Ова конкретно многу мене ме нервира. Го имам приметено многу пати кај парови или кај луѓе веќе во брак.
Еве нај тазе пример од пред една недела, седиме викендашки и момакот си спомна дека сака и веќе планира да отвара автоматизирана перална. Има сопствено место само опремата му треба, некоја инвестиција од 15-20к евра. Правиме муабет за момак прилично ситуиран што 20к евра инвестиција нема да му донесат никаква нестабилност во бракот.
Ејјј кога му рипна оваа од другата страна на масата, он најпаметен ли бил, немало пари од перални за коли, да не се занесувал ништо немало да биде од тоа ... батето поцрвене како лута пиперка, и вика ако не ти се свиѓа идејата куферот и директ кај мајкати. Ми идеше да го гушнам од ќеф.
Иначе познавам и лик шо зима огромна плата, а картичката е во женаму. Некни ми позајми кола, нивото на бензин му беше на љута резерва. Кажа само во понеделник ставал бензин и прорачунато му било колку троши до работа и назад.
Тешка папучарчина, не смее да преговори пред женаму да му даде дозвола.
Свашта има низ народот еј, јас незнам како може да живеат под ваков притисок и контрола. Без разлика дали било машко или женско, никој не заслужува ваков животен партнер.