Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.771
- Поени од реакции
- 34.028
Не сум психијатар но едно знам: Психопатите не ги прави мотивацијата, туку недостатокот од емпатија.Би ги ставил во психопати ако ја следеле со намера да ја убијат, такво сценарио ќе го промени целиот тек на настаните. Засега мене ми личи како несреќен случај и серија на грешки за да си го покријат газот, пички во душа.
Првиот и освен услов ти е во старт исполнет. Веројатно како и повеќето и ти имаш предрасуди дека психопатите се секогаш интелегентни луѓе. Како на филмовите. Како ликот од Американ Псајхо, или Ханибал Лектор... Не, психопат може сосема е можно да биде и глуп човек.
Автоматски споено мислење:
Ете тргни од себе, дали има било какво сценарио во кое ти можеш да удавиш двегодишно дете?
Мислам настрана од зомби сценарија (нив и онака не можеш да ги удавиш), или морални дилеми од типот мора едно дете да се жртвува за да се спасат други... Но сериозно настрана крајно хипотетични ситуации, дали ти лично можеш да удавиш дете?
Значи не зборувам за размислување од последици, дали ќе те фатат итн. Зборувам за самиот чин. Независно од последиците, ете да кажеме дека 100% е сигурно дека нема да те фатат. Можеш да удавиш дете? Пошто психопат може. Ако му треба да убие дете од х причини и ако знае дека нема да го фатат - него нема да го спречи емпатијата кон детето - затоа што психопатите немаат емпатија. Тоа не значи дека сите психопати по дифолт се убијци, пошто не се, но главното е тоа дека во расудувањето и одлуките кај нив емпатија не влегува како фактор.
И да завршам - и тоа како има и глупи психопати... Како овие двајцата од Бор.
Последно уредено: