Ова не е точно и никогаш го нема кажано Апасиев. Ако ДПНЕ се согласат на условите нормално дека Левица ќе направи влада со нив, нема никаков проблем. Истото важи и за секој друг. Проблемот е што сегашниве политички структури нема шанса да прифатат ниту еден услов а не па повеќе. Се научи таа лекција од локалните избори наваму, се проба во старт да се гради соработка и да се направи одреден широк фронт ( не коалиција туку дејствување за одредени заеднички цели ) против СДС и ДУИ и си се научи лекцијата.Нема.Левица категорично рече не , лично Димитар Апасиев.Планот им е да останат на подолг рок како опозициска партија која нема да коалицира со никој,туку да даваат само гласови од нивните пратеници кога имаат интерес на одредени теми , ќе целат кон стабилизација и зголемување на капацитетите на пратеници на нивната партија .
Како ќе работи овој систем да се во вечна опозиција и независни, не знам .
Со ДПНЕ се што можеш да се договориш е колку работни места ќе ти отстапат по државните институции, колку места ќе добиеш по управни одбори и колкав % од буџетот ти ќе добиеш за "работа". Се друго за нив е комплетно неприфатливо. Они порадо би ти дале 6 министерства али да се согласиш дека 4 години нема да правиш ништо освен да крадеш, одколку да ти дадат едно али да смееш да си ја работиш работата.
А вечна опозиција нема да бидеме, има два типа на власт во државата централна и локална. Па се гледаме за 2 години на локални избори со што и да остане од СДС и ДПНЕ.