Дајте ми барем 2 причини да гласам за Левица?
јас за лидерот на оваа партија знам само негативни работи.
1. прво дека беше дел од шарената револуција која шараше и кршеше по улици за да се симне Груевски.
Незнам дали ова вие во Левица го гледате како успех или загуба
Да за нив можеби е успех бидејќи влегоа во парламент, но во случајов успехот на Левица, не е успех и на Македонија. За државата е дебакл бидејќи со паѓањето на Груевски се редифинира државата.
Иако човекот напоменуваше на последиците.
(Македонија добива терорист за Премиер, втор јазик, албанец на разознавање, сменето име итн)
Второ Левица ја запомнив по кршењето во Парламент на опрема (платена од граѓаните). Мислам секој човек што има и малку ум знае дека ова е изведување циркуси за фејсбук.
3. Партијата Левица повика да не се излегува на референдум.
резултат од тоа?
па излегоа тие од сдс и името се смени.
4. Левица денес се во парламент и во многу локални власти. И ден денес после 8 години од падот на Груевски не земаа еден сунѓер и боја да исчистат тоа што уништиле.
Како ќе ја оправите државата. Со зборови или со Дела?
5. Чекај вие од Левица, сериозно барате некој да ве гласа, само затоа што сте се карале со Талат и сте биле као навидум против албанците.
еве си дојде Талат на власт. Абе еден протест не направивте.
Ви сметаше Груевски и со месеци протестиравте по улици, ама Талат ви изгледа супер, па за него не ни мрднавте.
Можеби сега е ладно, па затоа не излгувате на протест?
6. се прават демек националисти. Да, ама да ве прашам резулатите каде се?
И Љупчо на времето велеше дека ќе ги скрати крилата на албанците и дека ќе оди на фронт во Солун.
Резултат ( Македонија се подели, стотици раселени лица, А фронт на Солун било само мамка на народот, која и самиот Љупчо неодамна ја призна.
Важно Љупчо испопродаде се и се наполнија со пари.
7. Блокади на буџет на општина Карпош и во град Скопје за луѓе да не земат плати. И да има застој на општината.
А во друга општина гласаат ГУП кој опфаќа 20-тици згради без оконда ги трепне.
Каде е тука логиката?
Луѓе, партијава на зборови и пропаганда можеби е многу Јака.
Ама резултати и дела никаде нема. Јас ќе ја запаметам, како еден од помошниците на Заев во уривање на Груевски.
На кратко Само штети од Левица имаме
Досега ништо арно од нив.