Фан Клуб: Вардар

Член од
25 октомври 2023
Мислења
68
Поени од реакции
457
Да се запраша човек…со убаво,со добро,со исплатени плати, со цела наша фер подршка,крв и пот оставивме за овој клуб и тоа така ќе биде .Дали пак треба да се држат лекции на тренинг,да се влага на терен и платите да доцнат па нозе да
искршат на терен да ја заслужат.Ова денес беше шлаканица за нас сите верни навивачи на Вардар,ова беше мизерија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.973
Ми се плаче, срце ме стега...

Имав некое чувство дека ќе усереме, а кога видов дека Лемос се повреди, искрено се плашам дека нема ни бараж да фатиме.
Не знам што да кажам, изгледа одигравме неколку кола во еуфорија, кога не се очекуваше многу од нив и се залажавме.
Џабе се вика по играчите, тој е квалитетот во нападот. Шушњара е најумрен играч што сме го имале после Илбер Али и Благојче Гешоски на стари години. Умрен, едвај стои на нозе. Солзи ми потекоа кога го направи спринтот во второ полувреме.
На крај само Ѓуриќ се покажа океј, џабе негодував кога го потпишавме.
Брда дефанзивно преслаб, Глишиќ исто, едино што ги подобри нафелувањата и само така креираме шанси.
Средината мртва, што повеќе да ср каже кога Пато ни е најдобар играч. Дечкото игра од срце, душа остава на терен. Ама џабе кога го нема квалитетот на Панта на пример. Бришки во средина е очајна опција.
Не пресече повредата на Лемос. Швајц пак со 0 учинок, џабе само менуваше страни, некои дриблинзи безвезални, никаков импакт денес.
И секако, на китарата Алтипармаковски Мацата. Очобол, исти ранг со Шушњара.
Полжави. Жими се јас сум поподвижен од овие кога играм фудбал, а важам за најспор играч на светот.
Нема што да бараме, што да ги строиме, толку е квалитетот.
Имавме три добри шанси, копилето Захов ги одбрани. Му ебам мамицата негова.
Нема среќа Омерагиќ да даде гол, беше добро поставен во сите ситуации, ама завршница 0. За таа шансата што ја утна во прво полувреме, тројца беа сами. Како успеа да го погоди Захов не ми е јасно...
Јас пак ќе кажам, не знам зошто не се проба со Сусо и Омерагиќ заедно во нападот.
Секако кој и да игра како полунапаѓач, никаква улога нема.
Мујезиновиќ имаше океј партија откако влезе.
Остана впечатокот дека ептен меко влегоа, без дуел игра, за разлика од гостинот кој знаеше што сака.
Ама пак ќе кажам, можеби и премногу бараме од нив, толкаво е знаењето...
Џабе таквите сцени на крајот, тотално непотребно да се случува јавен линч на играчи сред ТВ пренос. Сепак сме во ептен лоша позиција, на раб директно да испаднеме и такви работи нема да донесат ништо добро. Беа посетени на тренинг, може ќе добијат некаква казна на плата, ама на крајот од денот тие се играчите кои треба да донесат опстанок, немаше потреба од таков јавен бродолом.
Не ми се верува, 0/9 бодови со Воска, 0/9 со Слога, 1/9 со Шкендија, 2/9 со Гостивар и 3/9 со Струга.
Тоа се вкупно 6 бода од можни 45 бода. Па не може толку мотивирано да играат со нас албанскиве екипи и толку бода да ни земат маме му ебам.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.873
Поени од реакции
7.683
Играта денеска како и времето надвор, никакво, лигаво, тмурно, на моменти ќе се појави некој зрак сонце колку да залаже, ама далеку од топло и сончево, ќе создадеме некој добар зачеток на акција и после следува катастрофален центаршут за никого, многу грешни додавања, создадени неколку шанси кои немаше кој да ги искористи, Омераѓиќ од 5 метри успеа право во голман да погоди, Алтипармаковски премногу спор, не може да се отвори, да прими топка, да упати удар, се на се ептен килава игра.

На крајот и јас се согласувам дека немаше потреба од такви сцени, има уште натпревари за играње, има шанси за поправен, не е се загубено, да не заборавиме каде бевме на полусезона и каква игра имавме, тотално немоќни бевме против сите екипи, заковани на последно место.
Сега барем сме во по поволна ситуација, врзавме неколку победи и мислам дека и покрај денешниов пораз сеуште сме со реални шанси за опстанок.
Јасно е разочарувањето на луѓето, само мислам дека треба да се одвикнеме од муабети на трибина од типот "Земаа плата што сакаат".
Нормална работа е за секој играч да земе плата, без разлика како игра, ако некој не ги исполнува очекувањата на тренерот и стручниот штаб може да биде седнат на клупа и да не му биде продолжен договорот.
Се надевам и искрено верувам дека додека клубот е воден од Комити платите ќе бидат редовно исплаќани и нема да имаме никакви нови долгови.

Не треба да паѓаме после овој пораз, има уште доста натпревари за играње, сега е клучниот период од сезоната и треба да им се даде најголема поддршка на играчите.
Сите знаевме дека нема да биде лесно и едноставно, затоа борбата продолжува!
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.637
Поени од реакции
6.424
Реално и повеќе бодови имате од тоа шо очекував и со овие играчи шо ги имате мислам дека е и поќе од максимум .
Веројатно резултат е на тоа шо играте во Маџари , да игравте на градски ќе бевте минус барем 10 бода од овие сега.

За тој шпицот мора да ви игра оти инаку ќе треба да плаќате превоз за играчите на гостување.

Како и да е се надевам дека ќе се спасите , а и да играте бараж мислам дека сте поквалитетни од Детонит , жалосно е Беса да биди прва лига , а Вардар во втора .
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Оваа сезона ни еднаш не земавме бод кога противникот прв ни дава гол , едноставно овие играчи немаат квалитет да се вратат во игра од негатива и да ги пробијат екипиве кои умешно се бранат , башка денес и со повредава на Лемос ни беше уште потешко во создавање шанси за гол ..

Воска е заебана екипа затоа и стигнаа до финале у купот , но денес нашиве мораше од прва минута да гризат на терен и да нападнеме од почеток , ние почнавме млитаво и Воска прва си даде гол и потоа паметно си одигра на резултат ...

Не е ништо изгубено , добро е што и
Ѓорче и Брегалница ова коло изгубија па среќа бодовната разлика остана исто , но со победа денес ке се одлепевме на + 6 и помирно ке влезевме во наредните утакмици.

Имам критика за Михајлов , Алтипармаковаки не смее да игра веќе прва постава , го игра 10 ка позади Омерагич ама дечкото е паднат од форма и игра како манекен , неможе еден дуел да добие ..

Омерагиќ влага у шанси ама нема завршница, многу бодови не коштаат неговите промашувања и претходно и денес, мислам дека Сусо заслужува повеќе минутажа , наредна играме со Брера у гости мислам дека повеќе ни лежи нивната игра него ли на Воска , а потоа следат најбитните мечеви со Брегалница и Ѓорче ..
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Се согласувам со повеќето дека немаме подобар младинец од Омерагиќ, ама тоа не значи дека треба упорно да го играме секој натпревар по 90 минути и секој натпревар да не кошта бодови и бодови и бодови... Искрено јас очекував многу повеќе од детето и мислев дека ќе испука 10-тина гола, поготово во ситуација кај што немаме буквално никаков напад и секоја топка оди на него, ама редно време е малку да се подружи со клупата, па макар и да играме без класичен напаѓач коло-две, секако ќе биде ист резултатот дали со него или без него на терен... ако мислеа дека после победата со Струга заврши сезоната,а делува дека така мислеле, тогаш гадно се заебале, додека не е касно нека се запотат малку и нека почнат да се трудат малку повеќе, никој не бара сензационални победи или пласман во Европа, едноставно да се види дека се трудат и дека има желба како што имаше до пред некое коло, зошто плати имаат, поддршка имаат како што никој нема во оваа лига, останатото е на нив, дека можат видовме и со Искра и со Струга...
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
84
Поени од реакции
204
Malku treba da se namali so taa retorika okolu isplatenosta na fudbalerite, vo stil zimate plati mora da pobeduvate. Pa gledaj cudo, plata zimaat i drugite ekipi i toa visestruko pogolemi od tie na Vardar i ne e ednostavno da se pobedi ekipa koja e podobro postavena i generalno podobra od tebe. Kaj sto se limitirani so kvalitet, pa uste i sega isplaseni od performansot posle utakmica mozam da zamislam na sto ke licat na sekoja naredna utakmica. Baska sto sekoja sledna utakmica e borba za zivot, a gledame deka mentalno ne se bas nasjtabilni fudbalerite na Vardar, a i strucniot stab isto taka. Sledam fudbal dolgo vreme, igracite na Vardar mozebi bea i najborbeni vcera vo cela sezona, no taa borbenost ne igra uloga koga imas kvaliteten i hrabar protivnik protiv sebe. Sakas a ne mozes...
 
Член од
17 јули 2021
Мислења
52
Поени од реакции
78
Има ли некое инфо колку ќе отсуствува Лемос?
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
354
Поени од реакции
1.995
Откако пишав дека очекувам сигурен опстанок - глава не кренавме… Со (барем) 4 бода од претходните два натпревари ќе бевме сега малку порастоварени, а вака многу лесно може се да отиде у три лепе.

Ќе ја сонуваме Воска како што Веспрем не сонува нас, место да им скроиме капа и да ги пратиме во неповрат, сега сме во ситуација каде што лесно може нас да ни ја скројат, посебно ако останеме без Лемос.

Лека полека за некоја година македонски клубови ќе има само по приватниве школи.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.173
Поени од реакции
7.335
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Најдобриот играч во напад кој создаваше шанси за гол сега ни е аут до крај сезона , неверојатно какви малери сме ..

Да не заборавиме и на Мицевски кој реално ни е најдобар играч во средина и без него играме од октомври и сега буквално останавме без двајцата најдобри играчи до крај , останува на Михајлов да види која формација е најдобра без Лемос ..

Не ни останува ништо освен да даваме поддршка и да се бориме до крај , секој бод до крај е битен и верувам дека играчите ке се борат до крај ..

Малер бевме и во РК Вардар кога јапонецот се повреди и ја изгубивме титулата , но овде е побитно да се спасиме и верувам сите би дале титула во ракомет само овде да не посака среќа и да дојдеме до бараж ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom