Ако живееш во станбена зграда и сигурен си дека е спроведено подземно црево во близина на зградата, тогаш треба станарите да соберат потписи од минимум 50% од сите станови за согласност за спроведување на техничко решение во зградата, и согласноста да ја однесат до Македонски Телеком.
А ако живееш во куќа и ако до дворот или до капијата ти спровеле подземно црево, ќе треба да се копа и да се буши за да се донесе доводниот кабел од цревото до куќата, односно до просторијата во која ќе завршува рутерот.
Доколку ова второво сценарио со куќа е твојот случај, голема е веројатноста дека приватниот надворешен подизведувач кого го пратиле за да ја направи монтажата го вратил налогот за монтажа да биде откажан бидејќи подизведувачот одлучил дека не му се исплати да копа низ толку голем или па можеби тесен двор. Во таков случај јас лично би ти препорачал самостојно да си ја завршиш работата со копањето од подземното црево до куќата, па потоа поднеси ново барање за техничка миграција од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Проблемот со спроведувањето на подземните доводни кабли низ цревата е во тоа што за станбени згради, деловни објекти и трговски центри се исплати да се копа, да се буши и да се влечка компресор со воздух бидејќи во тој еден објект има повеќе станови, локали и деловни простории, односно повеќе корисници. А при спроведување на подземен доводен кабел низ црево за индивидуална куќа не им се исплаќат секогаш сите тие градежни работи на приватните надворешни подизведувачи доколку станува збор за мала куќа или барака до која Македонски Телеком спровел подземно црево, а во куќата живеат едвај еден или двајца корисници. Затоа доколку живееш во куќа и доколку дворот е голем или па мал, но истовремено многу тесен, најдобро ќе биде копањето да си го завршиш самостојно за да му ја олесниш работата на приватниот надворешен подизведувач кого ќе го испратат за да ја направи монтажата. Кога ќе поминат работниците од приватниот надворешен подизведувач и ќе видат дека потешката физичка работа некој друг им ја завршил бесплатно, помали се шансите дека повторно ќе те откачат и дека повторно ќе го дадат за откажување налогот за монтажа.