Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобриот играч во напад кој создаваше шанси за гол сега ни е аут до крај сезона , неверојатно какви малери сме ..

Да не заборавиме и на Мицевски кој реално ни е најдобар играч во средина и без него играме од октомври и сега буквално останавме без двајцата најдобри играчи до крај , останува на Михајлов да види која формација е најдобра без Лемос ..

Не ни останува ништо освен да даваме поддршка и да се бориме до крај , секој бод до крај е битен и верувам дека играчите ке се борат до крај ..

Малер бевме и во РК Вардар кога јапонецот се повреди и ја изгубивме титулата , но овде е побитно да се спасиме и верувам сите би дале титула во ракомет само овде да не посака среќа и да дојдеме до бараж ..
Гледајќи го распоредот може клучна утакмица на Вардар да биде гостувањето во Штип и тука мора во најмала рака да се извади бод.Во случај да се изгуби тоа да не биде над два разлика зашто во случај на ист број бодови решава меѓусебниот дуел.Мое мислење е дека Вардар има сигурни три бода со Тиквеш па и со Ѓорче кој мислам нема шанси да се спаси,а со Силекс незнам што да очекувам,иако не се борат за ништо зафркнати се и како за инает да играат против Вардар.
 
Вардар - Тиквеш е последно коло на 19 мај а три дена после тоа они играат куп финале со Воска и сигурно со нас ке играат со втор состав(и онака 4 место се неможат ни горе ни доле ) , така да тука и ја сметам сигурно победуваме .

Клучно ке биде во Штип да земеме барем бод, добро е што и со Ѓорче и со Брегалница имаме позитивен биланс во меѓусебен па можеме и со исто бодови да бидеме пред нив.
 
Прв пат во живот сум песимист за Вардар. Во следните две утакмици се крши сезоната, а ние влегуваме во најлоша форма. Ако паднеме на 11 место, после утакмицата со Брега. Нема враќање назад. Штипјани ќе ги добијат последните 3 утакмици.
 
Вардар - Тиквеш е последно коло на 19 мај а три дена после тоа они играат куп финале со Воска и сигурно со нас ке играат со втор состав(и онака 4 место се неможат ни горе ни доле ) , така да тука и ја сметам сигурно победуваме .

Клучно ке биде во Штип да земеме барем бод, добро е што и со Ѓорче и со Брегалница имаме позитивен биланс во меѓусебен па можеме и со исто бодови да бидеме пред нив.
19 мај може да биде празник на навивачки план,тогаш е и финалето куп ракомет ,незнам како ќе биде со тајминг ама од стадион може да се иде во сала ако имаме време да стигнеме и ако се пласираме секако.
 
Толку е од сезоната.
Само на добра воља може да не спасат некои клубови. Без Лемос нема што да бараме во лигава, ниту еден гол не можеме да дадеме. Глишиќ ни е најопасен играч кон противнички гол, се е кажано со тоа...
 
Според мене повеќе од битно за нас е наредна утакмица со Пандев да земеме бодови а Брегалница и Ѓорче да изгубат.
Потоа ако не изгубиме во Штип имаме кажи речи сигурен бараж.
 
Џабе си правите пресметки во оваа наша ебана лига секој може секого да победи.Нема врска противникот,нашите нека играат машки до крај па што сака нека биде,наше е следниве 5 утакмици да грмиме на трибини а другото има кој да мисли.
 
Од сега е јасно дека ќе се бориме за бараж. @Saber Rider прати па ако може да каже дали имаме квалитет да се носиме со екипата од Плачковица.
 
Од сега е јасно дека ќе се бориме за бараж. @Saber Rider прати па ако може да каже дали имаме квалитет да се носиме со екипата од Плачковица.
Сите прволигаши се поквалитетни од Детонит и не би требало да имате проблем да победите.Најдобар им е Иван Настевски но мислам лесно ќе се справите со нив
 
Толку е од сезоната.
Само на добра воља може да не спасат некои клубови. Без Лемос нема што да бараме во лигава, ниту еден гол не можеме да дадеме. Глишиќ ни е најопасен играч кон противнички гол, се е кажано со тоа...
Па и ти можеше да не спасиш ама реши да одиш на утакмица место да ја пропуштиш. Гробарите на Вардар, Панчев, Камчев, Марчев!
 
Па и ти можеше да не спасиш ама реши да одиш на утакмица место да ја пропуштиш. Гробарите на Вардар, Панчев, Камчев, Марчев!
Таков наслов излезе во весник само без последниот,на негово место беше Брацо.
 
Јас само не знам до кога ќе чекаме други да решаваат за нас, ние требаше сами да си ја решиме работата. Сега веќе притисокот е уште поголем и многу потешко ќе биде за играње.
 
Момци,нема предавање.Може ова ќе створи поголема побуда кај играчите и мотив плус да изгинат на терен и да ја завршат работата дури и без нашите најдобри играчи.Малери не бијат,тоа е сигурно но уште по сигурно е кога сите ќе не отпишат и кога изгледа дека се е црно,излегуваме по цврсти и се дигаме ко феникс од пепелта.Наше е да оставиме срце и глас на трибини во наредните утакмици,никој од нас не смее да си дозволи да не биде дел од копот.НАПРЕД ВАРДАР !!
 
Дечки, маица заветна кај можам да купам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom