Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нема враќање на 1:1 правилото ни следниов трансфер период што значи нема шанса саглам играч да се земе. А и секако Деко не знае да препознае играч, уште помалце да донесе. Најголема грешка е испуштањето на Алемани, оттаму секој потег на клубов оди у курац. Уште Чави да остане следна сезона ко што се шпекулира, супер најава на пропадната сезона однапред.
 
Му фали ваква лудачка храброст на Чави. Кога е нерешено а бркаме победа, никогаш не се осмелува да пушти офанзивен играч на сметка на дефанзивец. Како повеќе да сака да не изгуби, отколку да победи.

Не е сериозно со Педри. На клупата седна најверојатно е претпазливост.
Изгледа воопшто не се наивни повредите и на Френки и на Педри. Најверојатно двајцата ќе го пропуштат натпреварот со Наполи.
Не сакам никогаш да го отпишувам тимот се додека постои барем теоретски шанси, ама сезонава нема што да бараме повеќе. Во Ла Лига џабе е и Реал што киксаат, кога нашиве не можат да ги искористат тие џокери. Едноставно не сме на нивото на кое треба да бидеме за да сме шампиони. Не можеме да сврземе 2 добри натпревара. Капак на се, повредите не осакатија сезонава!
Во ЛШ, не знам дали сме фаворити ни Наполи да го поминеме. Има едно 4-5 екипи што се МНОГУ поквалитетни од нас во моментов, така што во ЛШ можеме само некој дебакл да доживееме ако поминеме сега со Наполи.


Лапорта и Деко нека засукаат ракавите, нека договараат тренер за следна сезона и да се подготвуваат уште од денес. Оваа сезона за жал заврши како што заврши.

П.С.
И нека пробаат нешто со религиозност, спиритуалност и сл. да се решат од повреди играчиве. Ова не е возможно што ни се случува сезонава.
 
По минимум месец дена пауза за Педри и Де Јонг.

Се надевам некако ќе успеат да го поминат Наполи чисто колку за финансии плус.
 
По минимум месец дена пауза за Педри и Де Јонг.

Се надевам некако ќе успеат да го поминат Наполи чисто колку за финансии плус.
Се надевам и јас дека ќе поминеме, иако мислам дека овој двомеч го изгубивме во Неапол. Требаше таму 2-3 најмалку да им дадеме, ние ги вративме во игра.
Поминале, не поминале, секако нема да ја освоиме ЛШ :icon_lol: нека се концентрираат да завршат втори во лигата и да кројат ростер за наредна сезона.
 
Па нели Кунде беше Видиќ за целата одбрана на Атлетико, од кај испадна сеа ова вака :unsure:
Мора да се жртвува некој штопер, имам 5 сега со детето Кубарси.
Повеќе ни требаат бекови и ДМ.
Ама не може да го разбереш ти тоа.
 
Мора да се жртвува некој штопер, имам 5 сега со детето Кубарси.
Повеќе ни требаат бекови и ДМ.
Ама не може да го разбереш ти тоа.
Па ако е Видиќ во ниту еден паралелен универзум нема да го жртвуваш баш него ама ти си знајш.
 
За 10 минути распад систем ни се деси. Ај што бевме со една нога во гроб од старт сезона и се убија со повредиве ама после овие 2 пиши пропало.

И таа надеж за Ла Лига пропадна одкако не успеавме да искористиме ваков кикс на Реал, навистина изгледаше дека побитно му беше на Чави да не изгуби одколку да победи и да покаже и покрај тие 2 повреди дека има живот уште во тимов.

Сега за жал до крај сезона ќе гледаме борба со Жирона за 2ро место бидејќи нема како да гураат во лш со овој ростер на играчи, сите регистрирани средни играчи ни се повредени и само Гундоган, Зинедин Ромеу и Фермин се фит, другото се е Б тим. Реално и Ромеу и Фермин се втор тим што е нај јаката трагедија овде. За 10 минути ебан цивилизациски крах им се случи.
 
Иако нема потврда од релевантен извор, наводно имало интерес за Дибала. Можда со продажба на Лева би било изводливо некако.
 
Шо состав ќе извадите вечер?
Добар коефициент има за 1
 
Шо состав ќе извадите вечер?
Добар коефициент има за 1
Тер Штеген
Кунде - Кубарси - Ињиго - Кансело
Гундо - Кристенсен - Фермин
Рафиња - Лева - Феликс​

И за Т2 2+ има добар коефициент. :icon_lol:

Араухо суспендиран (5 жолти картони), а Кансело, Кристенсен, Левандовски и Ромеу имаат по 4 жолти. Ако некој од нив добие жолт, нема да игра против Атлетико наредно коло.
 
Тер Штеген
Кунде - Кубарси - Ињиго - Кансело
Гундо - Кристенсен - Фермин
Рафиња - Лева - Феликс​

И за Т2 2+ има добар коефициент. :icon_lol:

Араухо суспендиран (5 жолти картони), а Кансело, Кристенсен, Левандовски и Ромеу имаат по 4 жолти. Ако некој од нив добие жолт, нема да игра против Атлетико наредно коло.
Секако веќе немаме шанси за лигата, боље да одмара дел од играчите за со Наполи, пример Лева, Кунде и Гундоган. Секоја утакмица ја почнуваат.
Ја би идел со Роберо, Ромеу и Роке место нив.
И може Јамал место Рафиња ропакот.
 
одново крпен состав,доста повредени,повреден изгледа и роке премолчено земен играч за засилување повреден,медицинскиот и кондицискиот стручен кадар катастрофа,а се бараат резултати
 
И Рафиња се повреди. Против Наполи нека ја пуштат Барса Б.
 
Страшен е Јамал, мислам дека Чави со него ќе стартува против Наполи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom