Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
А, интересна е и педерската игра на големите партии (ДПМНЕ и СДС) заедно со албанските што за жива глава не дозволуваат промена на изборниот модел од шест во една изборна единица.
Мислам дека веќе сите ги знаеме аргументите зошто моменталниот изборен модел со шест единици е неправеден, да не се повторувам.
Од време на време само ќе се спомне срамежливо (де од ДПМНЕ, де од СДС) дека треба да се промени моделот и после според народната "секое чудо за три дена", за кратко време мукла, ни збор.
За многу од малите партии ова е чист изговор зошто никогаш не направиле ништо. И да се промени во една изборна единица, ќе има праг од 3.5 - 5% тоа ти се пак некој 30-50 000 гласови кои ќе треба да ги освојат за да добијат пратеници, еве види ги резултатите и кој е воопшто блиску, единствена партија во историјата која имала таков резултат а останала без ништо мислам дека е ВМРО - Народна. Па после гарант ќе биде проблемот зошто има праг, ете освоивме 15 000 гласа немаме пратеник.

Сегашниот модел им е убедливо најлесен за да освојат пратеник на малите партии зошто им дозволува со регионална концентрација да отидат во парламент со само некој 8000-9000 гласа. Ако некој не може да собере 8000 гласа во Скопје / Прилеп-Струмица-Кавадарци / Велес-Штип-Кочани / Битола - Охрид - Струга - Кичево, итн ... . По мене нема никаква основа на која би требал да биде во парламент.

Тоа што навистина и е потребно на Македонија е да се префрлиме од Парламентарен во Претседателски систем, со тоа моќта на партиите далеку ќе се намали, како и политичките трговии.
 
Последно уредено:
Член од
30 декември 2021
Мислења
161
Поени од реакции
213
Znam ja zavrsi rabotata pred da pocne, generalen sekretar Mincev, a organizacionen Sasho petrusevski, sitni bagdadski lopovi koi sto sakaat da bidat kalifi namesto kalifot (parafraziram eden kumanovec koj navistina ja prati dolgi godini politickata scena)kakvo plukanje vo lice na site sto ratuvaa so oliver i bandata vo Kumanovo na lokalnite, ovoj sasho, poltron na site gradonacalnici od tace do Makso, neviden kiks na Makso, mozebi sega na krila na ovaa atmosfera protiv sds i ke napravi nesto, no na sledni izbori lokalni kompleten krah, kakov korpus na glasovi obezbedi so ova na Levica vo Kumanovo ne e svesen
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.844
Поени од реакции
5.828
Многу интересно е што очекуваат од нас Maкедонците кои не сакавме да гласаме Македонец оти е католик за претседател сега да гласаме Албанец муслиман, ама нека се надеваат.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.624
Поени од реакции
22.648
Многу интересно е што очекуваат од нас Maкедонците кои не сакавме да гласаме Македонец оти е католик за претседател сега да гласаме Албанец муслиман, ама нека се надеваат.
На кого мислиш?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.844
Поени од реакции
5.828
На кого мислиш?
На Борис Трајковски, не само што мнозинството Македонци не го гласаа, туку и црквата имаше соопштение дека католик неможе да биде претседател на Македонија.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.407
Поени од реакции
5.813
На Борис Трајковски, не само што мнозинството Македонци не го гласаа, туку и црквата имаше соопштение дека католик неможе да биде претседател на Македонија.
Методист беше, а не католик
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.861
Ќе бидат многу интересни изборите ако некој друг кандидат, а не Пендаровски влезе во втор круг со Давкова. Мислам дека е можно, по се што се случи во државава, малкумина останаа кои го поддржуваат Пендаровски, многу од нив мислам дека би можеле да го дадат својот глас за Ванковска или Димитриевски, на пример. Ќе биде интересно зашто вториот круг од претседателските ќе биде заедно со парламентарните, па симпатизерите и членовите на СДСМ ќе мораат да излезат да гласаат, а иако ДИК соопшти дека ќе имало некакво техничко решение за ако некој сака да не гласа на едните или на другите избори, да му се даде само 1 гласачко ливче, за изборите за кои сака да гласа, сепак мислам дека повеќето ќе бидат незапознаени со тоа, или дека комисиите нема да се замараат па по дифолт ќе даваат по 2 ливчиња - за кого тогаш ќе гласаат СДСМ-овците.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.624
Поени од реакции
22.648
На Борис Трајковски, не само што мнозинството Македонци не го гласаа, туку и црквата имаше соопштение дека католик неможе да биде претседател на Македонија.
Не беше католик, методист беше Трајковски.
Ќе бидат многу интересни изборите ако некој друг кандидат, а не Пендаровски влезе во втор круг со Давкова. Мислам дека е можно, по се што се случи во државава, малкумина останаа кои го поддржуваат Пендаровски, многу од нив мислам дека би можеле да го дадат својот глас за Ванковска или Димитриевски, на пример. Ќе биде интересно зашто вториот круг од претседателските ќе биде заедно со парламентарните, па симпатизерите и членовите на СДСМ ќе мораат да излезат да гласаат, а иако ДИК соопшти дека ќе имало некакво техничко решение за ако некој сака да не гласа на едните или на другите избори, да му се даде само 1 гласачко ливче, за изборите за кои сака да гласа, сепак мислам дека повеќето ќе бидат незапознаени со тоа, или дека комисиите нема да се замараат па по дифолт ќе даваат по 2 ливчиња - за кого тогаш ќе гласаат СДСМ-овците.
Реално, шансите за такво нешто се околу 1%.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.875
Поени од реакции
7.141

Да не се заборави Максо северџанот што направи. Агитираше за промена на името и откако го шутнаа од СДС почна да се удира по гради дека е патриот. Среќа Интернетот памти сè, a народов има меморија како на рипче.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.028
Поени од реакции
7.130
Анкетата не е валидна и не се признава, додека не се додаде најмакедонскиот кандидат од Аустрелија, кандидатот на суверенистите Горан Тасковски, затоа барам прегласување во анкетата !
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.844
Поени од реакции
5.828

Да не се заборави Максо северџанот што направи. Агитираше за промена на името и откако го шутнаа од СДС почна да се удира по гради дека е патриот. Среќа Интернетот памти сè, a народов има меморија како на рипче.
Дава пари Белград, служба е служба, дружба е дружба.
Автоматски споено мислење:

Анкетата не е валидна и не се признава, додека не се додаде најмакедонскиот кандидат од Аустрелија, кандидатот на суверенистите Горан Тасковски, затоа барам прегласување во анкетата !
Ми се допаѓа твојотот потпис, последниот цитат е од песната за Борис Сарафов една многу добра песна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom