Исчезнати лица

Член од
21 мај 2021
Мислења
795
Поени од реакции
1.669
избришани од живи, my ass. со сите услови се во затвор, со телефони, со ручеци, со телевизори.
Од кај знаеш дека се со сите услови во затвор и како им е? Којзнае низ каков пекол минат периодов знаејќи што ги чека до крајот на животот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.831
Поени од реакции
17.056
Нема шанси да го донесат Палчо баш сеа пред избори . И Власт и Опозиција се плашат да не прозбори нешто….
Ova go pisav pred 3 meseci... Samo da ne chekaat i izbori kaj Vujche preku barata...
A plashenjeto na opozicijata ne e od prozboruvanjeto na Palcho tuku od nadvoreshnite dirigenti...
Se potsetivme site neodamna za tvrdoto sltanje na kingerot
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Ova go pisav pred 3 meseci... Samo da ne chekaat i izbori kaj Vujche preku barata...
A plashenjeto na opozicijata ne e od prozboruvanjeto na Palcho tuku od nadvoreshnite dirigenti...
Se potsetivme site neodamna za tvrdoto sltanje na kingerot
Каде има повеќе шанса да прозбори, кај нас во затворите или во Турција?
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2023
Мислења
614
Поени од реакции
2.750
Од кај знаеш дека се со сите услови во затвор и како им е? Којзнае низ каков пекол минат периодов знаејќи што ги чека до крајот на животот.
Еве ќе почнеме да ги жалиме сега и да сочувствуваме со нив пошто низ пекол поминуваат. Заслужен пекол патем.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Се во ред ова , ама не негира дека е убиец .
Така го завршува текстот, читај до крај.

Не дека има нешто интересно за кажување освен веќе јасното сценарио за политички прогон и слично, има еден дел каде вели дека има сведоци и докази за 26ти и 27ми Декември и дека самиот барал брза и итна екстрадиција во Македонија чиј процес завршил на 17ти Јануари.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.993
Поени од реакции
23.991
Така го завршува текстот, читај до крај.

Не дека има нешто интересно за кажување освен веќе јасното сценарио за политички прогон и слично, има еден дел каде вели дека има сведоци и докази за 26ти и 27ми Декември и дека самиот барал брза и итна екстрадиција во Македонија чиј процес завршил на 17ти Јануари.
Сигурно затоа што знае дека во Македонија затворите се лабави и дека ќе ужива поголема слобода а веројатно и некое телефонче ќе му средат за да може со лажен профил и натаму да сере со неговите теории.
Точно се знае кој пукал, кој киднапирал. За тоа говори фактот што ги најдоа и двете тела. Да не ги најдеа телата на убиените ќе постоеше некоја можност за ова што го кажува ако се знае дека во Македонија нема да е прв пат некој некого да наместил.
А и зашто не го прати ова писмо кога беше во бегство ако знаел дека апсењето е извесно?

Имаше, баш тогаш кога беше најжустро, еден коментар тука на форумов дека никој нормален не би правел нешто вакво за да го намести Палевски и како Мијалков или му пратил некој да го тепа или му се заканувал јавно, не ми текнува, штом прозборел против него.
Јас за оваа ДЕСНА партијава не ни знаев дека воопшто постои се до дента кога излегоа информации за Палевски, а он претходно единствено ми беше познат од она видеоно каде со бои го полива Героски таму карши оној скејт шопон во Центар. Ништо повеќе не знаев за човеков со оглед дека кога он бил активен во политиката и имал функции јас сум бил ептен млад и не сум се занимавал со вести. Скратено, небитна фаца е Палчо за да се прават дупли киднапирања во сред Центар покрај стотици камери во сред бел ден со кола која припаѓа на некој кој е веќе убиен/исчезнат а е на големо поврзан со Палчо.
И да сакале да го наместат ете, доволно било само тој берберот од Велес и ќе го сределе. Во Македонија местеле по 10-15 години затвор и без убиства, нека не се губи Палчо. Ова со девојчево беше некст левел шит и затоа сега Палчо откако виде дека никој не го ебава два посто ќе праќа писма со пенкалце од две лири.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
можеби полесно за читање
Соопштение за јавност 25/02/2024


Денес е 80ти ден како сум во екстрадициски притвор, со посебен интерес, а тоа значи самица, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.

Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.

Некако успеав да обезбедам адвокат, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.

Адвокатот ми презентираше неколку отпечатени прес-конференции и интервјуа на министерот Спасовски и потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога.

Бев шокиран од купиштата на лаги и манипулации од страна на Спасовски кои лесно се докажуваат.

Атмосферата на јавен линч која ја произведе министерот Спасовски има неколкукратна политичка корист, токму за него како голем политички аутист од Куманово.

Но, пред да ги презентирам лагите на Спасовски сакам да изразам длабоко сочувство за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, кој во моментот кога го загуби детето, монструмите го осомничија дека тој бил во контакт со мене и давал информации.

Токму овој пример е одлична илустрација за умот на Спасовски и неговите истражители, но за тоа детално ќе објаснам подолу.

Прво и основно, Палчо не бегал од МК, туку регуларно патувал за Белград (четврток), а во петокот после 18 часот за Турција, со регуларна патна исправа, на регуларен начин, со патничко возило.

Информацијата, дека полицијата ме бара кај брат ми, а не во Центар, каде после два дена правеа претрес ја добив откако пристигнав во Турција.

Тоа значи дека лицето Димковски Стефан, не е шофер господине Спасовски, туку добар другар, партиски член и успешен бизнисмен со хемиски суплементи во земјоделието.

Бруталноста на Спасовски оди до таму што Стефан исто така е притворен неколку месеци, иако во моментот додека ме возеше кон Турција не постоеше потерница или пак контакт од органите на прогонот.

Дента, мислам дека е 3. или 4. Декември, се едно, по дознавањето дека се прави претрес кај мене дома и во партијата Десна, во истиот момент Стефан замина за МК за да не направи кривично дело, но за бадијала, бруталниов политички аутист Спасовски го држи во притвор не директно, нормално преку послушниот Гаврил Бубевски. Морам да објаснам бидејќи овие типови ја мешаа тривијалноста со генијалноста, така се програмирани.

Не сум уапсен на автопат, туку во ресторан, каде тој ден, 5. Декември по втор пат дојдов за да вечерам и да се појави полицијата за да ме уапси. Тоа беше мојот последен контакт со интернет каде видов една одвратна изјава на еден исто така политички аутист, Александар Николовски. Келнерката беше полицаец од одделот на Интерпол во Баликесир. Чудно беше што 7-8 полицајци се уредно снимаа со мобилни телефони.

Бев однесен да го земеме големиот куфер со опремата за подкасти каде исто така се организира фото сесија и уредно испратена на аутистов.

Фотографијата која ја покажува аутистов е сликана истото попладне во просториите на Интерпол во Баликесир, во ходникот од еден полицаец и истата веднаш преку WhatsApp беше препратена на Спасовски. Во пасошот постојат куп податоци, но ете Оливер да проверил да не е некој друг Палевски.

Понатака, аутистов продолжува, па во интервју објаснува дека јас сум симулирал бегство од Баликесир со такси што е брутална лага. такси користев од куќата каде што бев сместен до центарот каде пазарев.

Имав извадено автобуска карта за Истанбул која не ја искористив токму од причина на потерницата на Интерпол бидејќи апсењето е извесно и поубаво е да се малтретираш по пат од 200 км. Токму затоа и бев уапсен во Баликесир, а не на автопат.

Јавноста треба да знае дека во моментот кога дознав за претресите и потерницата, јас организирав враќање на Стефан Димковски, но и враќање на интернет картичка која беше потребна за планираниот КРШ 112 од Турција, но исто така, откако преспав во изнајмената куќа платена за еден месец однапред, го вратив клучот од куќата на посредникот за недвижности и раскин на договорот во кој се моите податоци од мојот пасош, што значи не сум се криел, туку сосема спротивно се организирано регуларно.

На сите турски телевизии беше објавена мојата слика со напомена дека сум двократен убиец. Во истиот момент, дури мислам аутистот беше побрз во турскиве телевизии и од самиот Интерпол.

Во сите случувања кои во ова писмо ги објаснувам се гледа ЈАСНО и гласно потписот на „калето“, преку политичкиве аутисти внимателно распоредени во „курто и мурто системов“.

Но, да бидам конкретен.

Аутистот не знае дека со мене се две CD-а од магнетна резонанца на мојата кичма од 2016 и второто од 2020 каде јасно се гледа сериозноста на оштетеното здравје, губење на контрола врз екстремитетите, народски кажано нозе.

Проф. Др. Лочанче сакаше да ме оперира во 2020, но ја одложив операцијата и сакав да слушнам второ стручно мислење пред да одлучам околу оперативниот зафат. Зошто токму сега, па затоа што после успешната прва година од делувањето на Десна, за која, регистрација и формирање изгубив цели 5 години, најдов време да одморам и си го средам здравјето. Да, остварени се и неколку политички средби во Белград без особено значење.

- Линч: Овој сериозен, можеби и најголем политички јавен Линч на една личност се нема случено во поновата историја, вклучувајќи ја и госпоѓана од „Тат“.

Кренар Лога глупакот дури бара смртна казна за Палчо монструмот, а воедно жали што законодавството не дозволува такво задоволство за аутистиве во тандем со Спасовски.

Истиот Спасовски не знае и не е способен да ги организира хрватските, српските и нормално сите турски медиуми во еден ист ден, како по ноти да истурат куп лаги и конструкции.

За домашниве медиумски шутраци немам ни време, ниту хартија. Ќе напишам со големи букви гниди!

Докази и сведоци за 26/11/2023 и 27 имам, но за тоа на суд, не во ОЈО на Гаврил Бубевски, не!

Се надевам дека читате дека не се мешам во истрагата затоа што тоа ЗАКОНОТ не го дозволува, но за постапката и начинот на кој аутистот Спасовски во иста реченица почнува со монструмот Палевски за глупакот да ја заврши истата реченица со констатација дека сум осомничен, (пресумпција на невиност?) треба да се објасни.

Во суштина ова е на СЈО, да, да СЈО, но овој пат организирано во ОЈО да наместат, конструираат случај против мене, за што поседувам и докази дека се служат со тортури и уцени на луѓе за да конструираат предмет.

Секако и ова на СУД, не во ОЈО на Бубевски, шанса нема, тие веќе ми пресудиле.

СЈО на Бејли и Рикер, составот на послушници денес владее со систем во МК.

Недостасува уште Фатиме или Ленче Ристовска да ми суди, Гаврил да ме брка, а Бејли и Рикер задоволно да се смешкаат на „калено“!

Сите спомнати северџани во писмово треба да знаат дека на 5. Декември кога бев уапсен и изнесен пред судот во Баликесир бев прашан за следново:

Господине Палевски дали сакате брза испорака со ваша волја, согласност или пак регуларна, во која имате право да го оспорувате барањето од „северниов монструм“ (ова последново е мој превод)?

Мојот одговор беше дека со моја слободна волја сакам, веднаш, итно да бидам испорачан, за да можам да се одбранам на суд.

На 23 декември на Вишиот суд во Баликесир исто така одговорив, со забелешка дека овој пат судијата ме праша дали постојат шанси да бидам мачен, убиен, јас го дадов следниот одговор:

Постојат шанси да бидам мачен и убиен, но јас веќе одлучив да се бранам на СУД и барам, кратка постапка (испорака).

Целата постапка заврши на 17. Јануари, предметот е на маса кај колегата на Кренар Лога во турската влада во Анкара. Јас се уште чекам во самица 100% бетон.

За жал на аутистов, се пишано погоре на коректен англиски, со потписи на судии со печат како сублимат ми е доставено во ќелијава, официјално како доказ дека Пачло не бегал.

Исто така носам и писмо од „мудурот“ на затворов во Баликесир, дека моето барање контакт со амбасадава на Северџанија во Анкара е одбиено со изговор: „не сакаме контакт со тој човек“!

Турци, затворени на 30 години заради учество во пучот од 2014 во Турција, полковници во турската армија, се ДРЖЕА за глава и се прашуваа дали ова е можно кога го преведуваа писмото од „мудурот“ и амбасадава Северџанска на англиски за да го разберам.

Драги мои македонци, не ништат и ќе продолжат да не ништат и тоа не можете да го избегнете, да го одложите, не се лажете себе си, не ви дошол редот. А ќе ви дојде.

Гледате дека со сино пенкало од 2 лири и еден тефтер од 6 лири во бетонска самица од цели 6 м. квадратни може да се покаже вистината и да се руши овој душмански систем на „Курто и Мурто“.

Престанете да ме советувате за азил, тоа е кукавичлук и признание на злостор кој НЕ сум го направил.

Цената е страшна, одвратна, но во исто време и слатка.

Аутистот Спасовски не разбира што е слобода, не разбира дека тоа не е материја, дека не е изјава. Глупакот Спасовски не разбира дека СЛОБОДАТА е нагон кој се сонува, за кој се бориш, слободата е причина за постоење, но за да ја сакаш слободата треба прво да се родиш како Македонец, па после се друго.

Нереализираниот поп Спасовски треба да знае и пренесе на неговата љубов, Љупче Путер, дека...

Атмосферата на јавен линч на една личност е голем ризик за организаторот на тој линч затоа што сепак на крајот мора да покаже докази на оваа бруталност.

Мојот ризик е фактот што не бегав, туку чекав да се појави Интерпол за да почне постапката за екстрадиција.

Мојот ризик е и фактор, написмено, на англиски што барав итна, КРАТКА постапка за екстрадиција, но за бадијала, се уште чекам во Турција, за аутистот ако може да исфабрикува уште некоја приказна.

Многу поддржувачи се загрижени за мојот живот спомнувајќи „кофа со вода во затвор“, позната реформа на правосудниот систем од минатото, па азилот го гледам како спас, а во суштина азилот е бегства од одговорноста, од вистината.

Судењата во Северџанија аудио се снимаат и на хартија се ставаат, така да што и да се случи во Северџанија, аудио запис ќе има, тврда копија ќе има од она што Палчо ќе покаже како доказ и од она што од сведоци ќе слушнат.

На аутистот му поставувам само едно прашање, јавно: „Дали притворените осомничени се тепани? “.

Во моментов аутистот Спасовски се труди, многу се труди да конструира мотив за овие убиства, зошто се убиени Панче и Вања.

Брутално импровизира и ќе повторам, затварање на таткото на Вања во моментот кога дознава дека неговата ќерка е убиена, е портретот на аутистот Спасовски, кој е емотивен инвалид, без елементарни човекови емоции.

За крај на ова мое обраќање со кое ја објаснив постапката за екстрадиција на мојата позиција, при тоа да не ја загрозам истрагата, јавно изразувам благодарност до членовите на Десна кои се загрижени за мојот живот и секојдневно помагаат, посебно на моето семејство.

Бидете сложни, солидарни и помагајте се меѓусебно, со ова што во моментов се случува околу вас и Десна ќе помине, дури некои монструми ќе заборават, но борбата на Македонецот да биде слободен, на сопствена територија на која е мнозинство, да поседува и сопствена Македонска држава мора организирано да започне!

Не губете време со политичките лампиони (украси) кои со деценија лијат крокодилски солзи над судбината на Македонецот, а при тоа не им фали влакно од главата од овој брутален атлантистички систем, спрегнат во каузата на ционистите, да владеат со сите нас.

Газа е загарантирана за нас Македонците, но борбата за слобода е единствениот пат за Македонецот. Не се плашете, борете се, за себе, за Македонците, за Македонија.

Додека ја чекам судската постапка, далеку од Македонија, ве поздравувам и ќе повторам, Палчо не киднапира, убива деца и старци, тоа треба аутистот да го запомни.

Турција 25/02/2024 Баликесир

Поздрав

Палчо с.р.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сигурно затоа што знае дека во Македонија затворите се лабави и дека ќе ужива поголема слобода а веројатно и некое телефонче ќе му средат за да може со лажен профил и натаму да сере со неговите теории.
Точно се знае кој пукал, кој киднапирал. За тоа говори фактот што ги најдоа и двете тела. Да не ги најдеа телата на убиените ќе постоеше некоја можност за ова што го кажува ако се знае дека во Македонија нема да е прв пат некој некого да наместил.
А и зашто не го прати ова писмо кога беше во бегство ако знаел дека апсењето е извесно?

Имаше, баш тогаш кога беше најжустро, еден коментар тука на форумов дека никој нормален не би правел нешто вакво за да го намести Палевски и како Мијалков или му пратил некој да го тепа или му се заканувал јавно, не ми текнува, штом прозборел против него.
Јас за оваа ДЕСНА партијава не ни знаев дека воопшто постои се до дента кога излегоа информации за Палевски, а он претходно единствено ми беше познат од она видеоно каде со бои го полива Героски таму карши оној скејт шопон во Центар. Ништо повеќе не знаев за човеков со оглед дека кога он бил активен во политиката и имал функции јас сум бил ептен млад и не сум се занимавал со вести. Скратено, небитна фаца е Палчо за да се прават дупли киднапирања во сред Центар покрај стотици камери во сред бел ден со кола која припаѓа на некој кој е веќе убиен/исчезнат а е на големо поврзан со Палчо.
И да сакале да го наместат ете, доволно било само тој берберот од Велес и ќе го сределе. Во Македонија местеле по 10-15 години затвор и без убиства, нека не се губи Палчо. Ова со девојчево беше некст левел шит и затоа сега Палчо откако виде дека никој не го ебава два посто ќе праќа писма со пенкалце од две лири.
Па и мене не ми е јасно тоа што се курчи дека има докази и албија кога голем дел од доказите укажуваат на спротивното. Плус ако добро памтам кога го пронајдоа телото на Вања, околу местото имало отпушоци од цигари и слично ѓубре што укажувало на активност тука во тој дел. Така да, сигурно МВР веќе ги има доказите само се чека на екстрадиција која веќе почнува да трае сомнително предолго.

Цел текст му се навреди и трескања глупости, ајде нека дојде па да го видиме и тој СУД што го збори.

А и малце му е безвезе алибиво за идење у Турција демек да се лечи, изнајмил куќа у Баликесир за цел месец а требало да иде на лекар у Истанбул а претходно до Београд на небитни состаноци.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.196
Поени од реакции
9.915
Бев шокиран од купиштата на лаги и манипулации од страна на Спасовски кои лесно се докажуваат.
Автоматски споено мислење:

Истиот Спасовски не знае и не е способен да ги организира хрватските, српските и нормално сите турски медиуми во еден ист ден, како по ноти да истурат куп лаги и конструкции.
Во моментов аутистот Спасовски се труди, многу се труди да конструира мотив за овие убиства, зошто се убиени Панче и Вања.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.378
Поени од реакции
5.527
Изгледа тргнал да лечи шизофренија иначе не гледам друга причина зошто би тргнал пешки по автопат за да се лечи во тоа Башакшекир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom