Му фали ваква лудачка храброст на Чави. Кога е нерешено а бркаме победа, никогаш не се осмелува да пушти офанзивен играч на сметка на дефанзивец. Како повеќе да сака да не изгуби, отколку да победи.
Не е сериозно со Педри. На клупата седна најверојатно е претпазливост.
Изгледа воопшто не се наивни повредите и на Френки и на Педри. Најверојатно двајцата ќе го пропуштат натпреварот со Наполи.
Не сакам никогаш да го отпишувам тимот се додека постои барем теоретски шанси, ама сезонава нема што да бараме повеќе. Во Ла Лига џабе е и Реал што киксаат, кога нашиве не можат да ги искористат тие џокери. Едноставно не сме на нивото на кое треба да бидеме за да сме шампиони. Не можеме да сврземе 2 добри натпревара. Капак на се, повредите не осакатија сезонава!
Во ЛШ, не знам дали сме фаворити ни Наполи да го поминеме. Има едно 4-5 екипи што се МНОГУ поквалитетни од нас во моментов, така што во ЛШ можеме само некој дебакл да доживееме ако поминеме сега со Наполи.
Лапорта и Деко нека засукаат ракавите, нека договараат тренер за следна сезона и да се подготвуваат уште од денес. Оваа сезона за жал заврши како што заврши.
П.С.
И нека пробаат нешто со религиозност, спиритуалност и сл. да се решат од повреди играчиве. Ова не е возможно што ни се случува сезонава.