Македонска берза

Член од
2 октомври 2017
Мислења
166
Поени од реакции
209
За жал, колку-толку чесен однос кон малите акционери може да се најде само кај компаниите со странски доминантен сопственик...
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
И оваа година кој си има акции од СТОПАНСКА ке лизне од медот преку стакло кај Комерцијална или ке се
заблажи со малку локум од кај Тутунска.
Стопанска не дава дивиденда за обичните акции поради тоа што немаме договор за избегнување на двојно оданочување со Грција. Но парите се тука и верувам дека грците нема да се обидат нечесно да ги извлекуваат. Е сега зошто не е потпишан таков договор и дали и кога ќе се потпише - не знам. Ако има некој сознанија - може да сподели.
ТНБ има дефинирано дивидендна политика дека ќе се труди да исплаќа 70% од добивката и затоа пазарот ја цени на 9.4 П/Е моментално, за разлика од 7.2 на СТБ(иако последниве години просечно цената на ТНБ се движела окулу 11 П/Е). КМБ дури последнава година се изјасни окулу дивидендната политика и тоа дека исплатата ќе биде во граници од 40-70% од добивката. Пазарот од секогаш повеќе ја ценел КМБ(моментално 10.55 П/Е) од ТНБ иако за мене ТНБ од секогаш била постабилна, потранспарентна и банка со појасна визија. Ова е веројатно последица на тоа што КМБ нема доминантен сопственик и во секој годишен извештај нагласуваат дека ќе бараат стратешки партнер.
На прв поглед нашиве банки се поскапи од европските но имаат и предности што не се за занемарување.
1. Ниска кредитна задолженост на населението во однос на ЕУ гарантира побрз раст.
2. Релативно затворениот пазар и помала конкуренција гарантираат сигурност.
3. Многу понискиот данок на дивиденда гарантира задоволство :)
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373

4. Во своите биланси како капитал немаат некакви структурни деривати кој што никој на светот не знае колку точно вредат.
5. Вакви нето - каматни маргини нема нигде во Европа, и во поразбиените земји во светот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.174
Поени од реакции
16.306
можеби АЛК уште долу ќе иде,пак изгубија, Кирца па ќе бара пари за некој играч да се купи :cool:
 
Член од
5 октомври 2013
Мислења
25
Поени од реакции
61
Стопанска не дава дивиденда за обичните акции поради тоа што немаме договор за избегнување на двојно оданочување со Грција. Но парите се тука и верувам дека грците нема да се обидат нечесно да ги извлекуваат. Е сега зошто не е потпишан таков договор и дали и кога ќе се потпише - не знам. Ако има некој сознанија - може да сподели.
Цементарница УСЈЕ , Жито Лукс , Мермерен Комбинат Прилеп , Пивара АД Скопје и други со доминантен сопственик од Грција , немаат двојно оданочување или вишок пари имаат па од двете страни нека земаат ??? Овие другите што ги спомена факт е дека од 2021 почнаа да делат дивиденди асално. До тогаш за сончоглед и за семки . Што сакам да кажам . Пред да ги преземат банките , KMB , STB , беа полни со нефункционални кредити читај искрадени а TNB ја правеа низ годиниве. Книговодствено чинеа STB 100 денари , KMB 1000 денари , TNB .... Моментално STB е околу 1400 , КMB околу 8000 , TNB околу 20.000 денари. Ете тука се парите од добивките низ годините во АКЦИОНЕРСКИОТ КАПИТАЛ , дел од нив изгласани за понатамошна распределба. Мислам дека сите банки вклучително и UNI имаат адекватност на капиталот . Овие три големи банки и една средна банка се топ. Топ според извештаите , не според рекла кажала и БИ ТРЕБАЛО дел од добивките во иднина , да делат за дивиденда на акционерите.
Причината поради која STB не дели дивиденди ја гледам во измена во даноците од кога последниот пат подели дивидендa и најмногу заради алчните иматели на приоритетни акции , кои кон банката имаат бројни судски процеси дури и во Стразбург. Не се НБГ газди , туку Имателите на приоритетни се газди како тие ќе кажат така ! хахаха

Ме заинтересира оваа тема , за да прашам КАКО ТОА ГРЦИТЕ НЕЧЕСНО ЌЕ ГИ ИЗВЛЕКУВААТ добивките ? Да научиме нешто за алтернативното банкарство , како од Македонија во Грција се извлекуваат пари а никој да не осети. Ни резвизорски куќи , ни НБРМ ,ни Македонска Берза , ни Комисија за Хартии од вредност, ни Централен Регистар , ни Собрание на акционери , ни Влада НИ НИКОЈ . Со магија , сад ги видиш , сад ги невидиш. Окус покус препарандус ! До сега тука се , скрај подалеку !
Пример еднаш Косовскиот Премиер Курти влезе преку Јажинце си заврши работа и излезе. Курти влезе Курти излезе , а ти не го осети !

И да ги прашам љубителите на ТNB што прогнозираат за дивиденда за 2023та година ??? Ова заради да се занимаваме до крај на Април кога и ќе се објават материјалите за Собрание на Акционери на TNB.
 
Последно уредено:
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Ме заинтересира оваа тема , за да прашам КАКО ТОА ГРЦИТЕ НЕЧЕСНО ЌЕ ГИ ИЗВЛЕКУВААТ добивките ? Да научиме нешто за алтернативното банкарство , како од Македонија во Грција се извлекуваат пари а никој да не осети. Ни резвизорски куќи , ни НБРМ ,ни Македонска Берза , ни Комисија за Хартии од вредност, ни Централен Регистар , ни Собрание на акционери , ни Влада НИ НИКОЈ . Со магија , сад ги видиш , сад ги невидиш. Окус покус препарандус ! До сега тука се , скрај подалеку !
Пример еднаш Косовскиот Премиер Курти влезе преку Јажинце си заврши работа и излезе. Курти влезе Курти излезе , а ти не го осети !
Тој простаклак, Курти што не го извади од уста, да си го задржиш за другарчињата на голем одмор кога ќе се фалите кој до колку научил да брои. Ако сакаш со мене да комуницираш, ќе се однесуваш пристојно. Не треба многу да си умен за да забележиш бројни изигрувања на малцинските акционери на МСЕ. Телекомот на времето го правеше тоа, Макпетрол го прави сега...да спомнам само некои...
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Dali mislite deka TNB go dostigna vrvot i kolku dividenda ocekuvate ???
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Ех бре Анатолче од Плескабеско, претприемачиште едно, на Блумберг Адриа си стигнал да се курчиш, датибам тоа главчето костенаво. Блажени се акционерите во твојата компанија, саламуро една со адитиви и презервативи :drk:
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
166
Поени од реакции
209
Dali mislite deka TNB go dostigna vrvot i kolku dividenda ocekuvate ???
Очекуваме 40 евра дивиденда. Врвот е релативна работа.Моментално е на ATH, но и заработката е АТH. Ако гледаш однос P/E,релативно е ефтина бидејќи историски била и многу поскапа
 
Член од
5 октомври 2013
Мислења
25
Поени од реакции
61
Очекуваме 40 евра дивиденда. Врвот е релативна работа.Моментално е на ATH, но и заработката е АТH. Ако гледаш однос P/E,релативно е ефтина бидејќи историски била и многу поскапа
Врвот е релативна работа ! Точно ! Јас очекувам дивиденда 3000 денари . Цената на TNB според мене по истакнување на дивидендата ќе надмине до пресекот 40.000 по акција . Поготово по истакнување на финансиските извештаи на тромесечие ! ТNB има нови продукти , сега е модерно и постулати да се рече , и очекувам да тераат 20 % повеќе од 2023та година .Дали е ефтина или скапа ? Мислам дека е ефтина споредено со другите акции кои котираат на МСЕ а работат добро. Пример пазарна цена на USJE е 32000 денари и нема ни да купиш по таа цена , а акцијата вреди околу 5000 денари , значи Х 5 се купува на берза за дивиденда од околу 2400 денари по акција. Или REPL за 2000 денари дивиденда купувачите плаќаат Х 2 од книговодтвена цена или 109.000 денари . Ете тоа е релативното. ТNB според мене би вредело повеќе , ако има пример шпекуланти на форумов како што има КМВ , механизам за заштита на вредноста на акцијата како што има TTK , REPL или КМВ на пример , кои уште неизмочани насабајле фрчат блокови или со 1на и 10 акции ја пумпаат акцијата . Или АLK . УО и НО купуваат акции и со тоа ја штитат вредноста на акцијата и ја прават ликвидна. TNB ако го прави сето погоре наведено би вредела и повеќе . Но пред се , добро работи . И во случај на рецесија или пад на берзата кој кога тогаш во блиска иднина ќе се случи , ќе биде ликвидна акција и нема многу да се чека да се врати на старите позиции. Единствено лошо е што има доминантен сопственик кој ете за среќа се финансира преку дивиденда , а не како Свето Јаневски Тиквеш - Лопов. Тиквеш секоја година пука во добивки кои одат за инвестиции , читај ги крадат пола и повеќе , никогаш не поделиле дивиденда , и одозгора на тога , деновиве фирмата М6 во сопственост на Свето Пивара си зема кредит од банките во висина од 12,5 еур ама на име на Тиквеш АД како гарант. Тука веќе се е во рацете на Господ !

ТNB е блу чип на Македонската Берза , во делот на работењето е топ , но во делот на заштита на вредноста на акцијата може и подобро , ама не мора.
 
Deneska stigna do 38.500 den.,mozebi i si vo pravo deka do presekot ke stigne do 40.000den.E sega dali vredi da se izleze tuka nekade e prasanje ,so ogled na krizata sto ja ocekuva cel svet,a akako sto velis ke se sluci .
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Тој простаклак, Курти што не го извади од уста, да си го задржиш за другарчињата на голем одмор кога ќе се фалите кој до колку научил да брои. Ако сакаш со мене да комуницираш, ќе се однесуваш пристојно. Не треба многу да си умен за да забележиш бројни изигрувања на малцинските акционери на МСЕ. Телекомот на времето го правеше тоа, Макпетрол го прави сега...да спомнам само некои...
Pogledni vo p.p
 
Член од
5 октомври 2013
Мислења
25
Поени од реакции
61
Deneska stigna do 38.500 den.,mozebi i si vo pravo deka do presekot ke stigne do 40.000den.E sega dali vredi da se izleze tuka nekade e prasanje ,so ogled na krizata sto ja ocekuva cel svet,a akako sto velis ke se sluci .
Значи во случај на Светска Криза , тaа најбрзо се рефлектира на Берзите , но оние фирми што ги бива , први и ја надминуваат кризата. TNB е од банкарскиот сектор и тука нема големи философии , туку само ризици кои се предвидливи. TNB не е Шапшалска Банка како таа на Трифун на пример , или фирма која зависи од цени на гас или други некои ризици кои зависат од геополитика. Или градежништво на пример , порано фирмите работеле низ цела Југославија , се распаднала Југославија и Пелагонија , Маврово , Бетон хоп во стечај , им се намалил пазарот.

Одлука за продажба и купување на акции секогаш е индивидуална ,нема тука прашај ја публиката , повикај пријател , само анализи и знаење. Термините дисперзија , диверзификација на ризиците , портфолио , long term investment , short term investment треба да се водечки за одлуката. Во сите други случаи можеш да си нанесеш загуби со несогледливи последици како што доживеале акционерите од РЖ , ФАС , МЗТ , ГОДЕЛ , Топлификација , БЕТОН , Пролетер и уште многу да не ги пишувам , на некои на форумов ќе им се згади. Еве ни Макпетрол никогаш не се вратија на 180.000 ама напиши нешто 10 души како кучиња скитници ќе ти се пуштат Тие акции на некои инвеститори им се све ! ФЕРШПЕД 500.000 денари како ти изгледа од овој аспект ?

Но ако се размисли ни оваа твоја одлука за продажба на TNB не е лоша. Ти така си ги решаваш ризиците да имаш трауми како Еуростандард и овие погоренабројаниве сите. Си влегол на помала сума имаш капитална добивка и излегуваш.Зошто луѓето купуваа станови масовно за време на ковидот ? За да си ја дуплираат инвестицијата . Капиталот кој го вложиле го дуплирале ,и не им го подјадува инфлација . Само од таа причина расте цената на становите . Стан нема рок на траење , ниту приватните градежници потреба да ги продаваат испод цена ! Кога ќе имаат есап ќе ги продадат .

Значи све зависи од твоите потреби. Уште голема улога игра и возраста. Тинејџер кој наследил акции не му е важно начинот на кој неговиот родител тешко ги купил и лесно ќе ги реши ! Вампир од 60 + години не може да вложува долгорочно , тој би ги продал . Така да во склоп на своите потреби и возраст ќе си направиш стратегија и со среќа !
Но и излези ваму , влези таму има огромни ризици. Можеш во две три компании да направиш капитални добивки и во четвртата да изгубиш све ! Затоа памет во глава и среќно!

Да не ги заборавам и криптовалутите како платежно средство на иднината :pos: ! Впрочем Биткоинот е 73.000 $:aplauz:

P.S. TNB е докапитализирана банка со адекватност на капиталот , со мнозински сопственик кој се финансира преку дивиденда . Ако дојде во криза фирма мајка е Нова Љубљанска Банка од земја членка на ЕУ . Е сега ти одговори ми на прашањево ??? После TNB каде ???
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom