Не знаев дека Виетнам е на граница со САД па затоа САД морале таму да бранат есенцијални за преживување интереси. Како некој да ги организира, радикализира и наоружува доморотците во Америка и Мексико, топтан со латиносите - па САД морале да се бранат како СССР што морал да го брани Кафказот, и како што Русија сега мора да се брани во Украина (а пред некоја деценија го бранеше и Кафказот) од истите тие САД... НА СВОЈАТА ГРАНИЦА.
Во реалноста Виетнам е на другата страна на земјината топка.
Не е точно. Никогаш Авганистан не бил егзистенцијална закана за СССР или Русија, без разлика што делеа граница.
Иронично, последиците од војната во Авганистан го забрзаа распадот на СССР, но тоа е како директна последица на заглавеноста и загубите таму.
Ако беше така, заради границата, САД ќе влезеа во Куба истиот момент кога Кастро дојде на власт таму.
Патем, КаВказот е далеку од Авганистан. Многу далеку.
Но муабетот тука беше за како СССР и САД војуваа во Авганистан и Виетнам.
А тоа било многу лошо за локалното население.
САД користеа хемиско оружје, бомбардираа градови, СССР чистел села, биле безмилосни кон цивилите.
САД се криви за војната во Авганистан колку што СССР е криви за војната во Виетнам.
Но барем се покажа дека дури и САД во глобален аспект се само експедициона воена сила, неспособна за логистика потребна за голема масовна копнена војна далеку од своите граници.
Војните во Ирак (х2), Виетнам, Авганистан, Кореја го зборуваат токму спротивното.
САД се неколку места над вторите на листата кога се работи за логистика.
Види им ја карго-авијацијата, колку бродови за поддршка имаат, ќе ти стане јасно.
Ништо чудно, наредните 10 држави на листата да немаат толкав капацитет каков што има САД.