Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
13 август 2023
Мислења
639
Поени од реакции
1.521
Tен Хаг е за многу што виновен, ама последниве 3 утакмици, играчите во последните секунди правеа епски глупости кога тимов имаше водство. Индивидуални грешки, аматеризам невиден. Не задржаа водство против Бренфорд ни 2 минути, примија 2 гола во една минута со Челси, направија ултра глуп пенал со ливерпул.

Викаш, да го стави Ван Бисака десно, Дало лево. Па баш Дало на лев бек направи пенал против Челси. Наредната, го проба Ван Бисака против ливерпул, и овој направи пенал. И не е проблем бекот што игра на десна страна, проблем е што Гарначо ниту еднаш не го покри својот играч, затоа што таму напаѓаа и левото крило, и левиот бек. Тука мора двајца играчи да затворат, не само едниот бек. И ја таргетираа таа страна, зашто Камбвала мораше таму да покрива, па идеа на неговото неискуство, и добија.

Очигледно е дека Маунт мораше порано да влезе, а не да му даваш 10 минути на лажичка, и да не можеш да му најдеш место во стартна постава.
Далот кај сакаш носи го, во добар дел случаи дупка е позади, офанзивно можеби ќе понуди нешто. Бисака разбирам против Ливерпул да го игра кај Салах, ама против Брентфорд, Бормут никако не можам да сфатам.

Ериксен колку и да не може да издржи јако темпо, за 20тина минути би бил од корист сигурно, Маунт по 10 минути го става на утакмица, хаос е тимот на терен, во македонска лига има поорганизирани екипи. Имам впечаток дека веќе знае дека ги брои последните денови во Јунајтед, чисто чека да заврши сезоната и да замини.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
281
Поени од реакции
370
Tен Хаг е за многу што виновен, ама последниве 3 утакмици, играчите во последните секунди правеа епски глупости кога тимов имаше водство. Индивидуални грешки, аматеризам невиден. Не задржаа водство против Бренфорд ни 2 минути, примија 2 гола во една минута со Челси, направија ултра глуп пенал со ливерпул.

Викаш, да го стави Ван Бисака десно, Дало лево. Па баш Дало на лев бек направи пенал против Челси. Наредната, го проба Ван Бисака против ливерпул, и овој направи пенал. И не е проблем бекот што игра на десна страна, проблем е што Гарначо ниту еднаш не го покри својот играч, затоа што таму напаѓаа и левото крило, и левиот бек. Тука мора двајца играчи да затворат, не само едниот бек. И ја таргетираа таа страна, зашто Камбвала мораше таму да покрива, па идеа на неговото неискуство, и добија.

Очигледно е дека Маунт мораше порано да влезе, а не да му даваш 10 минути на лажичка, и да не можеш да му најдеш место во стартна постава.
Делумно се согласувам, Далот ништо не го пере од ваквите перформанси последните неколку утакмици, зошто Гарначо? Па тоа е зона на Далот кој впрочем многу се глупира и заглавува напред па некој друг мора да му ја покрива позицијата,а пази сега оди напредеа нема никаков импакт,гол,асистенција дури ни шанса како преѓе коа истрча цел терен место да центрира на Расмус,застана и направи фаул у напад. Дефиниција за аматеризам и простоќа.
Пеналот кој го направи Ван Бисака беше непостоечки, видов уште 100снимки секако беше врз топка стартот, ама тоа што никој не ги спомнува таквите ситуации а ги имаше барем 10-15 е друга и долга тема за разговор,зборам за тие што треба да се жалат,тренер,капитен и слични на нив.
Првиот дел каде што ги критикуваш фудбалерите за лесни голови се согласувам таму
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.040
Поени од реакции
1.139
Ај нека се пакова Тен Хаг уште вечерва, доста му е. 3 бода од последните 4 утакмици, каде реално требаше да земи трипати повеќе, фала пријатно. Нека дојде некој од типот на Гигс, Оле до крај на сезона, можеби ќе направиме ќеф некоја утакмица и од лето со нови сили.
По нивна лева страна ни ебаа мајката цела утакмица, па префрли го Бисака таму теле едно, сигурно би затворал повеќе од Далот. По не знам кој пат ќе пишам, кој кур бара лево Бисака на секоја утакмица?
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
281
Поени од реакции
370
Мој став е дека на Тен Хаг треба да му се даде уште една сезона, освен ако тој самиот не мисли дека неможе подобро, инаку многу од играчите му беа наследени,многу од нив донесени против негова воља или биле 2-3 опција, а и многу од нив сакаше да продаде. Ако додадеме и дека имаше многу повреди може и да сме задоволни од сезоната,никако од играта,од перформансите на играчите и слично.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.089
Поени од реакции
7.583
Со оваа игра не добива уште сезона Тен хаг, треба ептен да утнат Вила и Спарси за да фатиме лига на шампиони а ИНОС нема да му даде шанса без лига на шампиони.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.739
Поени од реакции
6.673
Едно е само сигурно . До крај да си ги типуваме ГГ4+ барем добитни да сме :LOL:. Ако успеат да го задржат ова 6то место е супер успех со оглед на околностите.
Рестартот да започне веднаш следниот ден откако ќе заврши првенството. Да почне чистката и да се донесат играчи 20 - 25 год. Не преплатени ѕвезди. Доста сме отпад за другите клубови. Да се почне сега да се гради нешто од кое ќе видиме резултати по 3-4 год. Успех преку ноќ, нема!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.832
Поени од реакции
63.532
Никогаш не сум бил повеќе неодлучен за тренер од ова сега за Тен Хаг. Кога требаше Мојс да си оди, јасно беше, исто и со Ван Гал, Мурињо, Оле.

Колку добри работи направи првата сезона, толку и глупости направи потоа. Би сакал да му дадат здрав ростер до Нова Година, со нови играчи, и да видиме што би можел да направи кога има тим каде што не мора да менува одбрана секоја утакмица. Ако нема подобрување, пакувај го за Нова Година, зашто летово ке биде многу лош период за носење тренер, уште па со Саутгејт и Потер не поврзуваат. Алонсо ке си остане во Леверкузен, а Баерн Минхен, Барселона, ливерпул ке се без тренери.

Оваа глупоста што ја прави со формацијата ме разубедува, не може предната линија и одбраната да ти се 50 метри одделени едни од други, и вака да играш цела сезона. Точно е дека е миниран од сите страни, почни од глупостите на Рашфорд, од тоа што го заебаа за лев бек, што му носеа пациенти како Вегхорст, што начелно му беше ветено дека ке го има Гринвуд, глупоста на Санчо. Кога му дадоа да бира играчи, нешто погоди, а со нешто направи епски утки, како Ентони.

Со оглед на тоа какви се алтернативите за тренер, би сакал да му дадат уште половина година шанса, со саглам структура зад него, без можност тој да ги бира играчите за трансфери. Тоа дали ке фати Топ 4 сезонава со тим која цела сезона нема една утакмица изиграно со првиот избор на играчи во одбрана не треба да биде детерминанта дали некој е добар тренер или не. Со ваков број на повреди, ни Клоп не успеа да избори Топ 4.

Ке биде интересно лето.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
281
Поени од реакции
370
Со оваа игра не добива уште сезона Тен хаг, треба ептен да утнат Вила и Спарси за да фатиме лига на шампиони а ИНОС нема да му даде шанса без лига на шампиони.
Чекај,чекај,ИНЕОС уште неседнати почнаа да ме нервираат,немаат уште структура оформирано целосна, а и тие не дојдоа во Реал кај што е се розево туку во Јунајтед,впрочем и за да не унапредат дојдоа.Па и што мастерклас решение за тренер ќе најдат и тоа се чудам. Ќе испадне смешниот Саутгејт стварно да дојде па да се крстиме уште тука што не снашло
Едит:Ниту еден тренер нема да се нафати да дојде на сред сезона, а и ако дојде ќе треба да му се даде барем две години, единствено може малку Нагелсман да е добар ама и него треба да го букираат уште сега.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.089
Поени од реакции
7.583
Чекај,чекај,ИНЕОС уште неседнати почнаа да ме нервираат,немаат уште структура оформирано целосна, а и тие не дојдоа во Реал кај што е се розево туку во Јунајтед,впрочем и за да не унапредат дојдоа.Па и што мастерклас решение за тренер ќе најдат и тоа се чудам. Ќе испадне смешниот Саутгејт стварно да дојде па да се крстиме уште тука што не снашло
Ако дојде Саутгејт или Потер уште 10 години не се оправаме.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
281
Поени од реакции
370
Ако дојде Саутгејт или Потер уште 10 години не се оправаме.
Истото го мислам, едниот никогаш афторитет нема да има кај фудбалерите,другиот ќе си ги игра нонстоп другарчињата Мегваја и Раши лесно се препознава на кого лаудирам
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.523
Поени од реакции
20.645
Истото го мислам, едниот никогаш афторитет нема да има кај фудбалерите,другиот ќе си ги игра нонстоп другарчињата Мегваја и Раши лесно се препознава на кого лаудирам
Да се разбереме, Саутгејт не е тренер туку тренер во покушај. Ниту интелигенција има ниту ја разбира играта, човекот не го бива едноставно !!! Ако не поврзуваат со Саутгејт или има и 0.00001% шанса да дојде, подобро нека останува ЕТХ.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.089
Поени од реакции
7.583
Уште да се изјасни како трансџендер ќе му подарат 25% од клубот. :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.526
Поени од реакции
42.974
Овој Голдбриџ е поголем канцерн и од АФТВ. Дон Роби бар е шмекер.
Да, прво нема никаква харизма, а второ и не е нешто најинтелигентен.

Ама штом Гарначо се дрзнал да лајка коментари против тренерот, а тој практично го направи првотимец, мислам дека работата е веќе надвор од контрола и Тен Хаг пополека ги пакува куферите за Амстердам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom