе се вртиме само во круг.