Гледајќи го распоредот може клучна утакмица на Вардар да биде гостувањето во Штип и тука мора во најмала рака да се извади бод.Во случај да се изгуби тоа да не биде над два разлика зашто во случај на ист број бодови решава меѓусебниот дуел.Мое мислење е дека Вардар има сигурни три бода со Тиквеш па и со Ѓорче кој мислам нема шанси да се спаси,а со Силекс незнам што да очекувам,иако не се борат за ништо зафркнати се и како за инает да играат против Вардар.Најдобриот играч во напад кој создаваше шанси за гол сега ни е аут до крај сезона , неверојатно какви малери сме ..
Да не заборавиме и на Мицевски кој реално ни е најдобар играч во средина и без него играме од октомври и сега буквално останавме без двајцата најдобри играчи до крај , останува на Михајлов да види која формација е најдобра без Лемос ..
Не ни останува ништо освен да даваме поддршка и да се бориме до крај , секој бод до крај е битен и верувам дека играчите ке се борат до крај ..
Малер бевме и во РК Вардар кога јапонецот се повреди и ја изгубивме титулата , но овде е побитно да се спасиме и верувам сите би дале титула во ракомет само овде да не посака среќа и да дојдеме до бараж ..