Седев во кафичот пред автобуската 3-4 часа со директен близок поглед, и не помина од ниедна страна 100%. Цел ми беше да се уверам дали и колку е точен, што значи особено внимание посветив во набљудување. (значи класичен case study). И не помина, особено не во времињата кои се посочени. Ниту порано ниту покасно од посочените времиња за недела.Необележаното бусче на ТАВ е за вработени на аеродромот.
А и WTransporter не е нешто обележан, плус се задржува помалце од минутка, а и ако нема патници не застанува, па исвен ако не си седел на автобуска и ти киднал пред нос, нема шанси да не дошол, т.е. Голема е веројатноста да си го пропуштил моментот.
Инаку во исто необележано ТАВ автобусче пред некој ден од аеродром се качуваа патници со багаж со однапред купени карти за правец Скопје. Така да, не ќе е за вработени. Значи дотичниот WTransporter изгледа престанал да постои, и/или друг паралелен ТАВ превоз си фура кога сака. А дотичниот WTransporter не е воопшто ослонлив (ако воопшто вози).
Кај има очаен распоред со по 2-3 часа измеѓу тури, па и го нема. Нормата во цивилизани средини во странство е 10-30мин и за многу помали градови од Скопје.
Последно уредено: