Во Радишани за куќите практикуваат воздушни оптички инсталации преку бандера, ова го знам за улица Скоевска и за селото Радишани, но за останатите улици низ населба Радишани не знам.
Но доколку веќе имаш спроведено подземно црево до бандера, тогаш треба да видиш дали на бандерата е поставена оптичка спојка MOB или UCAO.
Доколку има една од овие две спојки на бандерата до која завршува твоето подземно црево, тогаш дефинитивно има техничка можност за спроведување на оптички кабел до твојата куќа.
Но доколку подземното црево е ребрасто добри се шансите дека кабелот нема да помине, бидејќи оптичкиот кабел за воздушни инсталации е многу тврд и крут, поради што тешко поминува низ ребрасто црево, колку повеќе кривини има по цревото толку потешко ќе биде спроведувањето.
Иако сакаш подземна инсталација до куќата, сепак од бандера ќе мора да се спроведува оптички кабел за воздушни инсталации, а не подземен доводен кабел, бидејќи дури и ако кабелот успешно помине низ цревото и пристигне до куќата, сепак само тврдиот и крут оптички кабел за воздушни инсталации доаѓа со приклучок кој одговара на портите на MOB и UCAO спојките на бандерите.
MaxTV никогаш не се вбројува во потрошениот Интернет сообраќај уште од самиот почеток кога се нудеше преку ADSL линија преку бакарна телекомуникациска мрежа.
Кај бакарните линии со многу слаб сигнал намерно го ограничуваат Интернет сигналот за рисиверите со цел да остане стабилен Интернет сигналот за домашните корисници. Во вакви ситуации вообичаено каналите во висока резолуција High Definition - HD трпат, односно стануваат недостапни.
Кај оптичкиот Интернет нема вакви проблеми и ограничувања на Интернет сигналот за рисиверите.
А по ново кај Андроид рисиверите за Магента ТВ, Интернет сигналот кој го троши Магента ТВ апликацијата не се вбројува во потрошениот Интернет сообраќај. Ако преку Wi-Fi го вбројува Интернет сигналот за Магента ТВ апликацијата во потрошениот Интернет сообраќај, тоа веројатно им е технички проблем кој ќе мораат да го решат во иднина. Можеби тоа е и главната причина зошто Македонски Телеком препорачува Магента ТВ да се користи преку мрежен кабел, исто како и MaxTV, а не преку Wi-Fi.