Ај нека се пакова Тен Хаг уште вечерва, доста му е. 3 бода од последните 4 утакмици, каде реално требаше да земи трипати повеќе, фала пријатно. Нека дојде некој од типот на Гигс, Оле до крај на сезона, можеби ќе направиме ќеф некоја утакмица и од лето со нови сили.
По нивна лева страна ни ебаа мајката цела утакмица, па префрли го Бисака таму теле едно, сигурно би затворал повеќе од Далот. По не знам кој пат ќе пишам, кој кур бара лево Бисака на секоја утакмица?
Tен Хаг е за многу што виновен, ама последниве 3 утакмици, играчите во последните секунди правеа епски глупости кога тимов имаше водство. Индивидуални грешки, аматеризам невиден. Не задржаа водство против Бренфорд ни 2 минути, примија 2 гола во една минута со Челси, направија ултра глуп пенал со ливерпул.
Викаш, да го стави Ван Бисака десно, Дало лево. Па баш Дало на лев бек направи пенал против Челси. Наредната, го проба Ван Бисака против ливерпул, и овој направи пенал. И не е проблем бекот што игра на десна страна, проблем е што Гарначо ниту еднаш не го покри својот играч, затоа што таму напаѓаа и левото крило, и левиот бек. Тука мора двајца играчи да затворат, не само едниот бек. И ја таргетираа таа страна, зашто Камбвала мораше таму да покрива, па идеа на неговото неискуство, и добија.
Очигледно е дека Маунт мораше порано да влезе, а не да му даваш 10 минути на лажичка, и да не можеш да му најдеш место во стартна постава.