Има некој искуство со екстра голем багаж?
Патуваме со две мали деца и досега одевме само со рачен багаж, евентуално една платнена чекирана торба од 20кг (не тврд куфер).
Планирам патување каде што би изнајмил кола на 2-3 недели, а дополнителната цена за детски седишта излегува поскапа дури и од тоа да купам нови седишта таму.
Ми треба едно големо седиште и едно мало (бустер).
Според информациите од сајтот на WizzAir, освен тежината, максимално дозволените димензии се огромни:
149 x 119 x 171cm (ова е 3000 литри
)
Па се мислев да земам чекиран багаж од 32кг (~30€ по правец) и да си ги земам моите седишта, плус нешто дополнително багаж.
Бустерот не е голем, но детското седиште е 48x66x42cm (133L)
Е сега немам толку голем куфер, па најверојатно би било картонска кутија или нешто слично, и се мислам како би било најдобро да се спакува.
Обично не гледам по други луѓе и нивниот багаж на аеродром, и немам забележано некој со поголем куфер или кутија.
P.S.
Пред една година
@Staufer праша за патување со детско седиште, и му
одговорив, но тоа беше само за детското седиште, без пакување во куфер.