Не реков дека е здрав, но не би ги оценил како психопати.
По некоја логика со информации што сретнав по интернет: веројатно биле под дејство на алкохол додека возеле, плус со службено возило, плус не би се изненадил и да маткаат приватни обврски со службена кола.
Ја удираат, ако ја однесат така во болница возачот наебува тоталка (неколку години затвор, губи работа, покажан со прст за цел живот), ако бил пијан совозачот, или ако маткале нешто приватно, ќе го јаде и совозачот (губи работа, пак на улица). Одлучуваат да ја земат и да ја исфрлат (прашање дали можеле да осетат пулс и дека е жива), попатно сфаќаат дека не е мртва, ако ја остават и некој ја однесе во болница, пак се под ризик да ги опише во иднина и да завршат во затвор, па решаваат да ја докрајчат со надеж дека никој нема да го расчисти случајот. За да не бидат сомнителни дури се појавуваат и во потрагата, села се во прашање, сите се знаат, најбитно е што ќе кажат комшиите на камен, па ако си во групата нема да си сомнителен.
Генерално мислењето на народот е дека полицијата е неспособна, што не е далеку од вистината, проблемот е што и така неспособна е доволна за да фати просечна ниско интелигентна бараба.
Би ги ставил во психопати ако ја следеле со намера да ја убијат, такво сценарио ќе го промени целиот тек на настаните. Засега мене ми личи како несреќен случај и серија на грешки за да си го покријат газот, пички во душа.