Поентата ми е следната....русите можат да произведат и Краснопол и стандардна артилериска граната, едната кошта 30000 евра а другата 100. Не е дека русите се технолошки инфериорни што у арсенал имаат 99,9% стандардни гранати туку цената е толку голема да може да има само тактичка предност у одредени ситуации. Додека одлучувачка ќе биде стандардната која у однос на цена е 300:1 така да боље е 300 стандардни од 1 Краснопол.
ОК, ти ја разбирам поентата. Но не треба да ги гледаш овие два типа на муниција како да се ексклудуваат меѓусебно. Да беше Краснопол замена за стандардно артилериско зрно, тогаш Краснопол ќе станеше стандардно артилериско зрно (без разлика на костот). Така да како што и сам кажа, Краснопол си има сопствена намена и спрема таа намена се базираат бројките на муниција што ја бара армијата. Не е дека се стрепат да го произведат Краснопол, туку доктрината не бара употреба на толкав број Краснопо зрна, колку што се бара стандардна муниција. На пример (лупам од памет) една батерија има потреба од 10000 стандардни зрна и 500 краснопол. На пример исто ти е и со зрната на пушката, постојат обележувачки зрна и стандардни зрна. Тоа што обележувачките зрна се поскапи за производство, не значи дека се супериорни или дека другите се користат за да заштедат... Едноставно си имаат тотално различни намени.
Втора работа е што муницијата има рок на траење и затоа важноста на резервата е колку да покрие додека капацитетите целосно не се активираат, значи најважно е колку имаш капацитет да произведеш, тоа што некои луѓе овде јепаат дека Русите користат воглавном муниција од Советски Сојуз е тешка глупост. Значи секое парче муниција има ограничен рок на траење и во специјални услови обично рокот им е 20 години. Муницијата генерално трае и повеќе, но за да се задржи квалитетот муницијата се рециклира после извесен период. Па така секоја армија си има планирано стратешки резерви на муниција, кои се менуваат(се користат во вежби и обука) во зависност од условите. Од прва светска војна па наваму, генерално повеќе фокус се удира на производствените капацитети одколку на самите резерви (не е дека не се важни), баш заради овие причини.
Трета работа, како што кажавме артилеријата има многу различни намени, највеќе зрна се користат на она што се нарекува индиректна(посредна) паљба или оган на македонски (ова уствари е најчесто улогата на артилеријата во модерна војна). Второ јепање е дека Русија ја користи индиректно артилеријата од очај, што е бурлески
Индиректно, артилеријата се користи во неколку ситуации (ќе дадам неколку примери ).
1. За да се оневозможи маневарска способност на некоја конкретна единица (дивизија), било поради напад било поради одбрана, а со тоа се оневозможат или се оддложат непријателските засилувања. Ова не е поврзано само со простор и бара корекции.
2. Како артилериска подготовка за претстоен напад. Ова е поврзано само со простор.
3. Запре или успори непријателско напредување (маневарски пробој) према некоја точка, ова исто не е врзано со простор и бара корекции.
4. Директна тактичка поддршка во напад или одбрана.
5. Се користи за исцрпување на непријателот.
...
Кога збориме за стандардно зрно, тогаш збориме за ваков вид на артилерија. Ваквиот начин е највеќе користен и за ова нема потреба од Краснопол зрна, бидејќи конкретна цел не е предодредена, туку се врзува оганот за одреден реон. Тука покрај стандардната артилерија спаѓаат оружја попут Град системите (зависно од муницијата и Смеч/Ураган) , Тос системите, малите минофрлачи, големите минофрлачи.
Понатаму постои директен или прецизен артилериски оган, а се користи кога треба да се уништи конкретно утврдување, она што се вика counter battery или слично, кога се користи прецизна муниција попут Краснопол и наведувачка ракетна артилерија (незнам дали има наведувачки град ракети, ама дефинитивно имаат Смреч,Ураган и Торнадо). Ваква муниција се користи многу поретко од стандардна, незнам точно колку но ако кажам 1:1000, пак е малце. Дури сега користењето е уште повеќе редуцирано со користење на дроновиве, кои се бајаги евтини и ефикасни за одредени намери, но сепак не можат да ја заменат целосно улогата на прецизната артилерија.
Понатаму пости анти-тенковска артилерија, против-авионска артилерија, и овие нели си имаат некаква конретна непосредна намена во војната.
Така да во глобала си во право, но сакав само да образложам дека овие два типа на муниција не се ексклудуваат, туку се комплементираат со сосема различна намена.
-------------------------------------------------------
Но кога збориме квалитет/квантитет, модерна Русија го следи (така да кажам) начинот на размислување или мајндсетот на модуларност што го има превземено од Советската воена индустрија. На пример тие прават основа (на пример Т72, Т90, А14) кои одат на масовно производство, и на таа основа која е воглавном проверена, само додаваат модули па така добиваме многу лесно масовно производство на тенкови, помошни и тарнспортни возила, самоходна артилерија, противавионска артилерија и така натаму. А згора на све, мислам дека сите основи се компатибилни па така може модули од Т-90 да пасуваат на Т-72 и обратно. Ова треба да се провери, не сум сигурен за ова.
На пример, не се знае какви возила ќе има загуба Русија во една војна, но базите може да ги произведува и без да има проекција за загубите. Исто така модернизирањето на оружјето е многу лесно, практична конверзија од еден на друг тип на оружје (додека се модернизира главата, основата се користи со некој друг модул) и така натаму. На ваков начин не се губи многу од квалитетот кога се додава на масовност. Па ми е муабетот дека не секогаш масовноста значи неквалитетно оружје, како што западот сака да прикаже. Пример на западот за таква масивност е мултифункционалната шасија на Хамвито, што според мене е исто така одличен пример на масовност и квалитет.