Исчезнати лица

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.134
Поени од реакции
2.853
Како бе уште не кажуваат како го скриле телото ? Вади им таму со клешти нокт по нокт, додека не почнат да молат сами да ги однесат на местото. Бонус собери им го цело потесно семејство во притвор (осомничени за помагање) па ќе видиш како ќе почнат да зборуваат
Ете полицијата го уапсила таткото и братот на еден од убијциве, сега ќе има пеење доста беше давање лажни насоки на полицијата.
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
346
Поени од реакции
183
Некако многу брзо се забрави тоа со Вања и Панче, нема нови информации нема притисок од јавноста од новинари, повеќе никој не пишува не спомнува сеуште немаме мотив за убиствата, банана држава сме дефинитивно, абе треба демонстрации додека не се реши случајот утре ова може да се случи и на некое друго дете недај боѓе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.926
Поени од реакции
35.794
Многу народ не сфаќа какви последици оставија деведесетите во екс Ју посбено во овие земји каде се војуваше ептен. Сиромашија, војни, бомби, гола егзистенција, растени во комунистички систем каде се очекува државата да ти најде работа и ќе имаш разни психоати. И кај нас народ е психички оболен, овие над 60+ се сите на лексилиум. Не беа нежни и кај нас деведесетите, нека се направи проценка колку народ се самоуби заради ТАТ.
Кај нас сообраќајот е апла добар пример за менталната слика, за паркинг може да се истепаш со некој, а да не правиме муабет за опасни претекнување, кршење на сите можни правила без око да им трепне дека може да прегазат некој.
Ако прочепкаш подетално и видиш дека пола фамилии се закачени око да не си видат и за имоти кои не вредат ни по 10к, треба да ти е јасно дека сите тие би постапиле слично ако им дојде нож до коска.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.358
Поени од реакции
29.498
Некако многу брзо се забрави тоа со Вања и Панче, нема нови информации нема притисок од јавноста од новинари, повеќе никој не пишува не спомнува сеуште немаме мотив за убиствата, банана држава сме дефинитивно, абе треба демонстрации додека не се реши случајот утре ова може да се случи и на некое друго дете недај боѓе.
Го чекаат Палчо после изборите
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
540
Не реков дека е здрав, но не би ги оценил како психопати.

По некоја логика со информации што сретнав по интернет: веројатно биле под дејство на алкохол додека возеле, плус со службено возило, плус не би се изненадил и да маткаат приватни обврски со службена кола.
Ја удираат, ако ја однесат така во болница возачот наебува тоталка (неколку години затвор, губи работа, покажан со прст за цел живот), ако бил пијан совозачот, или ако маткале нешто приватно, ќе го јаде и совозачот (губи работа, пак на улица). Одлучуваат да ја земат и да ја исфрлат (прашање дали можеле да осетат пулс и дека е жива), попатно сфаќаат дека не е мртва, ако ја остават и некој ја однесе во болница, пак се под ризик да ги опише во иднина и да завршат во затвор, па решаваат да ја докрајчат со надеж дека никој нема да го расчисти случајот. За да не бидат сомнителни дури се појавуваат и во потрагата, села се во прашање, сите се знаат, најбитно е што ќе кажат комшиите на камен, па ако си во групата нема да си сомнителен.

Генерално мислењето на народот е дека полицијата е неспособна, што не е далеку од вистината, проблемот е што и така неспособна е доволна за да фати просечна ниско интелигентна бараба.

Би ги ставил во психопати ако ја следеле со намера да ја убијат, такво сценарио ќе го промени целиот тек на настаните. Засега мене ми личи како несреќен случај и серија на грешки за да си го покријат газот, пички во душа.
Не гледам здрав ум овде. Нема емпатија, нема човечка реакција.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.926
Поени од реакции
35.794
Не гледам здрав ум овде. Нема емпатија, нема човечка реакција.
Емпатија нема ни во војување, па не се класифицираат како психопати.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.596
Поени од реакции
17.283
Емпатија нема ни во војување, па не се класифицираат како психопати.
Чоек самиот чин да давиш со рака дете од две години не да е психопатски туку не постои збор со кој би се опишале.
Го удриле и го пикнале во кола па го исфрлија на буниште, прашање и што друго му направиле на телото, језа ме фаќа.

Таткото ги пресретнал веднаш после несреќата и ги прашал дали ја виделе тие ладнокрвно со телото во багаж му рекле дека не

Другиот др ден заминал да учествува во потрагата како ништо да не било

Шо сакаш повеќе од ова ?
Никакво каење не покажувале додека биле на распит
Ова го кажуваат психолози а не ние од кајгана форум
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
540
Емпатија нема ни во војување, па не се класифицираат како психопати.
Лош пример зема. Ако јас на бојно поле онеспособам противник треба да му пукам во глава или да му пружам прва помош и да го повлечам на безбедно место?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.135
Поени од реакции
30.917
Би ги ставил во психопати ако ја следеле со намера да ја убијат, такво сценарио ќе го промени целиот тек на настаните. Засега мене ми личи како несреќен случај и серија на грешки за да си го покријат газот, пички во душа.
Не сум психијатар но едно знам: Психопатите не ги прави мотивацијата, туку недостатокот од емпатија.
Првиот и освен услов ти е во старт исполнет. Веројатно како и повеќето и ти имаш предрасуди дека психопатите се секогаш интелегентни луѓе. Како на филмовите. Како ликот од Американ Псајхо, или Ханибал Лектор... Не, психопат може сосема е можно да биде и глуп човек.
Автоматски споено мислење:

Ете тргни од себе, дали има било какво сценарио во кое ти можеш да удавиш двегодишно дете?
Мислам настрана од зомби сценарија (нив и онака не можеш да ги удавиш), или морални дилеми од типот мора едно дете да се жртвува за да се спасат други... Но сериозно настрана крајно хипотетични ситуации, дали ти лично можеш да удавиш дете?

Значи не зборувам за размислување од последици, дали ќе те фатат итн. Зборувам за самиот чин. Независно од последиците, ете да кажеме дека 100% е сигурно дека нема да те фатат. Можеш да удавиш дете? Пошто психопат може. Ако му треба да убие дете од х причини и ако знае дека нема да го фатат - него нема да го спречи емпатијата кон детето - затоа што психопатите немаат емпатија. Тоа не значи дека сите психопати по дифолт се убијци, пошто не се, но главното е тоа дека во расудувањето и одлуките кај нив емпатија не влегува како фактор.
И да завршам - и тоа како има и глупи психопати... Како овие двајцата од Бор.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.926
Поени од реакции
35.794
Чоек самиот чин да давиш со рака дете од две години не да е психопатски туку не постои збор со кој би се опишале.
Го удриле и го пикнале во кола па го исфрлија на буниште, прашање и што друго му направиле на телото, језа ме фаќа.

Таткото ги пресретнал веднаш после несреќата и ги прашал дали ја виделе тие ладнокрвно со телото во багаж му рекле дека не

Другиот др ден заминал да учествува во потрагата како ништо да не било

Шо сакаш повеќе од ова ?
Никакво каење не покажувале додека биле на распит
Ова го кажуваат психолози а не ние од кајгана форум
Не е баш толку едноставна дефиницијата, лесно се расфрлате со психопати, тоа е она што ти го кажувам, не ги бранам дека се цвеќиња, само ти кажувам дека мене ми личат повеќе на ниско интелигентни локачи кои влегле од грешка во грешка, отколку психопати кои прават вакви работи поради задоволство и со план.
Лош пример зема. Ако јас на бојно поле онеспособам противник треба да му пукам во глава или да му пружам прва помош и да го повлечам на безбедно место?
Примерот беше да ти ја доловам поентата, во војни дејствија губиш живот, во случајов пак губат живот само на различен начин. Ако го однеле детето, и за двајцата ќе следувало неколку години казна затвор, читај нивните животи се квалитетно заебани, затоа и верувам дека тргнале да прават тоа што направиле.
Да се класични психопати, ќе го собереле детето со намера, и ќе го отепале од мерак, во време и место кое им одговара нив.

Не сум психијатар но едно знам: Психопатите не ги прави мотивацијата, туку недостатокот од емпатија.
Првиот и освен услов ти е во старт исполнет. Веројатно како и повеќето и ти имаш предрасуди дека психопатите се секогаш интелегентни луѓе. Како на филмовите. Како ликот од Американ Псајхо, или Ханибал Лектор... Не, психопат може сосема е можно да биде и глуп човек.
Автоматски споено мислење:

Ете тргни од себе, дали има било какво сценарио во кое ти можеш да удавиш двегодишно дете?
Мислам настрана од зомби сценарија (нив и онака не можеш да ги удавиш), или морални дилеми од типот мора едно дете да се жртвува за да се спасат други... Но сериозно настрана крајно хипотетични ситуации, дали ти лично можеш да удавиш дете?

Значи не зборувам за размислување од последици, дали ќе те фатат итн. Зборувам за самиот чин. Независно од последиците, ете да кажеме дека 100% е сигурно дека нема да те фатат. Можеш да удавиш дете? Пошто психопат може. Ако му треба да убие дете од х причини и ако знае дека нема да го фатат - него нема да го спречи емпатијата кон детето - затоа што психопатите немаат емпатија. Тоа не значи дека сите психопати по дифолт се убијци, пошто не се, но главното е тоа дека во расудувањето и одлуките кај нив емпатија не влегува како фактор.
И да завршам - и тоа како има и глупи психопати... Како овие двајцата од Бор.
На таквите мозокот им е тотално различен од тој на нормалните луѓе, не мора да значи дека прават се со план, туку едноставно дека се тотално различни. За среќа, истите ги има во премногу мал процент, околу 1% од глобалното население, што во случајов е премногу мала шанса дека двајцата колеги во некоја Српска вукојебина се потрефиле да се баш психопати.

Лесно е да правиме сценарија и јас и ти со седење во зона на комфор, тотално би била поинаква ситуацијата/одлуките и размислувањето во ситуација кога би ни зависела целата иднина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.135
Поени од реакции
30.917
На таквите мозокот им е тотално различен од тој на нормалните луѓе, не мора да значи дека прават се со план, туку едноставно дека се тотално различни. За среќа, истите ги има во премногу мал процент, околу 1% од глобалното население, што во случајов е премногу мала шанса дека двајцата колеги во некоја Српска вукојебина се потрефиле да се баш психопати.

Лесно е да правиме сценарија и јас и ти со седење во зона на комфор, тотално би била поинаква ситуацијата/одлуките и размислувањето во ситуација кога би ни зависела целата иднина.
Не знам друже, ама знам дека не може да се случи нормален човек да дави девојче. Јас не можам, и можам да се обложам дека ни ти не можеш да удавиш девојче. Секако не за да се спасиш од затвор. Затоа ти реков, прашај се себе си дали би можел да го направиш тоа. Дури и во ситуацијата во која они биле, а не во „зона на конфор“ од која ние дискутираме.

Тоа дали точната дијагноза кај пациентите од Бор е психопатија, тоа најточно ќе го каже специјализиран доктор... Јас можам само лаички од она малку површно што сум читал за психопатолгија, да кажам дека навистина така изгледа.

Секако постои генетски елемент или поточно предиспозиција за психопатија. Не сите со такви предиспозиции стануваат психопати, и не сите психопати стануваат убијци. Но психопатија наводно може да се развие и како резултат на траума... Повторно, не знам. Но знам дека нормален човек во ниеден случај наеднаш не одлучува да удави дете за да се спаси од затвор.
Ти даде пример со војна. Па да, во војна се ствараат психопати. Или психопатите испливуваат на виделина. Или и двете, веројатно и двете... Оние ропуците од Бор, којзнае какви трауми имале и можам да се обложам дека имале. И не го кажувам ова од некаква емпатија кон нив - туку од ладна љубопитност (онаква љубопитност со која набљудуваш бубашваба пред да ја убиеш).

Во ситуацијава пошто се двајца, можно е едниот да бил во шок и идел go with the flow додека другиот земал иницијатива. Како и да е, секако и двајцата треба да добијат најголема можна казна. Богами исто и тие што им помагале. Општеството заборава, и треба да се потсети.

Ѕирни го ова:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.335
Поени од реакции
886

Заависи живото на селои град не еисто,на село лугето се малку поахарш подиви ,мора малку за да презивета да увиват животни кокошки исл му е скојдневие,во градо се помеки имаш права за животни кучина ,сеа ннтреба да се споредуват жовотни со луге ама во во фрка којзнај зошто одлучиле така сеа ни е ќе анализираме по интеренет,и во градо колку има ќе изгази некој со кола и не застанува бега.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.926
Поени од реакции
35.794
Не знам друже, ама знам дека не може да се случи нормален човек да дави девојче. Јас не можам, и можам да се обложам дека ни ти не можеш да удавиш девојче. Секако не за да се спасиш од затвор. Затоа ти реков, прашај се себе си дали би можел да го направиш тоа. Дури и во ситуацијата во која они биле, а не во „зона на конфор“ од која ние дискутираме.

Тоа дали точната дијагноза кај пациентите од Бор е психопатија, тоа најточно ќе го каже специјализиран доктор... Јас можам само лаички од она малку површно што сум читал за психопатолгија, да кажам дека навистина така изгледа.

Секако постои генетски елемент или поточно предиспозиција за психопатија. Не сите со такви предиспозиции стануваат психопати, и не сите психопати стануваат убијци. Но психопатија наводно може да се развие и како резултат на траума... Повторно, не знам. Но знам дека нормален човек во ниеден случај наеднаш не одлучува да удави дете за да се спаси од затвор.
Ти даде пример со војна. Па да, во војна се ствараат психопати. Или психопатите испливуваат на виделина. Или и двете, веројатно и двете... Оние ропуците од Бор, којзнае какви трауми имале и можам да се обложам дека имале. И не го кажувам ова од некаква емпатија кон нив - туку од ладна љубопитност (онаква љубопитност со која набљудуваш бубашваба пред да ја убиеш).

Во ситуацијава пошто се двајца, можно е едниот да бил во шок и идел go with the flow додека другиот земал иницијатива. Како и да е, секако и двајцата треба да добијат најголема можна казна. Богами исто и тие што им помагале. Општеството заборава, и треба да се потсети.

Ѕирни го ова:
Не можам да ти дадам прецизен одговор додека седам пред лаптоп и си кулирам, а се надевам дека нема да треба ни да го знам одговорот на вакво прашање. Едно е да правиме муабет од тука, друго е да се случи нештото и изборот да биде да го закопаш доказот, или да ти отиде од раце се што си создал во животот.

И нема никаква емпатија, јас зборувам од аспект на логика. Од наша страна е лесно да дискутираме и да оценуваме, од нивна можеби било момент на „да се биде, или не“, одбранбен механизам, не заборавај дека во основа сме животни со инстинкт за преживување, случајов не е буквално преживување, но е прашање на иднината на таа особа.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.273
Поени од реакции
57.405
Го чекаат Палчо после изборите
А ова што е бе? Што значи ова? Што и кои сме ние како земја? Кој си бе ти северна македонија да чекаш избори каде едни криминалци и бедници ќе се заменат со други, за да увезеш човек што ладнокрвно киднапирал и убил малолетно дете? Па после изборите треба цел суд и цело министерство за правда да си даде оставка што чекало толку време за разврска на случајот.
Тешко дно и беда сме од нација и држава. Гнасна скупштина.

Еве озбилно прашувам, што кур имаат врска и онака бедните избори со тоа што нашиот правен систем чека да му биде испорачан киднапер и убиец на дете?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom